fbpx

Хијатална хернија – што е?

tonus

Како што старееме, така нѝ се зголемуваат ризиците од повеќето заболувања, особено ако имаме повишена телесна тежина. Едно таков проблем, чијашто застапеност почна рапидно да расте со светската пандемија на гојазност е хиjaталната хернија. Статистиките велат дека речиси половина од популацијата над 60 години го имаат овој тип на хернија.

За среќа, усвојувањето на основните правила за здраво живеење може значително да ги намали непријатните симптоми на хијаталната хернија.

Што е и како се развива хијаталната хернија?

Хернијата (попозната кај луѓето како ,,кила”) се јавува како резултат на комбинацијата од зголемен притисок во стомакот и отвор/слабост на мускулатурата.

"“Online”/

Зголемениот притисок ги турка органите и ткивата низ отворот или низ слабата точка на ,,ѕидот”. Oттука произлегува дека секоја состојба што го зголемува интраабдоминалниот или стомачниот притисок, може да води кон хернии – подигање тешки предмети, дијареа, запек, долготрајно кивање и кашлање, тумори, срцева слабост итн.

Од друга страна, мускулната слабост – другиот фактор за појава на хернии – е доста честа појава, особено кај лицата со прекумерна телесна тежина.

Кога станува збор за хијаталната хернија, позната и како ,,желудочна кила”, таа се јавува кога дел од горниот дел на желудникот се пробива кон градната празнина преку отвор на дијафрагмата (мускул кој ја одвојува стомачната од градната празнина). Постојат два типа хијатална хернија:

• лизгачка (кај 95% од случаите)
• параезофагеална

Овој тип на хернија почесто се јавува кај жените, особено кај оние со повишена телесна тежина. Иако не се знае што точно ја предизвикува хијаталната хернија, односно слабоста на дијафрагмата, како клучни ризик-фактори се јавуваат возраста и прекумерната телесна тежина. Други фактори кои исто така можат да водат до хијатална хернија се и: продолжените периоди на кашлање и кивање, бременост, подигнување на тешки предмети и сите останати состојби кои создаваат некаков вид на притисок во стомачната празнина.

Кои се можните симптоми?

Помалите типови хијатална хернија најчесто не пројават никакви симптоми. Според искуствата поголемиот број на случаите со желудочна кила се откриваат инцидентно, во текот на дијагностичките тестирања за некакви други состојби.

Од друга страна, пообемните случаи на хернија имаат многу голема веројатност да предизвикаат непријатна болка во пределот на стомакот, а како најчест симптом се јавуваат и киселините – чувство на горење во градите предизвикано од ,,враќањето” на киселината низ хранопроводот.

[Поврзано: ,,Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?]

Дел од киселината на желудникот може да се насобере во делот од желудникот кој е над дијафрагмата и на тој начин значително да ја влоши состојбата со хроничната жиговина, односно да го олесни враќањето на киселината ,,нагоре”.

Пообените облици на хијатална хернија може да покажат и други симптоми, како:

◦ болки во градите
◦ тешкотии при голтањето
повраќање и мачнина
◦ недостаток од здив
чувство на киселина во устата
◦ враќање на храната во хранопроводот

Дијагностицирањето на овој тип хернија оди со детални прегледни, гастроскопија и рендген со контрастно средство.

Третман за хијаталната хернија

Ако хернијата не покажува никакви симптоми, тогаш не е потребен некаков посебен третман, но доколку имате симптоми, приоритет треба да биде менување на лошите животни навики, а доколку вашиот лекар даде соодветна проценка, можна е и медикаментозна терапија.

Лековите за оваа хернија подразбираат терапија за киселините, антиинфламаторни лекови итн. Ако е неопходно, во одредени случаи се препорачува и хируршка интервенција со која би се решила желудочната хернија, односно желудникот би се вратил под дијафрагмата. Благодарение на напредната медицина и хернијата може да се реши со минимално инвазивната хирургија, со што заздравувањето оди многу брзо.

Промените во животни стил, односно пред сè усвојвувањето на добри навики за исхрана, можат значително да ја подобрат состојбата при ова нарушување. Па, кои се најкорисните лајфстајл совети за лицата со хијатална хернија (желудочна кила):

намалување на телесна тежина (доколку е зголемена, што најчесто е случај) – слабеење со применување на принципите за здраво слабеење.

јадење (почесто) на помали порции – за да се избегнат непријатните ,,киселини”:

избегнување на лута и многу масна храна

избегнување на алкохол и кофеински пијалаци

избегнување на лежечка позиција веднаш по јадењето

непушење

спиење на благо подигната перница

Повеќе совети околу справувањето со непријатните киселините, најчестиот симптом на хијаталната хернија, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор