fbpx

ХОЛЕСТЕРОЛ во оксидирана форма – што претставува и зошто е ШТЕТЕН?

tonus

Кардиоваскуларните заболувања се меѓу првите во бројот на смртни случаи секоја година. Тие се особено опасни, бидејќи состојбите како хипертензија или покачен холестерол се прилично чести, а истите не покажуваат значајни симптоми. Особено холестеролот е опасен во тој поглед, а трендот на покачен холестерол е се позастапен. Затоа, денес ќе зборуваме за еден особено опасен и штетен аспект на холестеролот, а тоа е оксидираната форма на LDL – „лошиот“ холестерол.

 

Што претставува холестеролот?

Холестеролот претставува восочна супстанца, која припаѓа на групата на липиди. Тој природно е присутен во крвта и има незаменлива улога во градењето на здравите клетки, нивните мембрани и сл. Постојат два вида на холестерол:

–       LDL – или често наречен и „лош“ холестерол, претставува липопротеин со помала густина кој е заслужен за транспортирање на холестеролот низ телото и крвотокот. Овој тип на холестерол се таложи во внатрешноста на крвните садови и доведува до нивно стеснување. Можно е негово оксидирање, а со тоа и промена во структурата и својствата, за што ќе стане збор малку подолу.

"“Online”/

–       HDL – или т.н „добар“ холестерол, го собира вишокот холестерол и го транспортира до црниот дроб.

Покаченото ниво на холестерол во крвта може да биде проблематично за здравјето, особено за кардиоваскуларното. Покачениот холестерол може да доведе до таложење на еден вид масни наслаги или депозити во внатрешноста на крвните садови. Ваквото таложење со текот на времето може да стане значително и со тоа да го отежни протокот на крвта низ крвните садови. Ова секако значи дека со текот на времето овие наслаги може целосно да го попречат дотокот на крв, а тоа може да има сериозни последици по здравјето, а во некои случаи да предизвика и смрт.

Покрај наталожувањето, овие наслаги може неочекувано да се одвојат и да формираат еден вид на тромб која ќе запуши потесен дел од крвниот сад.

 

Што претставува оксидираниот LDL холестерол и како настанува?

Оксидираната форма на LDL холестеролот се создава кога нормалната форма на овој тип холестерол има интеракција, односно реагира со слободните радикали. Ваквиот тип на оксидирана молекула на LDL холестерол е пореактивна со ткивата во организмот. Заедно со инфламаторните соединенија, овој тип на холестерол може да допринесе кон стеснување на крвните садови (артериосклероза). Ова доведува до намален крвоток и зголем ризик за појава на срцев или мозочен удар. Зголемените нивоа на оксидиран LDL холестерол се формираат кога во телото има прекумерно количество и создавање на слободни радикали, но и кога едноставно имаме покачено ниво на LDL холестерол.

Оваа форма на оксидиран холестерол се смета за особено штетна и истата најчесто се таложи на внатрешните ѕидови од крвните садови. Инаку, важно е да напоменеме дека оксидацијата не може целосно да се спречи и таа е нормален процес во телото, бидејќи присуството на слободни радикали во телото не може да се елиминира. Но, прекумерното создавање на оксидиран холестерол од овој тип може да биде штетно и опасно. Ваквиот тип на холестерол исто така се поврзува и со зголемен степен на инфламација.

Оксидираниот ЛДЛ холестерол кога ќе се најде близу внатрешната обвивка на крвните садови доведува до акумулација на бели крвни зрнца, други клетки од имуниот систем и инфламаторни клетки. Со текот на времето акумулацијата на повеќе типови клетки, холестерол и други липиди може да доведе до создавање на наслаги и стеснување на крвните садови.

 

Ризик фактори и превенција од појавата на оваа форма на холестерол

Како главни ризик фактори за појавата на овој тип на холестерол се сметаат:

  • Исхрана богата со транс масти
  • Консумирање на високо процесирана храна
  • Прекумерен внес на полинезаситени масти – често присутни во растителните масла
  • Пушењето
  • Лошо контролиран дијабет
  • Метаболичен синдром, кој е често прекурсор за дијабет
  • Изложеност и внес на токсини преку загаден воздух, храна и сл.
  • Стрес

 

Како најдобри начини за превенција од создавањето прекумерно количество оксидиран LDL холестерол во организмот се сметаат:

  • Регулирање и намалување на првичните нивоа на LDL холестерол. Во одредени случаи, можна е употреба на лекарства за постигнување на оптимални нивоа. Исто така, терапија која ја намалува инфламацијата исто може да има позитивен ефект.
  • Откажување на цигарите. Цигарите се сметаат за значаен и сериозен извор на хемикалии кои делуваат, но и поттикнуваат создавање на слободни радикали. На овој начин се зголемува оксидативниот стрес во организмот.
  • Елиминирање на транс мастите од исхраната. Избегнување на намирници како лиснати теста, пржена храна во фритези, храна која е богата со масти кои се заситени или се резултат на термичка обработка и сл.
  • Внес на поголеми количества свежи, здрави намирници – особено зеленчук и овошје. Тие се извонреден извор на антиоксиданти – соединенија кои ги неутрализираат слободните радикали.
  • Контрола на нивото на шеќер во крвта, особено доколку е дијагностициран дијабет. Во тој поглед – намалување на телесната тежина, почеста физичка активност и промени во исхраната може да бидат особено корисни, како во поглед на дијабетот, така и во поглед на кардиоваскуларното здравје. Доколку промените во начинот на живеење не се доволни, употребата на лекарства за контрола на шеќерот во крвта не е исклучена.
  • Покачување на нивото на добриот – HDL холестерол. Ваквиот тип на холестерол се смета дека има антиоксидативен ефект бидејќи истиот има способност да ги неутрализира липидните пероксиди – соединенија кои имаат улога во оксидацијата на LDL холестеролот. Редовната физичка активност и внесот на здрави масти (присутни во риба и морските плодови, јатки, семиња и сл.) се заслужни за одржување на оптимални нивоа на добриот – HDL холестерол.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор