fbpx

Хрватски рецепт за АЈВАР – брз и здрав

tonus

Полека се наближува есента, а знаеме кое традиционално наше јадење е особено карактеристично за месецот септември – ајварот. Мирисот на ајварот буди во секој од нас чувства на носталгија за некои минати, убави времиња.

Денес, брзиот начин на живот, но и одредени законски регулативи, нè одвраќаат од приготвувањето на ајварот на оној стариот, традиционален начин. Едноставно, се променија времињата. За среќа, постојат и позитивни работи во оваа насока, работи на кои често можеби воопшто не сме им обрнуваме внимание. На пример:

 

  • За да уживаме во ајварот, не мора да купуваме огромни количества пиперки, односно може да го направиме и со помали количини.
  • Традиционалната подготовка на ајварот освен што трае предолго, подразбира и термички третман кој ја лишува храната од огромен број нејзини нутриенти, а поттикнува и формирање одредени штетни компоненти по здравјето. Затоа, постојат и други ,,алтернативни начини” според кои можеме да направиме вкусен ајвар.

 

[Поврзано: Секој од нас добро знае дека ПРЖЕНАТА храна е многу штетна. Но, зошто поконкретно?]

"“Online”/

 

Низ нашите маркети постојат продукти на бројни производители на ајвар, чиј вкус е близок до оној на ,,домашниот”. Не е лошо понекогаш да јадеме домашен или купечки ајвар, но претерувањето со него или зачестеното јадење, не може да се каже дека совршено се вклопува во она што се подразбира под здрав начин на исхрана.

 

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи? А кој не?]

 

Како што веќе рековме, постојат и поинакви начини за да направиме ајвар што ќе биде многу поздрав (понутритивен, види ја табелата најдолу) и подеднакво вкусен, а ќе можеме да го консумираме без грижа на совест и во поголеми количества.

 

Денес ќе ви го презентираме Медитеранскиот рецепт, поточно оној од хрватското приморје.

 

За овој ајвар, потребни ќе ви бидат:

 

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Зеленчуците поставете ги на печење пресечени на половина, со извадено семе. Тавата за готвење обложете ја со соодветна фолија за готвење. Модрите патлиџани намачкајте ги со дел од маслиновото масло и малку посолете. Печете додека соодветно не поцрнат и добијат на сјај. Патлиџанот ќе знаете со сигурност дека е готов кога ќе омекне. Отприлика печењето би требало да трае околу половина час, на температура од 230-250 степени.
  2. Соодветно излупете ги пиперките и модрите патлиџани. Лупењето треба да биде темелно. Претходно, зеленчуците треба соодветно да се оладат од печењето.
  3. Ставете го патлиџанот во блендер, заедно со една лажичка ладно цедено маслиново масло и со половина од лукот. Блендирајте со пулсирања додека не добиете убава, полукремаста смеса.
  4. Кога излупените пиперки доволно ќе се оладат, додајте ги во блендер, заедно со 2-3 лажици од водата која ја пуштиле. Додајте го вториот дел од лукот (кога има се додава и млад лук) и блендирајте со пулсирање, од 5 до 8 пати, пред да ги додадете и сокот од лимон, оцетот, заедно со црвениот пипер и шеќерот. Блендирајте, но исто така со пулсирање, за да не се добие целосно кремаста смеса.

 

  1. Темелно измешајте ја содржината со модриот патлиџан и пробајте дали треба да се додаде уште сол, шеќер или свежо мелен бибер. Можете да додате и зелени билки како зачин, на пример свеж магоднос.

 

  • Во однос на служењето на медитеранскиот ајвар, не постојат ,,правила”. Генерално се користи како намаз и сос за различни јадења, како на пример риба, што е нетипично за нашата кујна на пример..

 

  • Најчесто се комбинира со интегрално лепче и нискомаслено фета сирење.

 

Нутритивна вредност:
(на една порција, односно три кришки леб и малку фета сирење)

Калории: 450 Јаглехидрати: 63g од кои растителни влакна: 11g и шеќери: 21g;  Протеини: 17g; Масти: 16,6g од кои заситени масти: 5,6g и омега-3: 0,3g; Витамин Б1: 0,6; Витамин Б2: 0,6mg; Витамин Б3: 7mg; Витамин Б5: 1,7 mg; Витамин Б6: 1,2mg; Витамин Б9: 180µg; Витамин Ц: 400mg; Витамин А: 7500IU; Витамин Е: 7,6mg; Селен: 25µg; Железо: 3,6mg; Магнезиум: 100mg; Манган: 2mg; Цинк: 2,7mg; Калиум: 800mg; Калциум: 300mg; Бакар: 0,4mg

 

Во една од нашите претходни статии, објавивме и повеќе други намази на база или со црвени пиперки. Многу повеќе за нив, прочитајте на следниот линк: Од црвени пиперки се прават и други намази, не само ајвар!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор