fbpx

Без ЦИНК нема добар ИМУНИТЕТ! Kaко да го внесеме доволно со исхраната?

tonus

Цинкот е вториот најзастапен ,,минерал во трагови” во човековиот оранизам, веднаш по железото.

Негово присуство е утврдено во над 100 различни ензими во телото.

Тој е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните итн.

"“Online”/

Но, сепак, можеби најпознатото позитивно влијание на цинкот во организмот е негото моќно дејство во сузбивањето на настинките и другите инфекции кои се развиваат, типично, во студените месеци од годината. Цинкот се ,,бори” со штетните соединенија кои постојано се формираат во организмот како резлутат на различни реакции – слободните радикали.

Ваквото антиоксидативно дејство на цинкот има позитивно влијание за целокупното здравје на човекот, па така и за имунитетот. Нешто што е дополнително позитивно. Цинкот многу често се наоѓа во растителната храна. Имајќи го тоа во предвид, јасно е дека најчесто при консумирањето на храна богата со цинк, консумираме и низа од повеќе антиоксидативни и други корисни компоненти, природно присутни во овошките, зеленчукот и житарките.

1) Цинкот и имунитетот

Имуниот систем, како главен одбранбен механизам на организмот од најразличните инфекции и други закани е од огромна важност за целокупното здравје. Недостатокот на цинк во организмот, може да доведе до супресирана функција на имуниот одговор. Дури и малиот недостаток, може да има влијание на макрофагите и неутрофилите, природните имуни клетки-убијци. Исто така, на организмот му е потребен цинкот за да создаде Т-лимфоцити. Така, некои студии правени во земјите во развој, укажуваат дека некои тешки пневомии и други инфекции кај пациентите се предизвикани токму од супресираниот имунитет како резултат на дефицитот од цинк.

2) Функција во заздравување на раните

Цинкот помага во одржувањето на еластичноста на кожата и мукозната мембрана, што е особено важно при повреди. Тој исто така помага во продукцијата на здрава коса, нокти и здрави кожни клетки.

3) Дијареа

Акутната дијареа е помеѓу болестите со најголема смртност кај децата во земјите во развој. Недостатокот од цинк во исхраната може да е помеѓу главните причини за појавата на оваа болест. Цинкот игра значајна улога во имуниот одовор кој е намален кај овие деца, па тие се попдложни на инфекции како онаа која е предизвикувач на дијареата.

4) Болести на очите

Истражувачите даваат податоци дека цинкот во комбинација со некои антиоксиданти може да ја намали прогресијата во губењето на видот кај старите лица. Ова дејство се одвива преку превенирањето од оштетувањето на клетките на ретината во окото.

5) Грип и различни типови на настинки

Секако, имајќи го во предвид дејството на цинкот на правилното функционирање на имуниот систем и неговиот капацитетот во целина, тој индиректно ќе влијае и на веројатноста од развојот и компликациите од грипот и различните настинки.
Така, нормалните нивоа на цинк во организмот се многу значајни. Имено, една стдија утврдува значително, директно влијание на цинкот во намалување на ризикот од компликации или целосно спречување на инфекциите предизвикани од вируси со различен степен на опасност.

Истражувачите утврдиле дека цинкот може да ја намали опасноста од тешки последици од инфекциите и да го намали траењето на самите симпотми. Механизмот на ова дејство е сè уште на ниво на хипотеза. Хипотезата е дека ваквото позитивно дејство на цинкот се должи на неговото директно дејство на инхибирање или спречување на риновирустот да се врзе и реплицира во носното ткиво.

Постојат повеќе студии кои го утврдуваат позитивниот ефект на цинкот при грип и настинки

– Правено е истражување на 50 испитаници со симптоми на грип. На секои 5 часа, половината од нив земале таблета цинк ацетат, додека другите плацебо таблета. Оние кои земале цинк ацетатни таблети имале значително намален период на симптоми (кашлица, главоболка, течење на носот и болки во телото и мускулите).

– Друга пак, клиничка студија, за испитаници имала 273 доброволци кои биле заразени со грип. На ист начин, половината примале терапија во вид на цинк глуконат, а другата половина плацебо таблета. Резултатот бил ист: намален период на симптоми.

Но и кај двете студии тежината на симптомите останала иста во периодот додека тие траеле.

– Постојат и повеќе други истражувања кои имаат слични резултатати, но и онакви кои не покажуваат позитивен ефект. Затоа се потребни и понатамошни истражувања, со цел да се утврди точниот механизам според кој делува цинкот на вирусните клетки и нивниот пат во организмот.

Но, треба да се внимава, односно да се има во предвид дека и суфицитот, односно преголемите количества на цинк (најчесто постигнати со суплементирање) во организмот можат да направат штета.

Дневно препорачан внес и храна богата со цинк

Дневно препорачаниот внес на цинк за возрасни мажи е 11mg, а за жени и деца е 8mg (за бремени жени 12mg).

Здрава храна богата со цинк:

– мешункасти плодови
– јатки
– полнозрнаста храна
– житарки

Фитатите кои се често присутни во полнозрнатастата храна го попречуваат апсорбирањето на цинкот на начин што се врзуваат со него.

Но, потопувањето на ваквата храна во вода, неколку часа пред подготовката, овозможува достапност на цинкот по подготовката.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор