fbpx

ЧИА пудинг – совршен доручек, но и ужина или десерт!

tonus

Чиа пудингот е перфектен здрав доручек, но погоден е и за било кој дел од денот, како ужина или десерт.

Чиа пудингот има уникатна конзистенција, односно специфична кремаста структура, а е богат извор и на протеини, растителни влакна и омега 3 масни киселини. Нема некој специфичен вкус, но затоа е погоден за збогатување со други здрави намирници по ваш вкус. Ако сакате пудингот да има сладок вкус, додадете слатки зачини како цимет, кардамом, ванила екстракт или некои здрав засладувач по вкус (мед, стевиа, јаворов сируп итн).

Засладувачите можете да ги додадете како прелив, но како предлив можете да користите и различни семиња и јаткасти плодови, како цели или мелени, но и разни овошки, топено темно чоколадо итн.

"“Online”/

Ако сакате промени во конзистенцијата, односно многу погуст пудинг, додадете некакво погусто растително млеко. Ако пак сакате поретка содржина, можете да го изблендирате пудингот – добар избор при чоколадниот и чиа пудингот со семки од тиква.


Супер-храна


Чиа семето се смета за супер-храна чиј состав освен што нуди низа на здравствени бенефити, погоден е и за слабеење, пред сé, поради високиот процент на растителни влакна и протеини. Чиата е исто така одличен избор за оние кои избегнуваат животински производи, бидејќи содржи високи проценти од различни есенцијални аминокиселини. Повеќе за чиа семето можете да прочитате тука.

Како да направите чиа пудинг во 3 чекори:

1. Процесот на правење чиа пудинг е едноставен. Најпрво треба да ги измешате чиа семето и растителното млеко во еден сад или најубаво подлабока чаша.

3 големи лажици чиа семе на 1 чаша течност, но ако сакате погуст чиа пудинг подобро е 4 кафени лажички.

2. Кога ќе ја подготвите ваквата смеса, оставете ја 5-10минути и потоа повторно убаво и темелно промешајте, за да се избегнат било какви згрутчувања и таложење на семето. Овој чекор е клучен и задолжителен. Потоа, покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер 1-2 часа или преку ноќта.

3. Чиа пудингот треба да има солидна густина, па ако по вадењето од фрижидер ја нема оваа посакувана густина, можете да му додадете уште малку од семето, да промешате и да го оставите уште 30тина минути во фрижидер.

Растителното млеко може да биде од соја, бадем, индиски ореви итн. Ако млекото е веќе засладено, немојте дополнително да додавате засладувачи(чоколадно или ванила соја млеко, на пример).

Подготвениот пудинг може да стои во фрижидер од 5 до 7 дена. Така, можете првиот деч  веднаш да го јадете, а другиот да го оставите за наредните денови и да го користите како основа за различни други брзи рецепти, односно ужини.

За они на кои им се брза – чиа барови

Ако сте нестрпливи и не можете да чекате 2 часа, тогаш можете по 10тина минути да ја искористите смесата од растително млеко и чиа во комбинација со путер од кикирики, кокосови трошки, суво овошје, парченца темна чоколада и одреден вид мусли(слични комбинации можете да правите и по ваш вкус). Во поголем сад ја правите смесата, потоа ги обликувате баровите по ваша желба и ги оставате во фрижидер околу 15тина минути.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор