fbpx

Што се тоа АНТИ-НУТРИЕНТИ?

tonus

За пошироката јавност добро е познат поимот нутриенти или по ,,нашки” хранливи материи. Но, дали сте зnаеле дека постојат и соединенија кои се т.н. антинутриенти? Логично, за разлика од нутриентите, антинутриентите имаат негативни импликации во дигестијата. Сепак, приказната за антинутриентите е малку покомплексна од овој заклучок.

Антинутриентите можат да бидат со природно или синтетско потекло, а нивната главна одлика е попречувањето на апсорпцијата на потребните хранливи материи (најчесто минералите, со кои антинутриентите стапуваат во реакција), но и инхибиторно дејство во однос на дигетивните ензими (ја попречуваат нивната ензимска функција), кои се клучни за соодветното разградување на системот храна, што подоцна овозможува оптимално апсорбирање на храната..

Антинутриентите најчесто се наоѓаат во здравата храна и пијалаци, односно во различните лиснати зеленчуци, во некои овошки, мешунки, коренасти плодови,чаеви, кафе итн.

"“Online”/

Кои се добрите вести?

Важно е да се каже дека во помали количества тие не само што не се штетни, туку можат да имаат и корисен ефект (освен кај лица со висока сензитивност). Дополнително, постојат соодветни начини според кои можеме значително да ја намалиме концентрацијата на антинутриентите во храната. Повеќе за овие достапни начини и најпознатите и најчести антинутриенти, прочитајте во продолжение.

  • Фитична киселина

Можеби најдобро познатиот антинутриент, кој во најголеми количини е застапен во житарките и мешунките. Оваа киселина, врзувајќи различни значајни минерали, ја оневозможува нивната правилна апсорпција во дигестивниот тракт.

Фитичната киселина може да ,,зароби” огромен процент од минералната содржина на храната: калциум, магнезиум, железо, цинк, па и фосфор. Дополнително таа ја инхибира работата на некои од есенцијалните дигестивни ензими, како: трипсин, амилаза и пепсин. Амилазата е потребна за разградување на храната од јаглехидратно потекло, додека трипсинот и пепсинот се неопходни за протеинската дигестија.

Одредени истражувања покажуваат дека дури до 80% од фосфорот и цинкот на храната богата со нив, остануваат недостапни за апсорпција во дигестијата во присуство на споменатата киселина. Истото може да се каже и за 40% од магнезиумот на храната богата со овој минерал.

Се работи за храна како: семки од тиква и сончоглед, индиски ореви, наут итн.

Во исто време, фитичната киселина делува и на попречување на апсорпцијата на калциумот и железото, со што се зголемува ризикот од развивање на анемии и загуба на коскено ткиво.

Од друга страна, внесувањето на храна богата со витаминот Ц, како на пример цитрусни или бобести овошки, може да го намали ваквото дејство на фитичната киселина, односно да ја подобри апсорпцијата на споменатите важни минерали. Дополнително, истото дејство може да го има и храната богата со витаминот А (сладок компир, моркови итн.).

[Поврзано: Што треба да знаете за анемиите и железото во исхраната?]

  • Танински материи

Танините се тип на ензимски инхибитори кои ја попречуваат дигестијата на протеините, што може во крајна линија да води кон протеински дефицит и гастроинтестинални проблеми. Преголемите количества од овие материи можат да создадат и симптоми, како гадење, повраќање, дијареа, запек и други дигестивни проблеми.

Таниниските материи се најзастапени во виното, зелениот и црн чај, потоа во пиво, какао, различни семиња, јаткасти плодови итн.

  • Оксалати

Слично како и танините, оксалатите во поголеми количества можат да се најдат во сусамовото семе, мешунките и просото. Овие антинутриенти делуваат на намалената апсорпција на протеините од споменатата храна. Тие го врзуваат и калциумот, со што се намалува неговата апсорпција, а го зголемуваат и ризикот од развој на бубрежни камчиња.

  • Лектини

Во најголеми количества лектините се наоѓаат во мешунките, кикириките и пченицата. Прекумерниот внес на лектини, може да создаде симптоми, како повраќање, тежина во стомакот, гасови итн.

Најзначајното околу лектините е дека тие можат да навлезат во клетките на дигестивниот тракт и да ги оштетат нивните мембрани, што води не само кон нарушена апсорпција на нутриентите, туку и кон нарушување на корисната цревна микрофлора, како и поттикнување на автоимуни рекации.

  • Сапонини

На сличен начин како лектините, можат да навлезат и да создадат оштетувања на гастроинтестиналното внатрешно ткиво, предизвикувајќи непријатни симптоми. Тие можат дури да навлезат во крвотокот, што предизвикува имун одговор. Храна која е добар извор на сапонини: мешунки, спанаќ, одредени чаеви, кромид, овес итн.

  • Трипсин инхибитори

Трипсин и хемотрипсин инхибиторите се наоѓаат во добар дел од житарките, но и мешунките, како сојата. Како што им кажува самото име, тие ја оневозможуваат работата на трипсинот, важен ензим за разградување на протеинската храна.

  • Изофлавони

Полифенолни антинутриенти кој во најголема мера се најдени кај сојата. Можат да предизвикаат проблеми со дигестијата, но да делуваат во насока на хормонски промени.

  • Соланини и хаконини

Во поголеми концентрации може да се најдат во модриот патлиџан, доматите, пиперките итн. Најчесто се доста корисни, но доколку се внесуваат во многу големи концентрации, можат да предизвикаат симптоми, како стомачна болка, главоболка, дијареа, грчеви, сиптоми слични на киселини итн.

Што можеме самите да превземеме?

Избегнувањето на храната богата со споменатите антинутриенти не е решение.

Како што видовте погоре, се работи за прехранбени производи кои како по правило се особено здрава и нутритивна храна. Значи, покрај антинутриентите, тие изобилуваат и со низа на други екстремно значајни хранливи материи: квалитетни јаглехидрати, протеини, здрави масти, витамини, минерали и низа корисни фитохемикалии.

Дополнително, повеќето од споменатите материи имаат и низа бенефити за нашето здравје доколку се внесени во помали количества и доколку храната е соодветно подготвена. На пример, големиот дел од наведените материи претставуваат силни антиоксидативни компоненти, кои можат да не заштитат од хроничните воспалителни процеси – еден од главните ризик-фактори за повеќето хронични заболувања. За големиот дел од наведените материи, најдени се дури и антиканцерогени својства.

За среќа, постојат и постапки кои самите можеме да ги превземеме во целта да имаме здрава исхрана во која умерено ќе ја внесуваме од антинутриентите. Првото е избегнување на директно комбинирање на храна богата со антинутриенти и минерали.

Второ и можеби позначајно: постојат повеќе начини на подготовка на храната, кои ги намалуваат нејзините количества антинутриенти.

Главниот начин кој може да ги намали концентрациите на повеќето од наведените антинутриенти е термичкито третман, односно варењето или печењето. Дополнително, ваквите начини на подготовка ја прават храната и општо земено полесно дигестибилна.

Конкретни постапки кои можете да ги превземете за да се заштитите од преголемите концентрации на антинутриенти во здравата храна:

  1. Пред употреба, потопувајте ја храната во вода (можете и да ја мелете) – потопете ги во вода мешунките, житарките, па и јатките кои се богати со некои антинутриенти, во текот на ноќта. Истото можете да го направите и со семињата. За среќа големиот дел од рецептите за семињата се подготвуваат со потопување во вода – чиа, ленено семе итн. На овој начин, се овозможува и полесно искористување и на некои други компоненти, кои инаку слабо би биле искористени, како на пример омега 3 масните киселини од чиата и лененото семе.

 

  1. Оставете ги семињата, житарките и мешунките да изртат – на овој начин истo така можат да се деградираат голем дел од антинутриентите. Според некои истражувања, на овој начин се зголемува апсорпцијата на витаминот Б12, цинкот, железото, магнезиумот итн.
  2. Користете ја ферментацијата – органските киселини формирани при процесот на ферментација, поттикнуваат разградување на фитичната киселина и многу други антинутриенти. Дополнително, ваквиот процес ќе ја збогати храната со пробиотици. Млечната киселина од јогуртот исто така може да помогне.

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантно подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор