fbpx

Јадеме шеќери, а ги зголемуваме МАСНОТИИТЕ, можно ли е?

tonus

Кога ќе се спомене проблемот со покачениот холестерол и триглицеридите, првата асоцијација за причините ни е лошиот начин на исхрана, односно пред сè претераниот внес на различна масна храна. И тука сме сосема во право.

[Поврзано: Што се, зошто ни се важни и како да ги намалиме повишените триглицериди?]

Сепак, многу е важно да знаеме дека не е само масната храна причина за покачените маснотии во крвта. Во продолжение ќе го покажеме токму тоа, преку проследувањето на едно истражување од 2018-тата година.

"“Online”/

Празни калории – проблем на новото време!

Според статистиките од САД, Американците јадат вкупно околу 20 лажици шеќер во текот на само еден ден. Секако, кај нас можеби оваа бројка, овој просек е нешто понизок и консумирањето шеќер е индивидуално, но останува фактот дека модерниот начин на живот наметнува поголема употреба на рафинираните шеќери во исхраната. Ваквите празни калории можат да ни направат навистина сериозни здравствени проблеми.

[Поврзано: Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се опасни?]

Помеѓу останатите проблеми, можеби за некого изненадувачки, но шеќерите можат да влијаат негативно и на нашиот липиден профил, односно да делуваат на покачувањето на маснотиите и холестеролот.

[Поврзано: Липиден профил или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта]

Една студија го поврзува рафинираниот шеќер од исхраната со кардиоваскуларните заболувања

Често цитираното истражување ни открива дека шеќерот од исхраната нарушува повеќе важни маркери за кардиоваскуларното здравје.

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за да имате здраво СРЦЕ?]

Истражувачите утврдуваат дека луѓето што внесуваат повеќе додадени шеќери имаат пониски нивоа на ,,добар” холестерол или HDL. Всушност овој тип холестерол функционира како превземач на вишокот ,,лошиот” LDL холестерол и потоа пренесувач до црниот дроб. Затоа повисоките нивоа на HDL се нешто попосакувано.

[Поврзано: Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што да се направи?]

Другото што истражувачите го утврдуваат е следното: луѓето што имаат повисоки нивоа на триглицериди се оние што имаат исхрана побогата со додадени шеќери, односно повеќе празни калории.

И нискиот HDL холестерол и високите нивоа на триглицериди (маснотии) се значаен ризик фактор за нарушено кардиоваскуларно здравје.

Јадеме шеќер, а ги покачуваме маснотиите? Можно ли е?

Простите јаглехидрати, или шеќерите се соединенија чие ниво се зголемува непосредно после оброците. Нашето тело ги ,,складира” калориите што не се искористуваат за енергија во моментот. Складирањето се прави ,,во масти”.

[Поврзано: Што всушност се тоа калории и колку треба да внесуваме во текот на денот за да слабееме?]

Помеѓу оброците, кога имаме потреба од енергија, овие триглицериди се ослободуваат од масните клетки и циркулираат во крвотокот. Сосема е логично да се заклучи дека ќе имате високи маснотии ако јадете повеќе од што ,,согорувате” и ако јадете повеќе рафиниран шеќер (или храна богата со него), маснотии или пиете повеќе алкохол.

[Поврзано: Како алкохолот може да придонесе за зголемување на телесната тежина?]

Како и холестеролот, триглицеридите не се раствораат во крвотокот. Тие се движат низ васкуларниот систем, каде што можат да делуваат (кога се во вишок) на оштетување на артериските ѕидови, предизвикувајќи атеросклероза или стврднување на артериите. Ова е најглавниот ризик фактор за мозочен, срцев удар и многу други кардиваскуларни заболувања.

Високото ниво на триглицериди често е знак за други состојби како што се гојазност и метаболичен синдром. Ова се состојби кои вклучуваат преголемо количество на масни наслаги околу половината, повишен крвен притисок, високо ниво на глукоза во крвта и абнормални нивоа на холестерол во крвта.

Високото ниво на триглицериди во крвта може да биде и знак за состојби како:

дијабет тип 2,

– ниски нивоа на тироидни хормони,

– некои ретки генетски заболувања кои влијаат на конвертирањето на мастите во енергија

Вреди да се спомене дека високите нивоа на триглицериди во крвта можат да се резултат и на некои видови на терапии кои се примаат на долг или пократок рок (диуретици, хормонски терапии, ретиноиди, стероиди, хив терапија итн.), а можен е и неодреден генетски фактор.

Контролирање на внесот на шеќер во исхраната

Релевантни здравствени институции, како СЗО, препорачуваат внесот на рафинирани шеќер во текот на денот да не биде повеќе од 5-10% од вкупно внесените калории. Тука се сметаат сите шеќери во текот на денот и оние лажички шеќер што ги додавате во кафето, но и додадените шеќери во кечапот.

За жал, во просек населението внесува далеку повеќе од ова.

Токму заради тоа што постојат ,,скриени (додадени) шеќери” во голем дел од процесираната храна, многу е важно да научите соодветно да ги читате етикетите.

[Поврзано: Научете правилно да ја читате ЕТИКЕТАТА ЗА СОСТАВ на производите]

Храната која содржи скриени (или) додадени шеќери, во составот најчесто има наведено: сируп од пченка, мед, сируп, малтозен шеќер, меласа, засладувач или било кој збор што завршува на -оза (глукоза, малтоза, фруктоза итн.).

Покрај целосното избегнување на препроцесираните продукти, еден од најдобрите начини за избегнување на шеќерите е консумирањето супститути или засладувачи, како стевиа, агаве, мед (кој исто така содржи шеќери, но има понизок гликемиски индекс). Гликемиски индекс означува со која брзина глукозата од дигестијата преминува во крвотокот. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

[Поврзано: Стевиа – 300 пати послатка од шеќерот!]

Значи, нарушениот липиден профил е уште една причина зошто треба многу да внимаваме и да ги избегнуваме додадените шеќери во храната.

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА ПОКАЧЕНИ МАСНОТИИ

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор