fbpx

Дали јапонските ЈАБОЛКА се подобри од другите? Секако се извонредни!

tonus

Во доцниот период на есента ретко кои дрвја на себе имаат зрели овошки. Помеѓу ретки се од неодамна познатите сјајни, портокалови јапонски јаболка. Заедно со мушмулите кои исто така периодов можат да се најдат сосема свежи, овие јаболка можат да ни понудат свежина, но и карактеристичен вкус.

[Поврзано: Зошто треба максимално да го искористиме периодот на МУШМУЛИТЕ?]

Денес нешто повеќе околу јапонските јаболка, нивната историја, корисните ефекти од употребата, како и начинот на кој се јадат.

"“Online”/

Јапонските јаболка (познати и како ,,каки јаболка”) се цветни, дрвенести растенија, најчесто од видот Diospyros kaki, од семејството Ebenaceae. Како што кажува и самото име, потекнуваат од далечниот исток, а од не толку одамна се култивираат и на европскиот континенти. Кај нас во Македонија исто така се сè почесто застапени.

Нивниот специфичен вкус, како и меката структура им овозможува покрај како свежа овошка, да се употребуваат и во различни кондиторски производи (пити, торти, десерти итн.).

Но, покрај својот уникатен вкус, кој потсетува на мед (при потполна зрелост), јапонските јаболка претставуваат и нутритивно сконцентрирана храна, односно се богати со низа исклучително корисни хранливи материи. Помеѓу нив се вбројуваат и некои кои често пати недостастуваат во секојдневната исхрана. Во продолжение, кои се тие позитивни ефекти од уникатниот состав на овој тип јаболки?

Нутритивно сконцентрирана храна

Јапонските јаболки се нискокалорична храна, навистина богата со цела лепеза на различни извонредни хранливи материи.

Во една зрела јаболка со просечна големина, се содржат (приближно):

  • 120 калории
  • 31g јаглехидрати од кои 6g растиелни влакна и 20g шеќери
  • 1g протеини
  • Занемарливо количество масти
  • Речиси 100% од Дневните Потреби за витаминот А
  • 15% од ДП за витамин Ц
  • 12% од ДП за витамин Б6
  • 10% од ДП за витамин Б5
  • 8% од ДП за витаминот Е
  • 20% од ДП за бакар
  • 25% од ДП за манган
  • 7% од ДП за калиум
  • 3% од ДП за железо
  • 3% од ДП за магнезиум

Покрај ова, јапонските јаболки содржат и нешто помали количества од другите Б витамини, потоа од витаминот К, калциум, фосфор, селен, цинк итн.

1.Овошје за борба против хроничната инфламација – ИЗВОНРЕДЕН антиоксидативен извор!

Извонредната хранлива вредност на јапонските јаболки во голема мера се должи на нивниот богат антиоксидативен состав.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како ревматоиден артритис, канцер, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, кардиоваскуларни проблеми итн.

Една корејска студија од 2012 година, вели дека јапонските јаболки се особено богати со гална киселина и епикатехин галат, две компоненти со навистина извонредни антиоксидативни својства.

Дополнително, овие јаболки имаат сосема солидна концентрација и на други полифенолни антиоксиданти, како флавоноиди (посебно антоцијанинот кверцетин), потоа танински материи, катехини, каротеноиди (бета каротен или провитамин А, ликопен, криптоксантин, лутеин, зеаксантин итн.) и други антиоксидативни киселини (кафеична, ферулична, кумаринска, синапинска итн.).

Едно истражување вели дека екстрахираните антиоксиданти на јапонските јаболки, можат да послужат како најефективните природни антиоксиданти во прехранбената индустрија!

Дополнително, овие јаболки се извонреден извор и на моќни антиоксидативни витамини (иако 20-тина пати послаби од претходно наведенит танини), како витамин Е, споменатиот провитамин А, па и витамин Ц.

[Поврзано: Флавоноидите на чајот, јаболки и бобестите овошки во превенцијата од деменција!]

2. Одлична храна за срцето и крвните садови!

Имајќи ги предвид претходно наведените хранливи материи кои се содржат во јапонските јаболки, јасно можеме да заклучиме дека тие се извонредна храна за здраво срце! Содржат одлични количества на антиоксидативни компоненти, фибер, но и низа на минерали и фитохемикалии кои се многу важни за срцето.

[Поврзано: Не се доволни витамините и минералите, ни требаат и ФИТОХЕМИКАЛИИ!]

Антиоксидантите дејствуваат:

  • на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото (ризик фактор за многу заболувања, па и срцеви), потоа
  • на намалување на вкупниот холестерол, и на крајот
  • на намалување на високиот крвен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.

Калиумот делува на намалување на високиот крвен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта крвните садов и ја подобрува циркулацијата. Корисен ефект за здравјето и крвните садови имаат и магнезиумот, железото, бакарот и низата фитохемикалии со кои се исто така богати јапонските јаболки.

Постојат анимални студии кои директно ги поврзуваат јапонските јаболки со намалувањето на крвниот притисок. Се смета дека тоа се должи главно на танинските материи кои помагаат да се намали нивото на одредени ензими поврзани со контролирањето на притисокот. Високиот крвен притисок е еден од најсилните ризик-фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Растителните влакна со кои се богати овие овошки, можат да превенираат и да помогнат при гојазност и да го регулираат липидниот статус (триглицеридите и вкупниот холестерол), што е од особена важност за здраво срце.

3. Погодна храна за поуспешен процес на слабеење, подобрена дигестија и за лицата кои страдаат од дијабет!

Како нутритивно сконцентрирана храна, јапонските јаболки содржат висок процент растителни влакна (и до 20% од дневните потреби со само едно јаболко) и вода, но имаат и многу мала калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа вкусна храна особено погодна за слабеење. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и сите претходно наведени микронутриенти и потентни антиоксидативни компоненти кои поседуваат најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Тоа ги прави одличен извор за лицата со дијабет.

Фиберот е храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје – констипацијата или запекот, односно овозможуваат идеална цревна перистатика. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

4. Јапонски јаболки за подобар вид!

Компонентата со која се најбогати јапонските јаболки е витаминот А – еден од клучните нутриенти кога станува збор за здравјето на очите!

Имено, една поголема јаболка речиси и да ги задоволува вашите потреби од овој витамин во текот на еден ден. Витаминот А има мултифункционална улога за очите – претставува структурен елемент на родопсинот, протеин кој е неопходен за нормален вид, ги подржува рожницата и мембраната на окото и претставува антиоксидантивна компонента.

Каротеноидите зеаксантин и лутеин, се клучни во антиинфламаторните процеси на окото, кои нè заштитуваат од најчестите очни заболувања.

Навистина бројни научни истражувања укажуваат на фактот дека споменатите каротеноиди се клучни за превенцијата од очни болести, вкучително најчестата макуларна деградација, но и други чести и опасни очни заболувања поврзани со рожницата.

Една пообемна студија, со над 100 илјади испитаници, вели дека лицата кои консумирале највисоки концентрации од каротеноидите лутеин и зеаксантин, имале за дури 40% помал ризик од развој на макуларна деградација, од оние кои имале најмал внес од истите нутриенти.

[Поврзано: Што треба да внесуваме за здравјето на ОЧИТЕ?]

Дополнителни потенцијални корисни ефекти од честото јадење јапонски јаболки:

Како се јаде јапонската јаболка?

Како што веќе претходно споменавме, таа се јаде кога е речиси потполно зрела и омекната, бидејќи кога е недоволно зрела има доста непријатен и горчив вкус. Ваквите непријатни вкусови, пред сè доаѓаат заради навистина високата концентрација на танински материи кај незрелите плодови.

Можеме лесно да забележиме дали јаболкото е доволно зрело според тоа дали неговата дршка лесно се вади или не.

Се јаде целата овошка, слично како и обичната јаболка, секако претходно измиена. Може да се јаде и со лажичка кога е потполно омекната.

Јаболките природно созреваат и омекнуваат во период од околу недела до две, на собна температура и доста поспоро на надворешни пониски температури.

Освен како свежа, јапонската јаболка може да се јаде и во комбинација, како десерт, во смути (познат корејски пијалак – сок од каки јаболко и цимет), како додаток во пудинзи, разни десерти, пити, колачи, сладолед.

Пример за вкусен, едноставен и брз оброк кој вкучува јапонски јаболки: Испечете ги јаболките во рерна, додавајќи им мед.

Листовите од ова растение исто така можат да се искористат за подготвување на вкусен чај!

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор