fbpx

10 важни совети за кожа без акни

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Многумина имаат најразлични кожни проблеми, а тие особено ги измачуваат помладите генерации. На пример, тинејџерите многу често имаат проблеми со здодевните акни или различни типови на мозолчиња (состојби кои можат да бидат предизвикани од низа различни фактори).

Заради овие причини, секојдневно на различните медиумски простори (телевизија, социјални мрежи) сме бомбардирани со разни маркетиншки понуди за најразлични козметички препарати кои нѝ ветуваат неизбежен успех. Затоа, понекогаш е навистина тешко да се препознае што точно ѝ е потребно на кожата за да има оптимално здравје.

Што велат експертите за здравје на кожата, што навистина ѝ е потребно на вашата кожа? Кои работи се клучни во целта – здрава, чиста и сјајна кожа.

"“Online”/

Секако, не секоја кожа е иста и со исти ,,побарувања”, но во продолжение ќе наведеме 10 научно потврдени универзални совети, односно работи кои самите можете да ги направите во вашето секојдневни за да ѝ помогнете на својата кожа, без разлика за каков тип на кожа станува збор.

1) Мијте го лицето барем 2 пати дневно

Ако сте подложни на кожни инфекции или имате масна кожа, никако немојте да го избегнувате миењето на лицето, особено наутро и навечер.

Во една студија која се фокусирала поконкретно на миењето лице, се заклучува дека оние луѓе кои најмалку го мијат лицето, имаат и најголем ризик од појава на различни мозолчиња.

Fibro Gel

2) Употребувајте понежни ,,чистачи на лицето

На пазарот се присутни навистина многу типови на препарати за чистење на лицето. Пронаоѓањето на ,,вистинскиот” за вас е исклучително тешко, но треба да знаете дека најскапиот не мора да значи и најдобар.

Една сериозна мета-студија со податоци од 14 студии, заклучува дека во однос на инфекциите на кожата (акни..), типот на т.н. чистачи за лице кој го кориситите не игра некоја многу значајна улога. Испитувани биле најразлични препарати од антибактериски сапуни до ,,клинери” за лице кои содржат алфа и бета хидрокси киселини.

Значи, заклучкот би бил: немојте да трошите премногу пари на вакви комплексни препарати (со низа составни елементи). И во оваа ситуација се покажува дека поедноставното е веројатно и подобро.

3) Пијте доволно вода и користете навлажнувачи за кожа

Како навлажнувачите можат да помогнат во чистењето на кожата? Ако вашата кожа е пресува, може да се случи да ,,компензира” со преголема продукција на маснотии, а резлутатот на тоа би бил почести воспаленија на кожата, односно акни.

Исто како претходно споменатите клинерите, навлажнувачите нема потреба да бидат прескапи и со многу компоненти. Најважното при изборот на навлажнувачите е да внимавате тие да се некомедогени или да не делуваат на затворање на кожните пори.

Ако имате проблеми со мрсна кожа, користете т.н. ,,lightweight” навлажнувачи.

4) Правете ексфолијација


Ексфолијацијата помага да се отстрани слојот од мртви кожни клетки. Ако ваквите клетки останат подолг период на кожата, можат да водат до затворање на кожните пори и следствено кон кожни воспаленија. Исто така, насобирањето на ваквите клетки може да предизвика ронлива и кожа со постар изглед.

Ако користите различни препарати за оваа цел, најмногу 2 пати неделно можете да практикувате ексфолијација. Доколку користите ,,физички” ексфолијанти, како различни четкички, можете да правите ексфолијација 3-4 пати неделно (притоа треба да бидете нежни).

Ако веќе имате проблем со акните, консултирајте се со вашиот дерматолог, бидејќи одредени типови ексфолијација можат да ја влошат состојбата со акните.


5) Спијте доволно

Покрај низата други проблеми што може да ги предизвикаат хронично нарушените навики за спиење, се вбројува и подложност на инфламаторни процеси на кожата.

Постојат повеќе истражувања кои утврдуваат одредена релација помеѓу недостатокот на сон и акните. На пример, во една студија од 2016 година се вели дека дури 65% од волонтерите кои рекле дека се чувствуваат постојано заморено, имале и проблеми со акни.

6) Одберете шминка која нема да ги затвора кожните пори

Едно истражување од 2013 година утврдува дека жените кои користеле козметички средства, имале поголем ризик од инфламаторни процеси на кожата. За да бидете сигурни дека вашите навики за шминкање се оптимално безбедни за кожата:

• користете продукти кои се декларирани како ,,некомедогени” и ,,без масло”
• секогаш убаво и правилно измијте ги рацете пред да се шминкате
• секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење или физичка активност
• темелно мијте ги четкичките, сунѓерчињата и различните други помошни компоненти за шминкање

Самото шминкање може да предизвика ,,своја” форма на акни, затоа треба добро да се внимава.

7) Немојте да бидете груби со вашата кожа

Некогаш изгледа тешко да се одолее од притискањето на различни мозолчиња и бубулици. Но, на тој начин ја изложуваме кожата на дополнителни опасности од инфекции и воспаленија, како на пример од инфективните бактерии кои потенцијално се наоѓаат на нашите нечисти раце.

Ако навистина имате проблем со некои мозолчиња, посетете дерматолог кој ќе ви препорача специјални третмани за безбедно отстранување на тие израстоци.

8) Бидете порелаксирани

Одредени истражувања наоѓаат поврзаности помеѓу стресот и појавата на акни. Ако се соочувате со хроничен стрес, акните се уште една дополнителна причина која треба да ве мотивира да најдете соодветен начин за трајно контролирање на стресот.

9) Не претерувајте со шеќерната храна

Покрај другите бројни ризици кои ги носи исхраната богата со шеќерни, односно со препроцесираните производи (со празни калории), постојат одредени индикации дека храната со висок гликемиски индекс значително го зголемува и ризикот од појава на акни.

10) Оставете ги цигарите

 

Пушењето го зголемува ризикот од развивање акни и за тоа постојат цврсти, научно базирани докази.

Една студија која за волонтери имала жени со акни на возраст помеѓу 25 и 50 години, утврдува дека дури 73% од испитаничките кои пушеле, имале и акни, додека само 29% од оние кои не пушеле, имале некакви проблеми со мозолчињата (главно не толку сериозни).

Значи, ако имате проблеми со воспаленија на кожата и акни, а сте пушач, имате причина плус веднаш да ги оставите цигарите.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X