fbpx

10 совети како да ја намалите ПОДУЕНОСТА

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Поголемиот дел од луѓето барем еднаш во животот почувствувале проблем со надуеност во стомакот. Надуеноста се дефинира како чувство на исполнет стомакот кој како да е под притисок.


Причини за надуеност

Најчестата причина за подуеност се гасовите кои се насобираат во одреден дел од дигестивниот тракт, особено непосредно по оброците. Стомакот изгледа поголем отколку вообичаено, можни се послаби и малку посилни болки, силно чувство на непријатност, но и зачестени подригнувања.
За надуеноста, причина може да биде исто така насобирањето на вода во одредени делови од стомакот, но и прејадувањето, односно насобирањето на цврста материјал во краток временски интервал.

Подуеноста често е случај  и заради запек, газирани сокови, неправилна исхрана, киселини во желудникот, целијакија, голтање воздух(особено кај бебињата) итн.

"“Online”/

Надуеноста како симптом на потешки заболувања се јавува многу ретко(рак на јајници, слабост на панкреас итн), па огромниот дел од случаите на надуеност се поради горенаведените причини.

Овој проблем кај голем дел од населението(според статистиките од САД, над 15%) е застапен, но и често се повторува. Заради овие причини, во продолжение ќе наведеме 10 начини како вие самите би можеле да си помогнете за избегнување и намалување на непријатноста при појава на надуеност.

1) Направете прошетка по оброкот

Физичката активност може значително да ја подобри цревната перистатика, што пак е значајно за ослободувањето од вишокот гасови и општо, за полесно празнење. Дополнително, раздвижувањето е уште позначајно ако надуеноста потекнува и од запекот. Затоа, практикувајте мали прошетките по оброците и без да имате надуеност, тие имаат низа на други значајни корисни влијанија на организмот.

Fibro Gel

2) Не се прејадувајте

Прејадувањето е ризично и од други аспекти, но ја зголемува веројатноста и од надуеност. Јадете почесто, по помали оброци, ако треба имајте и дополнителнен четврт оброк, но немојте да јадете обемни порции. Дополнтелно, ова особено важи за луѓето кои веќе често страдаат од надуеност. Тие треба да се особено внимателни со количините, бидејќи можат полесно да се прејадат.

3) Правилното и подолго џвакајте

Продолженото соџвакување е исто така многу важно во превенцијата од надуеност. Тоа е така заради тоа што со повеќе џвакање се намалува веројатноста од задржување на мали количества воздух во храната. Подолгото џвакање промовира и ситост и превенира од прејадување, што е исто така значајно.

4) Внимавајте дали одредена храна најчесто ви ја предизвикува надуеноста

Ако тоа е случај, можеби е добра опција да се тестирате за алергија или интолеранција на таа храна или едноставно да ја избегнувате. Најчестите алергии и интолеранции на храна:

лактозна интолеранција
алергија на јајца
глутенска интолеранција (целијакија)
алергија на кикирики и други јатки
фруктозна интолеранција


5) Избегнувајте газирани пијалаци

Избегнувањето на газираните пијалаци е значајно заради гасот кој го содржат(СО2). Засладените газирани пијалаци не треба да се консумираат и од низа на други причини.

Гасовите кои можат да дојдат од храната, а почесто доаѓаат од пијалаците, заедно со оние произведените од цревната микрофлора, можат значајно да ја влошат надуеноста.

Дополнително, џвакањето гуми за џвакање(кои содржат и шеќерни алкохоли што е проблем плус), зборувањето додека јадете или брзото јадење, исто така може да доведе до преголемо внесување на гасови од воздухот во дигестијата.

6) Превенирајте појава на констипација (запек)

Честа причина за појава на гасови, затоа е важно да ја избегнете. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.


7) Пробиотските суплементи се опција

Гасот произведен од бактериите од цревната микрофлора е главниот поттикнувач на надуеноста. Постојат различни типови бактерии од микрофлората со различни метаболитички патишта, што значи имаат и различни метаболити, помеѓу кои и гасовите.

Неколку клинички студии покажуваат дека одредени пробиотски суплементи можат да ја намалат продукцијата на гасови и на тој начин и надуеноста како дигестивен проблем. Сепак, утврдено е дека ова зависи и од самата индивидуа. Ако имате намера да земате некаква суплементација, задолжително консултирајте се со лекарот кој го следи вашето здравје.

Повеќе за пробиотската храна прочитајте тука.

8) Внимавајте на растителните влакна

Тие се навистина неопходни и здрави од повеќе аспекти, но доколку сте имале исхрана доста сиромашна со нив и одеднаш внесувате поголеми количини, можна е појава на подуеност. Затоа, постепено зголемувајте го внесот на фибер суплементи и храна богата со растителни влакна(генерално тоа е и здрава храна- мешунки, полнозрнасти житарки, јатки итн)

9) Намалете ја консумацијата на солта


Сите знаеме дека солта е штетна во однос на зголемувањето на крвниот притисок, а на долг рок претераната консумација може да доведе до различни здравствени проблеми. Поради тоа што може да задржи вишок количество вода, солта може да ви предизвика и надуеност. Ова е уште една причина да намалите со неа. Повеќе за солта дознајте тука.

10) Останати корисни кратки совети

Некои есенцијални масла можат да бидат корисни (куркума, нане)
◦ Правете масажи на стомакот
◦ Внимавајте која храна ви предизвикува надуеност
◦ Имајте здрава исхрана и редовна физичка активност
◦ Избегнувајте препроцесирана храна

Ако имате надуеност која трае со денови или недели и/или е проследена со дијареа, повраќање, загуба на телесната тежина, треска, остра болка, крвава столица или премногу темна столица, веднаш обратете се на лекар.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X