fbpx

10 неспорни aргументи за да почнете да користите СУСАМ веднаш, секој ден!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сусамовото семе е ситно семе богато со маснотии. Расте на растението наречено Sesamum indicum. Тоа е едногодишна билка со мешункаст плод, чие семе се бере зрело, а потоа се суши. Во нашата кујна се користи како зачин, но и на различни други начин како на пример за правење на паста од сусам или таан. Таанот пак, потоа се користи за најразлични рецепти.

Сусамот има многу потенцијални корисни дејства врз организмот. Се употребувал во традиционалната медицина со векови. Постојат научни студии кои укажуваат на низа корисни дејства на сусамот, но за повеќето од нив тој треба да се консумира на редовна основа.

1) Добар извор на растителни влакна

30g сусам содржат околу 3,5g растителни влакна, или 12% од дневниот препорачан внес.

"“Online”/

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања, дебелина и дијабет тип 2.

2) Сусамот може да придонесе за намалување на нивоата на холестерол и триглицериди

Некои студии велат дека редовното јадење на сусам може да ги намали нивоата на холестерол и триглицериди во крвта. Тие се главните ризик фактори за сите кардиоваскуларни заболувања.

Во најголем ден масните киселини на сусамот се моно и полинезаситени масни киселини. Само 15% од вкупните масни киселини се од заситен тип. Ова значи дека сусамот е добар извор на здрави маснотии.

Добро е познато дека заменувањето на заситените маснотии, со внесување на моно и полинезаситени незаситени во исхраната, го намалува нивото на холестеролот во крвта и на тој начин значително ги намалува ризиците од кардиваскуларни заболувања.

Дополнително, сусамот содржи два типа на растителни компоненти: лигнани и фитостероли кои исто така может да влијаат на намалување на нивоата на холестеролот во крвта.

3) Добар раситетелeн извор на протеини

Покрај тоа што сусамот е богат со здрави маснотии, тој содржи и солиден процент на протеини. Во 30g содржи 5g протеини. Печените сусамови семки се подобар извор на протеини отколку обичните заради намалувањето на оксалатите и фитатите со печењето. Овие компоненти ја попречуваат апсорпцијата на протеините во дигестивниот тракт.

Во сусамот отсуствува есенцијалната аминокиселина лизин(присутна во легуминозите или мешунките), но сепак тој содржи метионин и цистеин кој ги нема во поголеми количини во другата растителна храна.

4) Сусамот може да придонесе за намалување на крвниот притисок

Високиот крвен притисок е еден од најголемите ризик фактори за срцев и мозочен удар. Ова својство на сусамот се смета дека се должи на неговиот состав, односно големиот процент на магнезиум. Исто така, во оваа насока помагаат и присутните витамин Е, лигнаните како и некои антиоксиданти.

Механизмот според кој се смета дека делуваат е превенцијата од натрупување на маснотиите во артериите и подобрувањето на цируклацијата.

5) Може да придонесе за здравјето на коските

Сусамот содржи солиден процент на минерали кои се важни за коските и нивниот метаболизам. Во само 30g сусам се содржат 22% од дневните потреби за калциум, 25% од ДП за магнезиум, 32% од ДП за манган и 21% од дневните потреби за цинк.

Сепак, значајно е да се каже дека сусамот содржи и висок процент на т.н. антинутриенти како што се фитатите и оксалатите кои можат да ја намалат општата апсропција на минерали во телото.

За да се ослободиме од овие соединенија потребно е да го потопиме семето одреден период во вода или да го испечеме.

6) Сусамот може да ја помогне работата на тироидната жлезда

Сусамот е добар извор на селен, поточно содржи во 30g, 18% од дневните потребни за селен. Тироидната жлезда содржи највисока концентрација на селен од било кој друг орган во телото. Овој минерал игра витална улога во синтезата на тироидните хормони.

Дополнително, сусамот е добар извор на железо, бакар, цинк и витамин В6. Овие микронутриенти исто така ја поддржуваат синтезата на тироидни хормони и позитивно влијаат за општото здравје на тироидната жлезда.

7) Ја поддржува работата на имуниот систем

Сусамот е исто така добар извор на низа од микронутриенти важни за правилната функција на имуниот систем: цинк, селен, бакар, железо, витамин Е, и витамин В6.

На пример, цинкот е неопходен за активирање на одредени видови имуни клетки кои ги препознаваат и напаѓаат инфективните микроби. Дури и малите недостатоци на цинк во исхраната можат да водат до нарушен имун одговор на организмот.

30g сусам содржи 20% од дневните потреби за цинк.

8) Сусамот е богат со антиоксиданти и заради ваквиот состав може да придонесе за намалување на хроничните воспалителни процеси во организмот

Повеќе студии на покажуваат дека редовното консумирање на сусам може да ја зголеми вкупната антоксидативна активност во крвта.

Лигнаните од сусамовото семе делуваат како антиоксиданти и го намалуваат оксидативниот стрес- хемиски реакции кои можат да ги оштетат клетките и на долг рок да предизвикаат хронично воспаление во организмот. Познато е дека ваквиот тип на воспаление на долг рок значително го зголемува ризикот од сите хронични заболувања.

И витаминот Е, со кој што исто така е богат сусамот има антиоксидативно дејство кое во истражувањата се покажало како заштитувачко во однос на здравјето на срцето.

9) Сусамот е добар извор на витамините од В групата и микронутриенти кои влијаат на формирањето на црвените крвни клетки

Витамините од В групата се особено значајни за повеќе клеточни функции, пред сè за метаболизмот на согорување на хранливите материи за енергија.

30g сусамово семе содржи 17% од дневните потреби за витамин В1, 11% од ДП за витамин В3 и 5% од ДП за витамин В6.

Сусамот(30g) исто така содржи 24% од ДП за железо и дури 136% од ДП за бакар. За продукција на црвените крвни клетки овие два елементи, заедно со витаминот В6 се доста важни.

Како што споменавме, за подобра апсорпција на овие и останатите минерали од сусамовото семе, најдобро е тоа да се испече или потопи во вода пред употреба.

10) Може да го намали нивото на шеќер во крвта

Сусамот е богат пред сè со здрави маснотии, но и со протеини. Овие компоненти ја поддржуваат контролата на шеќерот во крвта.

Дополнително, сусамовото семе содржи пиноресинол, компонента која според некои научни студии се покажала како добар регулатор на шеќерот во крвта, преку инхибирање на работата на дигестивните ензими- малтази. Сепак овие студии се работени на животни и затоа има потреба од дополнителни истражувања на темата, за донесување на крајни заклучоци.

Fibro Gel

На сличен начин, на шеќерот во крвта влијаат и растителните влакна кои исто така се значаен дел од содржината на сусамот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X