fbpx

10 природни начини за намалување на шеќерот во крвта

tonus

Високите нивоа на глукоза во крвта се примарна грижа за луѓето со дијабет. Ова е случај кога телото не може ефективно да ја транспортира глукозата од крвта до клетките кои имаат потреба од неа.

Продолжените периоди на нетретирана ваква состојба, можат да водат кон дијабет или шеќерна болест.

Зошто е важно контролирањето на шеќерот во крвта?

,,Држењето” на шеќерот во нормални граници е од голема помош за избегнување на посериозните компликации кај луѓето со дијагностициран дијабет.

"“Online”/

Високиот крвен шеќер може да предизвика повеќе непријатни, лоши ефекти кои можат да се јават одеднаш, како киселинско натрупување во крвните садови или да се развиваат со текот на времето.

При долготрајно нетретираните високи нивоа на шеќер во крвта, може да настанат оштетувања на поголемите крвни садови во неколку органи и органски систем, што може да води кон посериозно последици, вклучително:

нарушен вид и слепило
инфекции на екстремитетите и ампутации
откажување на бубрезите и потреба од дијализа
срцев и мозочен удар
периферно васкуларно заболување
оштетувања на нервниот систем

Одржувајќи го нивото на шеќер под 100mg/dL пред јадењето и под 180mg/dL по јадењето, луѓето со дијабет можат значително да си помогнат во намалувањето на ризикот од несаканите компликации.

10 природни начини како да го намалите или да го одржите нормалното ниво на глукоза во крвта

1) Бидете редовно физички активни

Редовното вежбање може да помогне во намалувањето на телесната тежина и во подобрувањето на инсулинската сензитивност. Ова значи дека клетките ќе имаат подобрена способност за искористување на шеќерот во крвотокот.

Физичката активност помага и во согорувањето на шеќерите од мускулатурата, за енергија за мускулни контракции.

За умерена физичка активност, како што е пешачењето, брзото пешање, возењето велосипед, работата во градина итн, способен е секој без разлика на возраста и физичката спремност.

2) Одржувајте здрава телесна тежина

Губењето килограми помага во контролирањето на шеќерот. Луѓето со повишена телесна тежина имаат зголемен ризик од инсулинска отпорност. Гојазноста можеби и е примарната причина за појава на дијабетот тип 2.

Студиите покажуваат дека намалувањето на телесната тежина за само 7%, може да ги намали шансите за развивање на дијабет дури за 58%.

Многу е важно да се разбере дека пациентот не треба да дојде до идеалната телесна тежина за да има корист од тоа, токму споменатата студија е доказ.

3) Внимавајте на внесот на јаглехидрати и што е поважно, нивниот тип

Телото, освен што директно ги добива шеќерите, ги добива и индиректно преку разградувањето на сложените јаглехидрати или полисахаридите. Тоа се големи молекули кои се составени од низа на шеќерни мономерни единици.

Кога ќе внесете поголеми количества јаглехидрати, особено ако имате проблем со дијабетот, нивоата на глукоза во крвта драстично ќе пораснат.

За среќа, постојат начини како да си помогнете, а тоа е да внимавате на внесот на јаглехидратна храна и кога ја внесувате, таа да биде полнозрнаста или интегрална. Полнозрнастата храна има помал гликемиски индекс, односно поспоро се разградува и на тој начин, глукозата постепено се ослободува во крвотокот.

Полнозрнастата и интегрална храна се интегралните житарки, тестенини, ориз итн.


4) Зголемете го внесот на растителни влакна-фибер

Покрај тоа што фиберот го намалува гликемискиот индекс на полнозрнастата и интегрална храна која е богата со јаглехидрати, тој делува и на чувството на ситост, претставува храна за корисната цревна микрофлора и што е многу значајно, ја успорува целокупната дигестија(го намалува гликемискиот индекс на внесената храна).

Ова значи дека треба да гледате во секој оброк да има присутни растителни влакна. Други добри извори на фибер се свежата храна, мешунките, јатките итн.

Препораките за внес на фибер во текот на еден ден се 38g за мажи и 25g за жени. Доколку тешко го достигнувате ова ниво, можете да се обидете и со фибер суплементи.

5) Јадете помали порции

Помалите порции можат да го намалат калорискиот внес и да водат кон слабеење. Контролирањето на телесната тежина најчесто оди рака под рака со здравите нивоа на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабет тип 2.

Со тоа што се намалува општиот внес на храна, се превенираат и силните шеќерни пикови по оброците.

6) Најдете механизми за контролирање на стресот

Истражувањата наоѓаат директна релација помеѓу стресот и нивоата не шеќер во крвта.

Хормоните како глукагон и кортизол се лачат при стресни ситуации и индиректно предизвикуваат зголемување на нивоата на глукоза во крвотокот.

Една студија која за волонтери имала повеќе студенти, вели дека релаксирањето и медитацијта значително можат да го намалат стресот, а со тоа да ги намалат нивоата на шеќер во крвта.

7) Редовно следете го нивото на шеќер во крвта

Мерењето и следењето на глукозата во крвта во студиите се покажало од значителна помош во нејзиното контролирање.

На пример, ваквото следење овозможува полесно да заклучите дали и кога треба да направите одредени промени во оброците или медикаментите, а исто така може да помогне и во откривањето на влијанието врз вашето телото на одредени конкретни прехранбени продукти.


8) Спијте доволно

Лошите навики за спиење исто така можат негативно да влијаат на нивото на глукоза во крвта, но и на инсулинската сензитивност. Може да водат до повишен апетит и да поттикнат развивање на гојазност.

При нарушен сон, нивоата на хормонот за раст опаѓаа, а се зголемува нивото на кортизол, кој рековме дека влијае негативно во однос на шеќерот. Хормонот за раст, исто така игра улога во контролирањето на глукозата во крвта.

Секако, сонот е значаен и за многу други аспекти од општото здравје.

9) Јадете повеќе храна богата со магнезиум и хром

Високиот шеќер е поврзан и со недостатокот од одредени микронутриенти, како минералите хром и магнезиум.

Хромот е значаен во метаболизмот на мастите и јаглехидратите, контролата на глукозата во крвта и неговиот недостаток може да води до јаглехидратна интолеранција. Храна богата со хром е полнозрнастата храна(житарки), кафето, јатките, мешунките, брокулите итн.

Во една студија, луѓето кои имале исхрана богата со магнезиум, имале за дури 50% помал ризик од развој на дијабет.

Храна богата со магнезиум: зелен зеленчук, темна чоколада, банани, мешунки, риба, полнозрнасти житарки итн.

10) Пијте доволно вода

Пиењето доволно вода може да го одржи нивото на глукоза во крвта во здрави граници.

Дополнително, спречувањето на дехидратацијата ја помага работата на бубрезите во филтрирањето на вишокот шеќер од крвта во урината.

Низа од студии укажуваат дека редовното и доволно хидрирање ја рехидрира крвта, го намалува нивото на шеќер во неа и го намалува ризикот од развивање дијабет.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор