fbpx

10 совети за здрави БУБРЕЗИ

tonus

Секое хронично заболувања си бара засебни прилагодувања во начинот на живеење, сè со цел полесно менаџирање или контролирање на болеста.

Секако, ова важи и за пациентите со некакво хронично бубрежно заболување. Практикувајќи некои навики и превземајќи одредени чекори, овие пациенти освен што ќе превенираат понатамошни компликации од болеста и оштетување на бубрезите, ќе си овозможат и превенција од кардиоваскуларни заболувања, а ќе ја подобрат и својата општа здравствена состојба.

Во продолжение, 10 конкретни корисни совети за соодветно контролирање на дијагностицираните бубрежни заболувања. Ваквите совети можат да помогнат и во превенирањето на бубрежните заболувања, што е од голема важност за оние луѓе кои имаат зголемен ризик од нив.

"“Online”/

1) Постојано следете го и соодветно контролирајте го крвниот притисок


Ова е можеби најзначајната работа која можете да ја направите за вашите бубрези. Високите вредности на крвниот притисок можат да ги оштетат бубрезите.

Имајќи предвид дека високиот крвен притисок најчесто не покажува никакви симптоми (затоа често е нарекуван и ,,тивок убиец”), многу е значајно при дијагностицирани бубрежни заболувања постојано да ги следите неговите вредности и да ги утврдите несаканите промени (и најмалите промени кои се константни, се вредни за внимание).

Постојаното следење, ќе ви овозможи соодветно да го контролирате притисок, секако по консултирање со лекарот за начинот на кој тоа ќе биде изведено. Начинот најчесто е  преку менување на животните навики (намалување на употребата на сол, здравата исхрана, добриот сон, физичката активност) и одредени медикаменти. Повеќе за овие теми во продолжение.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

2) Секогаш контролирајте го крвниот шеќер ако имате и дијабет

Редовно следете ги шеќерните нивоа во крвта. Употребувајте ги добиените резултати како водич за начинот на исхрана, активноста и медикаментите. Редовно консултирајте се со лекар околу вашата состојба со дијабетот.

Правете и редовен HbA1c тест. Тој ќе ви покаже како се движеле глукозните нивоа во подолг временски интервал – околу 3 месеци.

[Поврзано: HbА1c тест или тримесечен просек – извонредено важен тест при дијабет!
Како до подобра контрола кај дијабет?]

3) Следете ги важните параметри за здравјето на бубрезите

За жал, вообичаено состојбата со бубрежните хронични заболувања се влошува со текот на времето. Затоа е многу важно почесто да правите прегледи и да се советувате со вашиот лекар што би требало понатаму да превземате, врз основа на компаративната анализа на резултатите од повеќе постари и понови тестови. Вообичаено, поставените целите треба да ви бидат:

• одржуватење на стабилен GMR или степен на гломелуларна филтрација
• одржуватење на стабилно или пониско ниво на уринарен албумин

[Поврзано: Бојата на урината кажува многу за вашето здравје!]

4) Бидете дисциплинирани со терапијата која ви е препишана од стручните лица

Ова важи за сите заболувања, па и за хроничните бубрежни. Многумина со вакви проблеми примаат лекови за контролирање на хипертензијата, крвниот шеќер и за намалување на холестеролот (статини).

Исто така, бидете свесни дека терапијата може да се менува со текот на времето, како што се менуваат околностите, затоа е многу важно да практикувате редновни прегледи. Ваквите прегледи ќе овозможат порано да се утврди потребата од исклучување или вклучување на одредена терапија.

Задолжително консултирајте се со лекарот кој ве следи пред да употребувате било каков тип на суплементи (витамини, минерали и слично). Некои од нив можат да имаат несакани интеракции со терапијата која веќе редовно ја примате.

Секако, не смеете да го заборавите практикувањето на добрите животни навики што ги споменавме и за кои повеќе ќе зборуваме во продолжение.

Комбинацијата од она што се подразбира под здрав начин на живот, редновните превентивни прегледи и правилното и редовно користење на терапијата според препораките од лекарот е идеалниот пат за соодветно контролирање на бубрежните заболувања.

5) Бидете свесни дека е многу важно што јадете и пиете!

Правилната исхрана може да ви помогне да ги заштите бубрезите, да го намалите крвниот притисок, да го оптимизирате глукозното ниво во крвта и да ги превенирате или значително да ги одложите евенуталните компликации од бубрежните хронични заболувања.

Најважните совети околу исхраната при хронични бубрежни заболувања се:

• Обрнете посебно внимание на тоа колку сол јадете. Намалете го внесот на сол – јадете повеќе свежа храна, избегнувајте препроцесирана производи, употребувајте повеќе зачини за вкус на храната, проверувајте ги етикетите на продуктите за да откриете ,,скриени сол“, цедете ја конзервираната храна итн.

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да би го СПАСИ животот!]

• Внимавајте да не внесувате премногу протеини, бидејќи крајниот метаболитички продукт од овие нутриенти треба да биде обработен токму од бубрезите – зголемениот внес на протеини може да ги преоптерети бубрезите. Затоа, ќе морате да ги намалите продуктите од животинско потекло и да не претерувате со мешунките и јаткастите плодови.

• Јадете храна која е здрава за срцето – помалку заситени и трансмасти, повеќе незаситени масти од растително потекло, свежа храна, храна богата со калиум.

Немојте да пиете алкохол – може да го покачи крвниот притисок.

• Внимавајте и на тоа колку фосфор внесувате преку храната.

6) Бидете редовно физички активни

Имајте умерена физичка активнот најмалку 150 минути во текот на неделата. Таа ќе ви помогне да го намалите стресот, да ја одржите здравата телесна тежина, да го регулирате шеќерот и крвниот притисок. Повеќе околу умерените физички активности, прочитајте тука.

[Поврзано: Кои се придобивките од физичката активност?]

7) Одржувајте здрава телесна тежина

Гојазните луѓе имаат бубрези кои работат понапорно, што на долг рок го зголемува ризикот од нивно оштетување.

Претходно споменатите – здрава и правилна исхрана и редовна физичка активност можат да превенираат од гојазност.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

8) Спијте доволно

Спијте најмалку 7-8 часа во текот на ноќта. Квалитетниот сон е многу важен за одржување на општата ментална и физичка здравствена состојба, а директно придонесува и во регулирањето на шеќерот и крвниот притисок – познати ризик фактори за бубрежните заболувања.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]


9) Оставете ги цигарите

Покрај низата други штетни ефекти за нашиот организам, цигарите можат значително да ја влошат состојбата со хроничните заболувања на бубрезите. Пушењето го зголемува и ризикот од  развивање на бубрежни нарушувања кај оние што ги немаат.

[Поврзано: Лоши животни навики – ПУШЕЊЕ]

10) Најдете траен начин за справување со хроничниот стрес

Хроничниот стрес може да придонесе за развивање хипертензија, а лошо влијае и на шеќерната болест. Доброто здравје на бубрезите е уште една во низата причини зошто треба да најдеме соодветен начин за трајно справување со проблемот со стресот.

Депресијата е честа појава кај луѓето со хронични заболувања, па така и кај луѓето со хронични бубрежни заболувања. Стресот пак, е дополнителен ризик-фактор за депресија и низа други здравствени проблеми.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Поврзани теми: Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор