fbpx

2 извонредни рецепти со каламата маслинки!

tonus

Предлог за вечера: Едноставна тапенада со каламата маслинки

Тапенадата е вид медитерански намаз кој не само што е навистина вкусен, туку е и многу лесен за правење! Ако сте љубител на маслинки, тапенадата ќе ви биде помеѓу омилените намази.

За да направите тапенада, потребни ви се само 5-10 минути, а добиенот продукт, може да се чува повеќе денови во фрижидер и е многу флексибилен за вметнување во било каков рецепт.

Тапенадата може да се користи како дел од предјадење, служено како додаток на потпечен леб, во комбинација со риба, како мезе итн. Во принцип, тапенада можете да направите од било какви маслинки, но веќе знаеме дека каламата маслинките се веројатно најдобрите маслинки на пазарот поради својот уникатен нутритивен состав. Тие имаат висока содржина на здрави масти и ниска содржина на јаглехидрати, а имаат и силно антиоксидативно дејство.
Поради добрата концентрација на здрави масни киселини, каламата маслинките се одлични за здравјето на срцето, а покажуваат и антиканцерогено дејство. Ова се само дел од придобивките од јадењето каламата маслинките; повеќе за овие медитерански  овошки прочитајте тука.

"“Online”/

За овој рецепт,  потребни ќе ви бидат:

  • 200g каламата маслинки со отстранети семки, измиени и исецкани
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер (тука можете да користите и бибер во зрно)
  • суви билки, како на пример мајчина душица, рузмарин или оригано
  • свеж магдонос за декорација, ситно исецкан
  • 2 лажички капари
  • Сок од лимон и инчуни (по желба)

Начин на подготовка:

  • Подгответе ги маслинките на начинот објаснет погоре и ставете ги во процесор за храна. Мелете додека не добиете изедначена смеса.
  • Додадете го ситно исецканиот лук и продолжете со мелење.
  • Додадете ги сите останати состојби (освен сол и бибиер) и продолжете да мешате додека не се изедначи тапенадата.
  • Извадете ја смесата од процесорот и додадете го биберот.
  • Вкусете и додадете сол или друга билка доколку сметате дека е потребно. Доколку правите поголема количина, додадете и маслиново масло за да можете да ја чувате тапенадата во тегла во фрижидер.
  • Служете на потпечен ФИБРОГЕЛ леб или на топло пита лепче на кое сте намачкале хумус или тахини.

Нутритивна вредност:
(на целата тапенада)

Калории:
510 Јаглехидрати: 29.7g од кои растителни влакна: 1.8g и шеќери: 0.3g;  Протеини: 1g; Масти: 42.8g од кои заситени масти: 0.2g;

 

Предлог за вечера: Солен колач со каламата маслинки

 

Маслинките и маслиновото масло се симбол на Медитеранската исхрана. Тие се употребуваат речиси во секое јадење. Нивните корисни дејства за организам се доволно силна причина да ги внесувате почесто, а да не зборуваме за богатиот вкус кој им го даваат на сите јадења. Секако, нивната употреба треба да биде умерена, бидејќи се доста  богати со калории.

Овој солен колач дефинитивно ги носи со себе сите вкусови на Медитеранот.

[Поврзано: Маслиново масло против стареење
КАЛАМАТА – едни од најдобрите маслинки по својот состав!]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 120g пченкарно брашно или палента (околу 1 шоља)
  • 120g интегрално брашно (околу 1 шоља)
  • 20-тина каламата маслинки, со извадена семка и ситно исецкани
  • 8 супени лажици маслиново масло
  • 350ml кисела вода (нешто помалку од 2 шољи)
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • неколку кафени лажички сусам, за наросување

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на температура од 200°С и намачкајте една коцкаста тава за печење со маслиново масло.
  2. Во еден голем, длабок сад ставете ги пченкарното и интегралното брашно, прашокот за пециво и морската сол. Во друг, посебен длабок сад, измешајте ги маслиновото масло и газираната вода и додадете ги во садот со брашната. Сето тоа убаво измешајте го додека не добиете густа смеса. Во таа смеса, додадете ги исецканите каламата маслинки и со мешање вметнете ги во смесата.
  3. Истурете ја смесата во тавата и со шпатула распоредете ја во еднаков слој. Одозгора наросете го сусамот и ставете го колачот да се пече во претходно загреаната рерна, околу 30 минути. Проверете дали колачот е добро испечен така што ќе го прободете со нож или чепкалка за заби. Доколку чепкалката или ножот излезат од колачот суви и со трошки, тогаш тој е добро испечен и можете да го извадите од рерна.
  4. Откако колачот ќе се испече, покријте го со чиста кујнска крпа и почекајте го да се излади пред да го исечете на коцки.

 

  • Овој рецепт прави околу 10-12 парчиња, во зависност од големината на сечење.
  • Идеи за служење: со парче фета сирење, или пак со чаша кефир.

Нутритивна вредност:

(на 1 парче)

Калории: 130 Јаглехидрати: 16g од кои растителни влакна: 2g и шеќери: 0.1g;  Протеини: 2,2g; Масти: 6,5g од кои заситени масти: 0.5g; Витамин Е: 0,6mg; Манган: 0.5mg; Селен: 8,5mg; Магнезиум: 30mg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор