fbpx

3 извонредно вкусни РЕЦЕПТИ за намази од грав!

tonus

Во претходните статии веќе зборувавме зошто е малку да се јаде грав само еднаш неделно, а потсетивме и дека постојат навистина многу видови грав, сите со свои уникатни вкусови карактеристики, текстура и хранливост.

[Поврзано: Зошто ГРАВ се јаде БАРЕМ два пати неделно?]

Гравовите се супер-храна!

 

Покрај одличната концентрација на квалитетни протеини, сложени јаглехидрати и растителни влакна, гравовите се извор и на низа витамини и минерали, главно железомагнезиумкалциумкалиум, фолна киселина и останати витамини од Б групата итн. Овој состав имплицира низа корисни дејства за здравјето, за кардиоваскуларното здравје, при дијабетот, остеопорозата итн.

"“Online”/

Мешункиидеална храна за слабеење

 

Како и сите мешунки, гравовите се одлична храна за процесот на слабеење. Ова е така заради нивната навистина богата содржина на растителни влакна, но и протеини.

Дневно препорачаниот внес на растителни влакна е 25g за жени и 38g за мажи. Само една чаша грав (во зависност од типот), или отприлика 170g содржи 10-13g растителни влакна. Тоа е речиси половина од дневните потреби, задоволени во еден оброк!

Растителните влакна немаат калориска вредност, а обезбедуваат постепено апсорбирање на глукозата во крвотокот. Ова понатаму значи константно оптимално ниво на шеќер во крвта на подолг рок, што пак значи подолг период на ситост. Дополнително, тие преку врзувањето на водата исто така промовираат подобра и подолга заситеност.

Гравот содржи малку маснотии и не толку голем процент на јаглехидрати. Ова се всушност најконцентрираните извори на енергија и калории кои можат да бидат и складирани.

Богатата протеинска содржина на гравот, се поврзува со намалени нивоа на хормонот грелин кој се смета за хормон на гладта. Така, на долг рок, јадењето ваква храна може да доведе до природно намалена потреба за калории.

Гравот е еден од најдобрите извори на растителни протеински.

 

3 рецепти за намази од грав


Луѓето кај нас поретко јадат грав заради традицијата грав да се подготвува само во петок, но и поради недостигот од идеи за рецепти, покрај познатото тавче гравче и манџа со грав. Споменатите традиционални јадење најчесто и не се толку здрава опција поради преголемата концентрација на масло, а неретко и на сол.

Дополнително, некои луѓе имаат и проблеми со дигестирањето или варењето на гравот. Киснењето на гравот во вода преку ноќта, пред да го варите, може да помогне при ваквите проблеми. Ова важи и за повеќето други мешунки.

Заради недостигот од идеи како на здрав и вкусен начин да подготвите оброци кои ќе го
вклучуваат некаков тип грав, ние денес ви нудиме 3 извонредно вкусни, хранливи, брзи, а едноставни комбинации за намази на база на грав.

Овие намази најдобро се комбинираат со здрав полнозрнаст леб, како фиброгел лебот и парче свежа салата – домат, краставица и слично.

[Поврзано: РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ]

,,Жолтнамаз од грав со таан

Потребни ќе ви бидат:

• 200g добро сварен, тетовски грав
• 2 кафени лажици таан
• 1 кафена лажица Dijon сенф
• ½ лажичка сушен лук – поситен или покрупен по желба
• 1 лажичка куркума  (или кари по желба)
• ½ лажичка сол, бибер, копар, оригано и други зачини според вкус (сумак на пример)
• вода по потреба
маслиново масло и суви гранчиња нане за сервирање

,,Црвен намаз од црвен грав, пиперки и путер од кикирики

Потребни ќе ви бидат:

• 200g или околу половина конзерва црвен грав
• 1,5-2 кафени лажици чист путер од кикирики
• 1 кафена лажица бел сенф
• 2 помали црвени пиперки (печени) или една со средна големина
• ½ лажичка сол, бибер и сумак зачин
• вода по потреба
• некакви јатки, маслиново или друго ладно цедено масло за сервирање

,,Црн намаз од грав, каламата и ореви

Потребни ќе ви бидат:

• 200g добро сварен тетовски грав
• 20g ореви (може и индиски ореви)
• 1 кафена лажица бел сенф
• 4-6 каламата маслинки со извадени семки
• ½ лажичка сушен лук
• ½ лажичка бибер, куркума
• вода по потреба
• маслиново масло и гранчиња нане за сервирање

Начин на подготовка

Сите намази се приготвуваат на ист начин. Можете да ги направите и во обичен длабок сад користејќи метален или дрвен толчник, но најдобро е да користите блендер. Доколку работите без блендер, во 3-тиот рецепт ќе треба претходно убаво да ги сомелете оревите.

Внимавајте во дозирањето на зачините, не користете премногу маслиново масло за сервирање и можеби најважното: внимавајте со водата! Текстурата е најважниот дел кога станува збор за намазите.

Најпрво во блендерот ставете само малку вода. Ако текстурата не ви одговара, постепено додавајте вода додека не добиете густина по ваша желба. Истото важи и доколку не користите процесор за храна.

Ако имате потреба, слободно додадете нешто поголемо количество сол или зачини, според ваш вкус.

Намазите најдобро се комбинираат со здрав интегрален леб или Фиброгел леб и исечкан свеж сезонски зеленчук. Добар апетит!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор