fbpx

3 предлози за вкусна пица + Како да подготвите совршено ТЕСТО за здрава пица?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Не постои човек што не сака да јаде пица! Но, за жал како по правилно  пицата е нездрава и висококалорична храна. Тоа воопштно не мора да биде така!

Затоа, во продолжение ви даваме 3 предлози за вкусна и здрава пица. Дополнително, корисни совети околу тоа како да направите совршено полнозрнесто тесто кое е неопходна основа за секоја пица.

Пицата може да биде особено богат хранлив оборок, богат со растителните влакна од полнозрнестите брашна, нивните витамини, минерали и антиоксидатни.

"“Online”/

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна!]

Секако и сосовите и она што го ставаме на пицата може да биде искучително хранливо – зеленчуци во различни бои, маслинки, печурки, антиоксидативни зачини, млечни продукти во умерени количества итн.

[Поврзано: За храната – белото е црно, а разнобојното е живот!]

 

Тестото е клучот!

Добрата пица не може да се замисли без добро подготвеното и соодветно испечено тесто. Во продолжение, детални насоки како да го подготвите тесто кое ќе ви даде вкусна и крцкава пица, исто онаква како од познатите пицерии!

За подготовка на тестото, потребни ќе ви бидат:

Fibro Gel
  • 500g или 4 чаши интегрално брашно (тип 1000)
  • 500ml млака вода
  • 5g свеж квасец
  • 15g сол или околу 3 кафени лажички

 

Начин на подготовка:

 

  1. Го ставаме брашното во еден подлабок сад во кој потоа ќе можеме соодветно да ја измешаме смесата. Го додаваме најпрво квасецот, а потоа и водата. (Половина од горенаведените содржини.)
  2. Почнуваме да ја комбинираме смесата, пришто тестото почнува да ја добива карактеристичната темна боја. Кога состојките добро ќе се искомбинираат, го покриваме и го оставаме тестото да стасува најмалку 5 часа, на собна температура.
  3. По поминатото време, тестото треба да биде нараснато и полно со меурчиња. Во истиот сад ја додаваме втората половина од брашното, заедно со останатиот свеж квасец. Полека и нежно со рацете ги мешаме состојките додека добро не се соединат, постепено додавајќи од преостанатата вода. Притоа, немојте да употребувате премногу сила, кога смесата добро ќе се спои, тоа е доволно.
  4. Кога тестото е речиси готово, додаваме околу 15g сол со малку вода која ќе го раствори соодветно и полесно ќе се искомбинира со смесата. Го оставаме тестото да се опушти неколку минути.
  5. Откако ќе се општи неколку минути, го ставаме на соодветен под за замесување на кој има малку брашно (за да не се залепи тестото). Добро го замесуваме тестото со двете раце, барем 5-10 минути. На крајот, правиме кружен облик и повторно го оставаме да стасува покриено во сад околу 20-тина минути.
  6. Ја разделуваме топката со тестото на помали еднакви делови (секој дел е доволен за една пица, според нашите мерки, околу 3 пици). Топчињата треба да стасуваат најмалку 3-4 часа.
  7. Откако топчињата ќе стасаат, повторно наросуваме со брашно и ги ставаме на ,,расукување”. За наросување можеме да користиме и полнозрнесто пченкарно брашно. Ова го правиме со рацете, односно ги ,,отвораме” внимателно веќе нараснатите топчиња со рацете во облик на пица, бидејќи на тој начин ќе се минимизира губењето на воздухот во тестото, што ќе ни даде пица со совршена текстура.
  8. Подготвеното тесто, заедно со содржината со која ќе ја ставиме на него (во продолжение 3 предлози) ја печеме на 360°С, до 10 минути. На овој начин добиваме максимално крцкава, воздушеста и лесна пица!

Предлог број 1: Едноставна медитеранска пица

  • 100ml Доматно пире
  • 50g Моцарела
  • Малку рукола за гарнирање

Предлог број 2: Витаминска пица

 

  • 100ml доматно пире (комбинирано со малку сушен лук, оригано и босилок)
  • 2 чешниња ситно исечкан лук
  • Половина чашка свежи пиперки (црвени, зелени и жолти или комбинација) исечкани на кругчиња
  • 1 домат со средина големина, исечкан на тенки парчиња
  • ⅓ чашка црвен кромид, исечкан на прстенчиња
  • Една помала тиквичка, ситно исечкана (може да користите и модар патлиџан)
  • Неколку ливчиња млад спанаќ
  • Половина лажица сушен босилок
  • Половина лажица сушено оригано
  • ¼ кафена лажица сол

 

Предлог број 3: Богата медитеранска пица

 

  • 100ml маринара сос (1 голем домат, излупен и ситно исечкан, малку црвен кромид, 1 главичка свеж лук, 1 лажичка ладно цедено масилново масло, димена црвена пиперка и малку сол – содржината се вари на тивко 40-тина минути)
  • 50g исечкани каламата маслинки
  • 200g свежи шампињони, покрупно исечкани
  • Половина домат, на тенки парченца
  • 1 црвена пиперка, ситно исечкана
  • 1,5 кафена лажичка сушен босилок и оригано
  • 1 лажица павлака на средината од пицата, по печењето
  • Магданос и рукола за гарнирање

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X