fbpx

3 ОПАСНИ ДОДАТОЦИ кај МАЛИГНИ БОЛЕСТИ

tonus

Постојат додатоци во исхраната (суплементи) кои може да помогнат во зајакнување на организмот, во подобрување на имунолошкиот систем и да придонесат за сеопштото подобрување на состојбата на здравјето. Но, постојат и суплементи кои може да го сторат токму спротивното. За тие суплементи постојат јасни научни докази дека можат да го влошат здравјето. Дел од нив се многу проширени помеѓу пациентите со малигни болести и тие самите меѓусебно си ги препорачуваат. Еве дел од нив: 1. ГРАВИОЛА – постојат студии кои ги имаат испитувано ефектите на гравиола кај малигни клетки, но за жал, не постојат научни студии кај пациенти со малигни болести. Има докази за несакани ефекти од употребата на гравиола. Посериозен од нив е оштетување на нервите и појава на симптоми слични на Паркинсонова болест. Уште, најдено е дека може да предизвика токсичност кај бубрези и црн дроб. Оттука, ценам дека ризикот е јасен и докажан, а бенефитот не е на ист начин и евидентен и не препорачувам употреба на гравиола.   2. ГЕРМАНИУМ – додатоци со германиум НЕ ТРЕБА ВООПШТО да се користат заради докажана штетност за бубрезите, црниот дроб и нервите. Токсичен е дури и во ниски дози. Дополнително, кај пациентите предизвикува слабеење, замор, повраќање., гадење, анорексија, мускулна слабост, парестезии и сензорна атаксија. 3. ПЕТРОЛЕУМ (керозин) – долга е листата за несакани ефекти од употребата на петролеум. Меѓу нив ќе ги нагласиме: вознемиреност, таксија, поспаност, конвулзии, кома, па дури и смрт. Оттука, нема докази за корист, а има многу докази за штета од употребата на петролеум. Малигните болести се деликатни за лекување и не треба организмот дополнително да се ослабува со штетни суплементи.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор