fbpx

3 рецепти за здрави ДЕСЕРТИ!

tonus

Кој вели дека здравата храна не е и вкусна храна?

Денес ви предлагаме 3 брзи рецепти за вкусен, но и особено хранлив десерт, погоден за целото семејство.

[Поврзано: Здравата храна е вкусна храна – 8 конкретни примери]

"“Online”/

 

Полнети урми со путер од кикирики

 

Доколку често имате потреба од нешто слатко, а истовремено сакате да се храните здраво, урмите се вистинскиот избор за вас.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 10 урми, со извадени семки и претходно покиснати во жешка вода, околу 15 минути
  • путер од кикирики или кој било друг путер од јатки/семе (може да користите и тахини!)
  • 15g темно чоколадо (обидете се да најдете такво што содржи 70% какао), исецкано или изрендано (може и топено)
  • прстофат морска сол (како појачувач на вкус)

Начин на подготовка:

1) Ако користите урми со семки, отстранете ги пред да ги полните.

2) Вметнете една лажичка лажичка путер од кикирики внатре во секоја урма

3) Посипете ја секоја урма со прстофат сецкано чоколадо и морска сол.

Нутритивна вредност:
(на 1 полнета урма)

Калории: 64 Јаглехидрати: 7.4g од кои растителни влакна: 1.1g и шеќери: 5.5g;  Протеини: 1.5g; Масти: 3.6g од кои заситени масти: 1g

 

Чоколадни колачиња со тахини

 

Овие брзи колачиња содржат растопено чоколадо и тахини, што води кон неодолив кремаст вкус, но и неверојатна крцкава текстура, благодарение на сецканите бадеми и овесните снегулки. Тахини сосот навистина можете да го употребувате во речиси секаква комбинација, без разлика дали е тоа солено или слатко јадење!

[Поврзано: Рецепт за Тахини – највкусниот сос од Медитеранот!
Таан- сконцентрирана моќ на сусамовото семе!]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

●       1 чаша овесни снегулки

●       1/4 чаша бадеми, ситно исецкани

●       2 супени лажици семки од сусам

●       ¼ кафена лажичка фина морска сол

●       ¾ чашa (120g) црно чоколадо, ситно исечкано

●       3 супени лажици мед или јаворов сируп

●       ¾ чаша тахини

●       уште малку морска сол, за наросување

Начин на подготовка:

1) Поставете плех со хартија за печење или силиконска подлога за печење.

2) Комбинирајте ги сите суви состојки во голем, длабок сад и тргнете го на страна.

3) Во тенџере, комбинирајте ги црното чоколадо и медот/јаворовиот сируп. Загрејте сè на тивок оган додека не се стопат парченцата црно чоколадо целосно. Тргнете ја смесата од оган и додадете го тахини сосот, со постојано мешање.

4) Оваа смеса додадете ја во садот со суви состојки и добро промешајте. Тестото ќе биде густо, но само проверете дали овесот е премачкан во чоколадна смеса.

5) Направете неколку поголеми топчиња од смесата и потоа израмнете ги во колачиња. Ставете ги колачињата на наредениот плех за печење и продолжете со овој процес сè додека не се искористи целата смеса.

6) Посипете ги врвовите со морска сол и потоа ставете ги колачињата во фрижидер да се зацврстат. Ако сакате помеки колачиња, извадете ги од фрижидерот околу половина час пред да ги послужите.

– Чувајте ги колачињата во затворен сад во фрижидер околу 1-2 недели.

–  Овој рецепт прави 12 поголеми колачиња, меѓутоа може да ви испаднат помалку или повеќе во зависност од големината на колачињата. Иако се доста калорични, тие се хранливи и сосема заситуваат. Одлични се како десерт, но и како дел од појадоците.

Нутритивна вредност:
(на 1 колаче)

Калории: 200 Јаглехидрати: 13g од кои растителни влакна: 3.75g и шеќери: 2.8g;  Протеини: 5g; Масти: 13g од кои заситени масти: 3g; Железо: 3mg; Магнезиум: 65mg; Манган: 0.5 mg; Витамин Б1: 0.2mg; Бакар: 0.4mg; Цинк: 1.4mg

 

Чоколаден мус со авокадо

 

Ручекот не е ручек без вкусен десерт, па затоа подгответе го овој чоколаден мус со авокадо и ф’стаци, кој нема да ви предизвика грижа на совест!

Темната чоколада има висока хранлива вредност, поради високите концентрации на железо, растителни влакна, минерали итн.  Дополнително, таа има исклучителен антиоксидативен состав, а може да помогне и во подобрување на крвниот притисок.

Многу повеќе за темната чоколада прочитајте тука.

Од друга страна, авокадото и ф’стаците се одличен извор на здрави масти кои ќе ве заситат на подолг период.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 100g темно чоколадо со најмалку 75% какао
  • 1 зрело авокадо, излупено и со извадена семка
  • 1 кафена лажичка мед или агаве сируп

Додатоци:

  • Малини
  • парчиња црно чоколадо
  • ф’стаци или некакви други јаткасти плодови

Начин на подготовка:

1) Растопете го чоколадото во микробранова печка или во сад над тенџере со врела вода со постојано мешање, а потоа оставете да се излади една минута. Ставете го авокадото во блендер и миксирајте  додека не стане многу мазна паста. Додадете 1 лажица вода ако има потреба. Додадете ги растопеното чоколадо и медот или сирупот и убаво промешајте.

2) Поделете го мусот во 4 мали чаши и оставете ги во фрижидер додека не ви требаат. Одозгора ставете малини, парчиња чоколадо и ф’стаци за сервирање.

* Oвој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција, БЕЗ додатоци)

Калории: 211 Јаглехидрати: 15.7g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 7.5g;  Протеини: 2.6g; Масти: 16g од кои заситени масти: 6g; Манган: 0.7mg; Бакар: 0.5mg; Железо: 1mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор