fbpx

4 лоши утрински навики и како да ги надминеме?!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сигурно сте забележале дека кога сте добро наспани, се чувствувате одморено и свежо, целиот ден ви поминува во пријатно расположение и атмосфера. Сепак, без разлика колку добро сте спиеле, постојат некои лоши утрински навики кои можат да ви го расипат целиот ден. Затоа, многу е важно на кој начин ќе го започнете денот.

Во продолжение, неколку чести лоши утрински навики, со потенцијал да ви го зголемат стресот, нервозата и доброто расположение во текот на целиот ден и како да ги замените со некои добри, здрави навики.

1. Немојте да јадете ако не ви се јаде

Сите сме ја слушнале поговорката дека доручекот е најзначајниот оброк во денот и во тоа има вистина. Сепак, ова тврдење може да не важи за некои луѓе или во некои ситуации.

"“Online”/

Ако наутро јадете ,,со сила”, тоа ќе ви направи повеќе проблем, отколку корист.

Ако сте во групата на луѓе кои не може да јаде наутро, можеби за вас најдобар избор е intermittent fasting или наизменичното гладување. Постојат повеќе типови на IF, но најлесниот и најпознатиот е 16/8, односно 16 часа нејадење, сметано со часовите од спиењето и потоа оброци распределени во останатите 8 часа.

Доколку ви одговара применување на IF, можни се доста придобивки за вашето здравје, со научна поткрепа, како: намалена телесна тежина, намалена инфламација во организмот, подобро кардиоваскуларно здравје, постабилен шеќер итн.

Fibro Gel

Многу повеќе на оваа тема прочитајте на линкот: Што се случува со телото при еднодневно гладување?

2. Немојте да доручкувате препроцесирани житарки или да имате десерт по појадокот

Често пати наутро гладот е доста силен, па некои луѓе посегнуваат и по јадење десерти по оброкот, сметајќи дека ,,ќе го потрошат тоа во текот на денот”. Доплнително, често и самиот појадок не спаѓа во здрава храна, иако можеби на прв поглед ви изгледа дека е сосем таков – овошни јогурти и засладени инстант мусли, на пример. Затоа, бидете внимателни со изборот на доручек.

Препроцесираната храна речиси никогаш не е добар избор. Нејзините т.н. празни калории ќе не остават гладни за кратко време, а нема да ви понудат никаква хранлива вредност.

Наместо тоа, имајте оброк со сложени јаглехидрати, богат со витамини, минерали, антиоксидатни и различни други фитохемикалии.
На пример, јадете златен овесен доручек.

Засладувајте го доручекот со свежи овошки и цимет, наместо со мед или шеќер.

Исто така, кафето и чајот немојте премногу да ги засладувате. Повеќе совети околу тоа како да ги избегнете непотребните, додадени шеќери во исхраната, прочитајте тука.

3. Не ја пропуштајте редовната утринска физичка активност

Дури и ако не сте утрински тип, кога станува збор за физичката активност, вреди да размислите и да го ,,навиете” алармот нешто порано.

Вежбањето во раните утрински часови е особено добро за подигнување на енергетските нивоа, без да ви треба кофеин. Утринскиот тренинг го забрзува метаболизмот, а со тоа и трошењето калории Дополнително, вежбањето подоцна, особено подоцна навечер, може да води кон потешко заспивање и нарушен сон.

[Поврзано: Придобивки од физичката активност!]

За да си го направите утрото полесно и да си го олесните станувањето порано, можете да си подготвите и хранлив појадок за после тренингот уште oд претходната вечер. На тој начин наутро нема да чувствувате обврска и да губите време во правењето оброк.

4. Оставете го мобилниот

При легнувањето навечер, оставете го мобилниот телефон настрана. Тоа не само што ќе ве примора да станете навреме, бидејќи нема да можете да го ,,одложите” алармот без да станете, туку нема да ви дозволи да губите време на ,,скролање” веднаш по будењето.

Чепкајќи по телефонот губите многу време, па се зголемува веројатноста да доцните некаде и распоредот да ви се уништи уште од почетокот на денот. Дополнително, доста е веројатно и да прочитате некои нови вести кои ќе ве вознемират од самиот почеток на денот.

Избегнете ја нервозата во текот на денот, оставете го телефонот, секако може да почека барем до после појадокот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X