fbpx

4 причини зошто грицкањето нокти e опасно

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

При нервозни ситуации или при некаков акутен стрес, голем дел од луѓето знаат да ги грицкаат ноктите. Кај некои од нив, особено помеѓу помладата популација, ова прераснува во трајна навика. Таа обично се губи до 30-тата година, но кај многумина останува и потоа.

Сите познаваме некој што ја има лошата навика за грицкање на ноктите и прстите. Исто така сме свесни дека таа е лоша, не само заради непријатниот изглед кој го остава на прстите и ноктите, туку и заради хигиенски причини, особено во пандемиски услови какви што имаме денес.

Но колку навистина е таа навистина лоша? Зошто ги грицкаме ноктите? Како да ја запреме оваа лоша навика?

"“Online”/

Во продолжение ќе се обидеме да дадеме одоговори на овие прашања.

Зошто ги грицкаме ноктите?

Психолозите велат дека некои луѓе редовно ги грицкаат ноктите затоа што тоа им обезбедува некакво ослободување од досадата и стресот. Грицкањето се случува само по себе, без ваше ,,одобрување”. Ако ја имате оваа навика, сигурно сте забележале дека таа се интензивира во периодите кога нивото на стрес е зголемено и кога делува дека ја немате ситуацијата под контролa.

Но, како може нешто како навиката за грицкање нокти да нѝ помогне во справувањето со непријатните ситуации, со стресот, досадата?

Fibro Gel

Всушност, преку дистракција или одземање на главниот фокус. Стресот и досадата поттикнуваат чувство на немир, а внатрешната енергија која ја создава немирот може да се ,,насочи” кон грицкањето нокти и на тој начин да создаде одредено чувство на олеснување.

Како ,,тригер” или поттикнувач на оваа навика може да биде и чувството на глад.

4 силни причини зошто треба што е можно поскоро да ја запрете оваа лоша навика

1) Грицкањето на нокти е всушност внесување на милиони микроби

Помеѓу овие микроорганизми, најголемиот дел можеби не се патогени, но доволно е само еднаш рацете да нѝ бидат валкани или несоодветно измиени, за да внесеме одреден штетен микроорганизам, па да настане инфекција.

Со пандемијата на коронавирусот која трае веќе половина година, сфативме колку е значајно што е можно помалку пати да го допираме лицето и редовно да ги миеме рацете. Според истражувањата, луѓето кои редовно ги грицкаат ноктите, имаат особено зголемен ризик од настинки, грипови, вкучително и  Covid-19, но и од гастроинтестинални заболувања.

Веројатно сте свесни дека рацете, односно дланките (прстите) се извор на огромен број микроорганизми кои ги ,,собираме” од околината, но дали знаете дека најголемиот дел од нив, најчесто се насобира под ноктите? Зошто?

Со врвот од прстите најчесто ги допираме различните површини. Деловите под ноктите се еден вид вдлабнатини погодни за собирање на различен вид остатоци, а најчесто се и повлажни и потопли (подобри услови за развој на микробите). Дополнително, тие делови најчесто се пропуштаат при миењето на рацете со сапун.

Едно истражување од 2007 година, вели дека доста често под ноктите се пронајдени патогени E.coli бактерии.

Со грицкањето на ноктите, директно ги пренесуваме сите споменати микроби во усната празнина, со што лесно можеме да се инфицираме. Да биде ситуацијата уште понепријатна, на овој начин можеме да ги пренесеме и нашите патогени доколку имаме некаква инфекција или сме носители.

2) Го зголемува ризикот од кожни инфекции

Сите сме свени дека различните рани и исеченици треба да бидат брзо деизнфицирани, бидејќи инаку ризикуваме развивање инфекции.

Грицкањето на нокитите и прстите може да предизвика помали отвори или ранички во пределот на ноктите. Ваквите отвори им овозможуваат полесен продор на патогените микроби, со што се зголемува ризикот од инфекции.

Инфекциите можат да изгледаат навистина непријатно, да создадат болки, црвенило, омекната кожа, отоци и да ги стврднат и задебелат ноктите. Во полош случај, можна е паронихија, состојба која може да води и до потреба од отстранување на ноктот.

Дополнително, заради постојаното грицкање на ноктите, многу е поверојатен нивниот неправилен раст, што освен естетскиот проблем, исто така води до оштетувања на кожата, инфекции, но знае да предизвика и силни болки.

3) Поверојатни инфекции во усната празнина


Секако, потенцијално внесените патогени микроби преку грицкањето нокти можат да создадат проблеми и во усната празнина.

Грицкањето нокти на долг рок има отетувачки ефект на забната глеѓ (енамел), што води кон полесно ронење и кршење на забите. Едно истражување наоѓа дури и негативен ефект на вилицата (изместување) поради опсесивното грицкање на ноктите.

[Повеќе за инфекциите во усната празнина: Побелен јазик; Гингитивитис]

4) Зголемен ризик од непријатен здив

Како што веќе рековме, грицкањето нокти го олеснува внесувањето на микроби во усната празнина (помеѓу нив и на патогени-они кои се способни да нѝ направат штети) и на тој начин го зголемува ризикот од инфекции во усната празнина. Ваквите инфекции се една од главните причини за непријатен здив.

[Многу повеќе околу непријатниот здив и како да го превенирате, прочитајте тука.]

Неколку совети како да ја запрете непријатната навика:


Сечете ги ноктите редовно и пократко – ќе оставите помалку простор за насобирање на прав и бактерии, а и задоволството од грицкањето ќе биде значително намалено.

Обрнете внимание на ,,тригерите или на она што ве поттикнува на грицкање – на пример ако најчесто грицкате нокти кога нешто чекате и ви е досадно, играјте некоја игра на телефонот или читајте нешто на интернет.

Лакирајте ги ноктите – ќе чувствувате непријатен вкус при грицкањето, па потребата ќе се намали.

Најдете друга ,,занимација за дланките и устата – џвакајте мастики, носете анти-стрес гумени топчиња, бројаници итн.

Најдете начин за трајно справување со хроничниот стрес

Fibro Gel

Кога времето е поладно, почесто носете ракавици

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X