fbpx

4 симптоми кои НЕ СМЕАТ да бидат игнорирани

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кардиоваскуларните заболувања се помеѓу водечките причини за смртност во светски рамки, а кај нас во Македонија се причина број еден. Затоа, многу е важно, барем оние најчестите симптоми кои можеби укажуваат на некакви срцеви заболувања, да се препознаваат и да не се занемаруваат .

За жал, за некои од главните ризик-фактори за срцевите заболувања, како повишениот крвен притисок, повишените масти и холестерол, често нема никакви симптоми.
Затоа луѓето кои се во некакви ризични групи, треба почесто да прават рутински прегледи.

Дополнително некои срцеви заболувања, како коронарна артериска болест, различните аритмии (неправилен срцев ритам), срцевото затајување итн., често имаат слични симптоми, односно симптоми кои се преклопуваат.

"“Online”/

Сите треба да сме свесни за најчестите симптоми кои можеби укажуваат на некакви кардиоваскуларни проблеми, а особено оние кои се во некаква ризична група за срцева болест. Следните 4 симптоми, во никој случај не смеат да бидат игнорирани:


1. Болка во градите


Болката во градите е можеби најчестиот и најтипичниот симптом на коронарната артериска болест (КАБ). Оваа болка која е предизвикана од стеснувањето на коронарните артерии, е наречена ангина и често е првиот симптом на срцев удар.

Сепак, ваквите болки не мора да значат срцев удар. Постојат различни типови на ангина кои се знак на КАБ и потсетник дека мора сериозно да го сфатите срцевото здравје.

Болката во градите која се појачува при напор, а намалува при одмор, се нарекува стабилна ангина. Далеку поопасен е нестабилниот тип на ангина, кој се манифестира како притисок во градите, а може да се појави во било кое време, без разлика дали во моментот пешачите, возите велосипед или гледате телевизија. Луѓето со нестабилна ангина се во поголем ризик од срцев удар, во однос на оние со стабилна.

Болката во гради која е симптом на срцеви проблеми, значително се разликува од онаа на истегнат мускул или од онаа болка во градите при киселински рефлукс. Пациентите ангината најчесто ја опишуваат како чувство на притисок или силно стегање во пределот на градите.

Ако почувствувате ваква болка, веднаш разговарајте со вашиот лекар и што е можно подетално опишете му ги симптомите. Објаснете му колку долго трае болката, дали прекинува па повторно се јавува, што (ако постои такво нешто) прави болката да престане, потоа дали имате и некои други пропратни симптоми и други детали за кои мислите дека се битни.

Болката во гради е можеби најалармантниот симптом кога станува збор за срцеви проблеми, но сигурно не и единствениот кој предупредува на потенцијален проблем со срцето.


2. Палпитации

Кога чувствувате дека срцето има неправилен ритам или чука побрзо од вообичаено, се вели дека чувствувате или имате палпитации. Срцевите палпитации вообичаено не се знак на срцев удар. Сепак, тие можат да бидат симптом на неправилен срцев ритам – некако вид аритмија. Вообичаено, аритмиите знаат да бидат умерени и да не создаваат посериозни проблеми, но тие можат да бидат и доста сериозен проблем кој има потреба од медикаменти или одредени процедури кои имаат за цел превенирање епизоди на неправилен ритам.

Една од најчестите аритмии е атријалната фибрилација или афиб. Афиб е проблем кој е поврзан со срцевите нерви во двете горни комори – атрии. Ваквиот проблем води кон неправилно отчукување на атријата, па дури и силно забрзан пулс.

Главната причина за загриженост при оваа дијагноза е потенцијално нарушената циркулација на крвта, со што таа не може да стигне во доволен обем до сите органи и ткива. Исто така, можно е крвта повеќе да се собира во коморите, предизвикувајќи развој на згрутчувања. Ваквите згрутчувања во горните срцеви комори се потенцијален ризик за мозочен удар, бидејќи можат да се насочат кон мозокот и да го блокираат снабдувањето на неговите ткива со оксидирана крв.

Покрај афиб, постојат и неколку други типови на аритмија кои можат да предизвикаат палпитации – одредени тахикардии (забрзана срцева работа) и некои типови брадикардии (невообичаено спори отчукувања на срцето).

Палпитациите не мора да бидат резултат на некакви кардиоваскуларни проблеми. Нивната појава може да биде резултат и на стрес, анксиозност, одредени медикаменти или пушење, на пример.

Палпитациите треба да бидат проценети од доктор. Ако имате дури и најмали промени во срцевиот ритам (кои можеби ги занемарувате и не ви создаваат никакви проблеми во секојдневното функционирање), треба да бидат искомуницирани со вашиот лекар. Раната дијагностика на потенцијално сериозниот кардиоваскуларен проблем, води до сериозно подобар исход од болеста.

3. Недостаток на здив


Недостатокот на здив при потешки, но и при полесни активности, како качување по скали на пример, може да биде јасен сигнал за неколку различни видови кардиоваскуларни нарушувања – срцев удар, затајување на срцето, низок крвен притисок (хипотензија).

Ако имате проблеми со дишењето при лежење, тоа можеби е знак за затајување или откажување на срцето. Ова може да се случи поради собирање на течности во белите дробови поради лоша циркулација во самиот орган.

Недостатокот од здив не секогаш е симптом на срцеви проблеми, секако тој може да значи и одредени проблеми со респираторниот систем – од алергиски причини, па се до различни облици на потешки пневмонии.

Ова е уште еден симптом кој не смее да биде игнориран, без разлика од што е предизвикан. Веднаш треба да побарате медицинска помош.

4. Вртоглавици, премаленост и онесвестување

Ако имате вртоглавица, премаленост и чувство како пред онесвестување, тоа може да биде знак на низок крвен притисок или несакан ефект од лековите за снижување на притисокот. Онесвестувањето заради пад на притисокот е состојба позната како синкопа. Иако генерално земено ова не е животозагрозувачка состојба, сепак во некои случаи може да биде и доста опасна. Дополнително, онесвестувањето може да предизвика непријатни повреди при несвесните падови.

Затајувањето на срцето, но и срцевиот удар можат исто така да водат до онесвестување, чувство на збунетост и неприсутност.

Збунетоста, премаленоста и неприсутноста можат да бидат симптоми и на низа други состојби и заболувања, помеѓу кои проблеми со средното уво, анемија, пренизок шеќер во крвта, депресија итн.

За да се утврдат точните причини за ваквата состојба, кои често можат да бидат и сериозни, во никој случај не треба да се игнорираат споменатите симптоми, односно треба да се обратите на вашиот лекар.

Fibro Gel

Не ги игнорирајте овие 4 симптоми

Многу често сите четири наведени симптоми – болките во градите, палпитациите, недостатокот на здив и вртоглавиците не мора да означуваат некаков сериозен проблем, но тие можат да бидат важни индикатори кои ќе нé предупредат да провериме што се случува и од каде ,,потекнуваат”. Раното откривање на било кој здравствен прболем најчесто значи и поуспешно и полесно справување со него.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X