fbpx

5 благодети на ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ

tonus

Многу пати досега сме зборувале за здравствените бенефити од пиењето чај. Денес, нешто поконкретно околу зелениот чај, кој во последно време сè повеќе добива на популарност.

Пиењето чај не е нова навика, во некои култури се пие повеќе во некои помалку, но ретко има земја во која воопшто не се пие чај. Но, што е она што го разликува зелениот чај од останатите? Дали навистина има толку импресивни својства?

[Поврзано: Кој е чајот што го препорачува, и зиме и лето?]

"“Online”/

Што е зелен чај?

Зелениот, заедно со познатиот црн чај, потекнува од семејството блики Camellia, поточно видот Camellia sinensis. Во азиските земји, особено во Кина, зелениот чај се пие со векови, можеби и милениуми. Денес, поради неговите извонредни ефекти, станува популарен  низ земјите ширум светот.

За разлика од црниот чај, зелениот не подложи на процесот ферментација, па има значително подобра антиоксидативна содржина. Според истражувањата, фантастични 30% од сувата маса на зелениот чај, отпаѓа на антиоксидативните материи.

Се работи за моќни антиоксидативни материи, како полифеноли, антоцијанини и најразлични типови флавонодни антиоксиданти.

Поконкретно, за најзначајни антиоксиданти на зелениот чај се сметаат специфичните флавоноидни компоненти, наречени катехини:

епикатехин
епигалокатехин
галокатехин
деривати на галната киселина

Други моќни антиоксиданти и фитохемикалии со заштитно дејство за здравјето кои се содржат во овој чај:

линоленска киселина
кверцетин
агиненин
кофеин, теобромин и теофилин
целулоза, пектин
магнезиум, хром, манган, железо, цинк
повеќе различни аминокиселини, ензими (дури до 20% од сувата маса на листовите)

Интересно е да се каже дека овој тип на чај содржи многу повеќе корисни фитохемикалии во споредба со многу билки, зачини, овошки и зеленчуци кои важат за ,,супер-храна
”.

5 конкретни научно базирани бенефити од пиењето зелен чај


1) Подобро здравје на срцето

Постојат повеќе студии кои го поврзуваат антиоксидативниот состав на зелениот чај со оптималната метаболитичка функција, кардиоваскуларното здравје, па дури и со намалената смртност од било кои причини. Ваквиот ефект се должи пред сè на флавоноидните антиоксиданти и антиоцијанините на зелениот чај.

Тие можат да помогнат во превенирањето на развојот на повеќето ризик-фактори за срцеви заболувања – повишен крвен притисок, нарушен липиден профил (масти и холестерол). Дополнително, одредени фитохемикалии утврдени во овој чај можат да служат како т.н. бета-блокери, диуретици, но и блокатори на калциумовите канали. Сето ова го прави зелениот чај добар ,,пријател” на срцевото здравје.

Според една студија од Кина, повеќето од споменатите флавоноидни компоненти имаат силен антивоспалителен и антиканцероген ефект, а придонесуваат и за заштитата од нервни нарушувања и дијабет.

2) Подобро здравје на мозокот

Лабораториските студии покажуваат дека зелениот чај (заедно со црниот), може силно да превенира од разградување на ацетилхолинот, невротрансмитер силно поврзан со добрата меморија. Зелениот чај исто така ја попречува работата на специфични ензими кои придонесуваат за развојот на Алцхајмеровата болест.

3) Превенција од дијабет и инсулинска резистентност

Одредени студии ги поврзуваат флавоноидите и антоцијанините на зелениот чај со нормализирање на глукозните нивоа во крвта. Се смета дека поради своите моќни антивоспалителни својства, зелениот чај е корисен за луѓето кои се во ризик или веќе имаат дијагностициран дијабет тип 2.

4) Подобро здравје на очите и коските

Дел од антиоксидативните компоненти со кои е богат зелениот чај, наречени катехини, во одредени студии покажуваат силно заштитно дејство во однос на очите. Ова дејство се одвива преку превенцијата од оксидативно оштетување на очното ткиво.

Така, според една анимална студија објавена 2010 година, катехините можат за помалку од 20 часови од нивното внесување во дигестијата, преку крвотокот да навлезат во очното ткиво и да го намалат оксидативниот стрес.

Споменатите антиоксидативни компоненти катехини, според една студија од Универзитотот од Хонг Конг, можат да ја стимулираат и работата на одреден тип спецфични ензими, што придонесува за дури 80% подобар раст на коскеното ткиво.

[Поврзано: Флавоноидни антиоксиданти против деменција и кардиоваскуларни болести]

5) Поуспешен процес на слабеење

Многумина тврдат дела зелениот чај може да помогне при слабеењето. Според едно пообемно истражување, постојат два типа на фитохемикалии во зелениот чај кои можат да поттикнат нешто поуспешен процес на слабеење и одржување на здравата телесна тежина.

Сепак, ваквите тврдења не можат да се земат ,,здраво за готово”, па важно е да се нагласи дека ниту една намирница, ниту најздрава, не може сама по себе да придонесе за слабеење. Чаевите секако промовираат чувство на полн стомак и се здрава навика, но не можете да се потпрете само на нив во процесот на слабеење. Пињето чај треба да биде здрава навика во склоп на она што се подразбира под здрав начин на исхрна.

Слабеењето е процес со неколку свои базични принципи. Нешто повеќе околу нив, прочитајте тука.

Дополнителни потенцијални корисни ефекти: намалени алергиски симптоми, подобро здравје на кожата, подобар имунитет, ,,антиејџинг”ефект.

Правилен начин на подготовка на чајот, со цел зачувување на сите корисни хранливи компоненти:

1. Во ѓезве додадете околу 1 чаша вода, па загревајте до вриење. Откако водата ќе зоврие, оставете ја околу 5 минути да се подолади, а потоа префрлете ја во шолја и додадете го чајот (1 лажичка или филтер кесичка). Многу е важно водата да не врие и да биде околу 80 степени.

2. Откако ќе го ставите чајот, покријте ја шолјата со мала чинија и оставете ја да отстои околу 1 до 2 минути, пред да ја извадите филтер кесичката.

3. По желба додадете лимон и/или малку мед, па послужете.

Зелениот чај содржи одредено количество кофеин, па немојте да го пиете доцна навечер, бидејќи може да ви создаде проблеми со спиењето.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор