fbpx

5 начини како физичката активност помага за ПОДОБРА ДИГЕСТИЈА

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Редовната физичка активност е нераскинлив дел од она што значи здраво живеење. Нејзиното практикувањe помага при најразлични здравствени проблеми, а што е можеби уште поважно, таа е клучен дел од превенцијата од повеќето познати (особено хроничните) заболувања.

Сакате полесна контрола на телесната тежина, подрав мозок и подобро психичко здравје, помал ризик од срцеви заболувања…?

Вежбајте редовно.

"“Online”/

[Поврзано: Придобивки од физичката активност]

Кога станува збор за дигестивното здравје, иако се потребни уште доста истражувања, познато е дека физичката активност може да помогне за поздрав дигестивен тракт од неколку аспекти.

Што е она што го знаеме?

Fibro Gel

1.Позитивни промени во микробиомот

Пред само неколку децении медицината знаеше многу малку околу дигестивното здравје, покрај неговата позната функција на дигестирање на внесената храна. Во последно време, научниците откриваат сè повеќе податоци кои ја докажуваат силната врска помеѓу дигестијата и целокупното човеково здравје. Најдено е дури и дека Паркинсовата болест може да ,,започне” од стомакот.

 

[Поврзано: Може ли здравата исхрана да го намали ризикот од Паркинсон?]

 

Познато е дека дигестивниот систем е дом на поголемиот дел од природната микробна заедница на човекот или т.н. микробиом. Микробиомот е фино балансиран и доста комплексен спој од корисни бактерии, но и други микроорганизми. И помалиот дисбаланс во оваа микрофлора, може да поттикне најразлични негативни ефекти – од лактозна интолеранција, преку дијареа, запек, па се до проблеми со егзема, пременструален синдром итн.

Во кратки црти, важно да се разбере е дека улогата на цревната микрофлора оди многу подалеку од едноставното помагање во дигестирањето на храната. Подобриот состав и баланс во микрофлората, подразбира и подобро општо здравје.

Во целта да ја утврди зависноста на составот, балансот и функцијата на корисната цревна микрофлора од редовната физичка активност, едно истражувања следело група волонтери со т.н. седечки начин на живот. Испитаниците практикувале 6 неделен план со физички активности.

Композицијата, балансот и функционалноста во нивниот микробиом бил следен пред активноста, за време на нејзиното одвивање и во одреден период по завршувањето на 6 неделната активност.

Заклучокот по завршувањето на студијата бил јасен: редовната активност поттикнала позитивни промени во однос на композицијата, но и функционалноста на микробиомот кај испитаниците. Исто така, особено важно е да се каже дека по наглото прекинување на актинвностите, позитивните промени се повлекувале. Тоа значи дека ако сакаме да го ,,користиме” вежбањето и за подобрувањето на дигестијата, тоа мора да биде редовно. Впрочем, како и сите останати корисни ефекти од физичката активност – ги искусуваме со нејзино конзистентно применување.

2. Подобра цревна перистатика

Добрата цревна перистатика или оптималното движење на храната низ цревата е од особено значење. Тоа не треба да биде ни пребрзо, за да има време сите нутриенти соодветно да се апсорбираат, ниту пак преспоро, за да не се јават проблеми како запекот.

Според повеќе истражувања, редовната физичка активност може да ја оптимизира брзината со која храната минува низ дигестијата.

 

3. Намалена инфламација

Процесите на воспаление се многу важни за заштита на здравјето, но кога се на краток рок. И помалите нивоа на воспаление кои се долготрајни, предизвикуваат огромни проблеми во организмот или процеси на т.н. хронична инфламација. Ваквиот тип на инфламација го зголемува ризикот од различни заболувања, како срцеви, ревматоиден артритис, но и низа дигестивни заболувања, како на пример честите проблеми со дивертикулоза и синдромот на нервозни црева. Многу повеќе за овој синдром, прочитајте во една од нашите претходни статии.

Повеќето студии укажуваат дека редовната активност ги намалува воспалителните процеси, а според некои, токму намалената инфламација е причината за оптималното прогресирање на најголемиот дел од корисната цревна микрофлора (првото наведено корисно дејство на физичката активност во однос на дигестијата).

[Поврзано: Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксиданс?]

4. Намален ризик за дигестивни канцери

Според Националниот британски центар за истражувања на ракот, дури 54% од новодијагностицираните случаи на рак на дебелото црево, можеле да бидат превенирани. Покрај многуте потенцијални ризик-фактори за овој канцер, меѓу кои секако се издвојува неправилната исхрана (месни производи, препроцесирана храна сиромашна со фибер итн.), како значаен ризик-фактор низ истражувањата се наведува и седечкиот начин на живот.

Според статистиките од Велика Британија, 5% од сличаите со колоректален канцер биле директно поврзани со недоволната физичка активност.

Едно истражување од Универзитетот Харвард, спроведувано низ 23 години, вели дека оние испитаници што практикувале најактивен начин на живот, имале помал ризик од развој на рак на дебело црево за дури 50%, во однос на најмалку активните.

[Поврзано: Физичката активност и превенција од малигни болести
Како претераното седење го уништува здравјето?]

5. Подобар имунитет

Дигестивниот систем е постојано подложен на најразлични ,,предизвици” во однос на справувањето со различните внесени потенцијално штетни микроби од храната, но и од средината. Затоа, дигестијата претставува своевидна бариера од патогени, чие одржување е особена важност за целокупното здравје. Па, како физичката активност може да помогне во оваа цел?

Прво, како што рековме во првата точка, дигестијата поттикнува раст и оптимален развој на повеќе корисни бактерии, но и целокупно подобра состојба во микробиомот. Корисните бактерии од микробиомот не помагаат само во олеснувањето на дигестијата. Уште една корисна работа која ја прават за нас е и нивото антагонистичко дејство во однос на патогените. Ова значи дека тие не дозволуваат раст на патогените, додека тие живеат. Корисната микрофлора исто така придонесува и за стимулирање на имуниот систем на дигестијата, осигурувајќи потполна заштита.

Fibro Gel

Дополнително, покажано е дека редовното вежбање го зголемува бројот на лимфоцитите во различни делови од телото, вклучително и во дигестијата (ѕидовите на цревата). Лимфоцитите се тип на бели крвни клетки кои имаат важна улога во имуниот одговор.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X