fbpx

5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Хроничните болки кои можат да бидат предизвикани од најразлични дијагнози се навистина голема пречка за среќен, исполнет и квалитетен живот.

Нашите тела се создадени за да се движат, а умот да мисли и комуницира со луѓето и околината. Овие основни постулати кои нè прават луѓе се сериозно загрозени од хроничните болки, па затоа често луѓето покрај дијагнозата што им ги создава болките, имаат и стрес, а неретко развиваат и посериозни ментални нарушувања, како депресија или анксиозност на пример. Заради овие причини, од особена важност е да се најде некакво решение, односно подобро кажано – начин полесно да се живее со болките.

Постојат повеќе терапии кои значително ја олеснуваат ситуацијата, но како самите може да си помогнете?

"“Online”/

Имајќи го предвид претходно кажаното, фокусот не треба да биде само на намалување на болките во одреден момент кога можеби тие ,,ескалираат”, туку на создавање план или лесно применлива стратегија која ќе нѝ помогне постојано да бидеме спремни да се движиме и дружиме со луѓето.

Во продолжение, неколку клучни елементи на кои треба да се базира планот за трајно контролирање на болката, без разлика каква терапија за болки примате во моментот. Секогаш на ум имајте ги овие елементи.

1. Мобилност или подвижност


Размислете колку подвижноста влијае на вашиот квалитет на живот. Колку повеќе се движите, толку се зголемува вашата интеракција со светот. Од друга страна, колку сте помалку активни, толку сте поизолирани и неповрзани со околината.

Fibro Gel

И најмалото зголемување на подвижноста може да направи значајна разлика во однос на социјализирањето, физичкото и ментално здравје, па и во однос на самото уживање во околината и природата.

2. Интеракција


Квалитетот на нашите социјални конекции игра клучна улога за нашата целокупна благосостојба, но постојаните проблеми со хроничната болка можат да нè одалечат дури и од најблиските луѓе. Неретко овие проблеми ја згаснуваат мотивацијата воопшто да се излезе од собата, а не пак  да се оди на работа или на некаква дружба со пријателите. Со изолирањето од светот, расте и депресивноста, што формира еден навистина непријатен циклус – колку повеќе сме депресивни, толку помала нѝ е желбата за комуникација со другите луѓе.

Затоа, поттикнувајте повеќе комуникација со пријателите и никогаш не ги пропуштајте приликите за дружба. На пример, редовните прошетки, правете ги со пријателите.

[Поврзано: Физичка активност – 5 предности на вежбањето со партнер!]


3. Самостојност


Понекогаш хроничните болки можат да нè направат зависни од помошта на блиските. Нормално, помошта во секојдневните потреби (облекувањето, готвењето итн.) секогаш е добредојдена, но и најмалите напредоци во самостојноста можат да водат кон подобрување на самодовербата, а со тоа и на проблемите од ментална природа кои се речиси секогаш придружници на хроничните болки. Така, негативниот импакт на болката врз секојдневнието може да биде многу помал.

Многу важен дел од стратегијата за менаџирање со хроничните болки е враќањето на чувството за контрола над нешата.

4. Валидација


Ако сте како повеќето луѓе што страдаат од хронични болки, најверојатно често се чувствувате навистина ,,несфатено” или како никој да не може да разбере низ што поминувате, вклучително и вашите блиски пријатели, сопруг/а, колеги итн.

Хроничната болка може да биде ,,тивка болест” која не се покажува ниту на рентген снимките, крвните тестови или некаков друг вид тестирање, што прави уште потешко некој да може да биде ,,во вашата кожа” и да ве разбере.

Сепак, треба да знаете дека воопшто не сте сами. Милиони луѓе ширум светот страдаат од хронични болки, па немојте многу да се грижите ако другите не ви веруваат низ какви периоди поминувате.

5. Љубов

Најбазичната потреба на секое човечко битие е да сака, но и да биде сакано. За да се чувствуваме исполнето во животот, потребно е постојано да разменуваме позитивна енергија со другите луѓе, особено со поблиските.

За жал, хроничните болки можат на најразлични начини да влијаат негативно врз таа ,,размена на позитивна енергија”, а тоа пак, може да биде поштетно за нашето физичко и ментално здравје отколку самите болки. Животот со хронични болки може да значи раскинување на љубовни врски, пријателства, социјални и семејни конекции итн.

Експертите советуваат дека љубовта и позитивната енергија треба да бидат помеѓу  главните постулати на стратегијата за менаџирање со хроничната болка. Размислувајте повеќе околу тоа колку љубов добивате, но и колку давате.

Поврзано:

Прочитајте како намалувањето на телесната тежина може значително да ви ги намали проблемите со хроничните болки на следниот линк: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X

Витални
пензионери

12 неделна групна програма за здрав и активен живот за пензионери

990 ден.