fbpx

5 практични совети за олеснување кај ХЕМОРОИДИ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Хемороидите се вообичаено предизвикани од: зголемениот притисок на дигестивниот систем, бременост, преголема телесна тежина или поголеми напрегања при празнење на дебелото црево.

По педесетата година, хемороидите можат да станат контиунуиран проблем. Во тој период од животот дури половина од населението веќе ги има искусено типичните симптоми на хемороидите, вклучително ректална болка, чешање, крварење, па дури во краен случај и пролапс (излегување на хемороидите низ аналниот канал).

Иако многу ретко хемороидите се сериозно опасни, проблемите со нив можат  да се повторуваат и да бидат доста болни, со што сериозно се нарушува квалитетот на живот.

"“Online”/

За среќа, можеме многу да направиме околу овој проблем.

Што се хемороидите?

Секој од нас има хемороиди или крвни садови кои се групирани во форма на перничиња и лежат веднаш под мукозната мембранска подлога, најдолниот дел од ректумот и анусот. Всушност, онаа состојба која ја нарекуваме ,,хемороиди” се развива кога овие групирани крвни садови ќе отечат или на одреден начин ќе се деформираат слично како она што го нарекуваме ,,проширени вени” на нозете.

Поради тоа што крвните садови водат постојана ,,битка” со гравитацијата, односно борба да ја вратат крвта кон срцето, некои луѓе сметаат дека хемороидите се цената која ја плаќаме заради тоа што сме единствените живи суштества кои се ,,исправени”.

Fibro Gel


Постојат два типа на хемороиди

Постојат внатрешни хемороиди кои се појавуваат во долниот дел од ректумот и надворешни хемороиди кои се развиваат под кожата, околу анусот. Надворешните хемороиди се најнепријатни, затоа што ,,лежат” на кожата и ја прават иритантна, па дури  можат и да го уништат поголемиот дел од кожниот епидермис.

Ако во надворешниот хемороид се создаде згрутчување на крвта, предизвиканата болка може да биде остра и тешка. При ваквата состојба може да забележите мало грутче околу анусот. Кога ова грутче ќе исчезне, можни се иритации и чешања на местото на кое оставило трага.

Внатрешните хемороиди типично поминуваат без болка, дури и кога предизвикуваат крварење. И во овој случај се можни пролапси. При нивното нараснување или ширење, можат да ,,соберат” и мал дел од мукозната течност, па и мали честици од изметот. Ова може да предизвика силни иритации, а дополнително силното чешање кое може да биде предизивкано, може да го влоши проблемот.


Од што можат да бидат предизвикани хемороидите?

Најчесто хемороидите се предизвикани од хронична констипација или запек и она што е поврзано со ваквата состојба: големи напрегања при празнење на цревата и предолго седење во тоалет . И двете причини се поврзани со нарушениот проток на крв кон и од  крајниот дел од дигестивниот тракт, каде што и се наоѓаат хемороидите.

Во текот на бременоста, исто така, притисокот кој го прави матката на дигестивниот тракт, може да предизвика отекување на хемороидите, од истите наведени причини.

Поновите студии покажуваат дека поголемиот дел од  пациентите со хемороиди имаат поцврст мускул на аналниот канал од просекот. Значи, поцврстиот мускул на аналниот канал е еден од главните ризик фактор за развивање на хемороидите.

На крајот, сврзното ткиво кое ги поддржува и држи на едно место хемороидите, може со текот на времето, односно со стареењето значително да ослабе, предизвикувајќи полесно движење, па и пролапс на хемороидите.

Дијагностицирање



Хемороидите вообичаено лесно да се дијагностицираат со едноставен лекарски преглед и достапна медицинска историја. Надворешните хемороиди, генерално се очигледни, особено ако се има формирано крвно згрутчување.

Медицинското лице може да изведе дигитален ректален тест за да провери дали има крв во столицата и исто така да користи аноскоп (кратка пластична направа со осветлување) за да го прегледа аналниот канал.

Ако понатаму има докази за ректално крварење или микроскопски капки крв во столицата, може да се направи и колоноскопија за да се утврдат можни други причини за ова крварење, како полипи или канцер. Ова особено важи за лицата постари од 45 години.

Дали и како самите можете да си помогнете во третманот на хемороидите?

Драматично олеснување на симптомите предизивкани од хемороидите може да се постигне со едноставно, ,,домашно лекување”, според следните неколку совети, препорачани од доктори кои се занимавале со оваа проблематика долги години:

1) Зголемете го внесот на растителни влака и течности во исхраната!

Додадете повеќе растителни влакна во вашата исхрана, земајте фибер суплементи или комбинирајте: и храна богата со фибер и суплементи.

Заедно со соодветното внесување на течности растителните влакна придонесуваат за помека столица, што го прави нејзиниот пат низ аналниот канал значително олеснет, редуцирајќи го притоа притисокот на хемороидите.

Во храна богата со растителни влакна спаѓаат свежата, полнозрнестата храна, мешунките итн. Фибер суплементите исто така, докажано го намалуваат хемороидалното крварење, воспаленијата и зголемувањето на хемороидите. Исто така, тие можат да ја намалат иритацијата.

Сепак, немојте да претерувате и со растителните влакна, бидејќи кај одредени луѓе предизвикуваат и гасови. Затоа почнете со помали количества, околу 25-30g фибер дневно. Потоа, постепено зголемувајте ја количината. Исто така, зголемете го внесот на течности.

2) Бидете физички активни

Дури и умерената физичка активност, како што е шетањето 20-30 минути секој ден, може да стимулира подобра дигестивна активност.


3) Не одложувајте!


Ова е многу значајно, особено при хемороиди. Кога имате ургентна потреба за голема нужда, не ја одложувајте, одете веднаш во тоалет. Доколку одложувате, притисокот на цревата се зголемува, а со тоа се отежнува и циркулацијата на крвта во хемороидите, што може да биде ризик фактор за нивно зголемување.

Исто така, обидете се да направите распоред за одење во тоалет, на пример по секој оброк, одвојте време и седнете на шолјата одредено време. Ова може да помогне за создавање на навика за регуларно празнење.

4) Кревањето на нозете може да помогне


Поткревањето на нозете на ниско столче додека вршите нужда може да биде од помош. Тоа ја менува позицијата на ректумот на начин кој овозможува полесно празнење.
Исто така, менувањето на тврдата подлога за седење со помека, може да биде од помош.


5) Обидете се со креми

Во аптеките постојат креми со локално анестетско дејство кои можат привремено да ги намалат болките. Поставувањето на мраз наспроти аналниот отвор на неколку минути, исто така може да помогне.

Постојат и ситуации во кои хемороидите не можат да бидат третирани само со наведените совети, дали поради конзистентните симптоми или поради пролапс. За среќа, постојат минимално инвазивни третмани за отстранување на хемороидите. Овие процедури се превземаат во медицинските установи и треба да бидат препорачани од стручно лице.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X