fbpx

5 причини за вкусна и здрава палента!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Палентата или познатиот наш специјалитет ,,качамак” (бакардан), доста често знае да се најде на нашите трпези, особено кога ќе залади времето.

Сама по себе може да биде особено здрава, но често пати се подготвува и комбинира на нe толку здрав начин. Неретко за нејзиното подготвување се користи многу масло за готвење, кое е извор на доста калории, а најчесто се додаваат поголеми количества мрсно сирење и различни месни продукти (богат извор на заситени маснотии, холестерол и други штетни компоненти).

Што треба да направите за да подготвите поздрава палента, односно оброк чии хранливи вредности максимално ќе ги искорисите, без притоа да имате негативни ефекти?
Користете многу малку растително масло (по можност ладно цедено) и  сирењето користете го како гарнир, а не како компонента која ќе ви даде повеќе калории од самиот оброк.

"“Online”/

Дополнително, најголемиот дел од пакуваните ,,инстант” паленти, за жал не можат да се сметаат за полнозрнести производи (се добиваат со обработка на оргиналното зрно, односно со отстранување на неговите делови кои се главен извор на нутриенти), па така имаат повисок гликемиски индекс и се доста сконцентриран извор на енергија. Затоа, најдобар избор е палентата да се јаде како додаток. Како главно јадење најдобро е да се подготвува од полнозрнесто пченкарно брашно.

Подготвувањето со растително млеко, наместо со вода, може значително да ја подобри нејзината нутритивност.

[Поврзано: Пченка – навидум едноставна, а извонредно здрава!]

 

Хранлива вредност

Кога се подтовува без многу масло, сирење и месни производи, палентата не е посебно богата со калории, а содржи и повеќе микронутриенти. Во 100g фино сомелена палента, од која можат да се направат и 3 оброци, има околу 270 калории:

 

  • 53g јаглехидрати
  • 7g растителни влакна
  • 0g шеќери
  • 0g масти
  • 7g протеини
  • 1,2mg железо

 

Повеќето типови палента се збогатени и со други витамини и минерали, за да се подобри нутритивниот профил. Ако се подготвува од полнорнесто брашно, палентата содржи и помали количества од повеќе минерали, како магнезиум, цинк, бакар, калиум, но и витамин А и повеќе витамини од Б групата.

И покрај не толку импресивниот хранлив профил, палентата има повеќе корисни ефекти:

 

  1. Одличен извор на сложени јаглехидрати

 

Комплексните јаглехидрати се дигестираат многу подолг период, за разлика од простите (шеќерите). Така, тие нè одржуваат сити подолг период и ни помагаат да ги избегнеме шеќерните пикови, а потоа и наглите падови.

Скробот, најзастапениот полисахарид во палентата, е составен од амилоза и амилопектин.

25% од составот на скробот во палентата отпаѓа на амилозата, која важи за доста резистентна компонента на дигестијата. Истражувањата ја поврзуваат со здравите глукозни нивоа во крвта.

 

2. Добар извор на растителни влакна

 

Палентата е сосема солиден извор и на растителни влакна, особено ако е подготвена од полнозрнесто брашно.

Бенефитите од нив се најразлични, па така:

▫ Ја попречуваат работата на дигестивните ензими – со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето, а нè оставаат и постојано гладни. На тој начин се намалува и гликемискиот индекс на целокупната присутна храна во дигестијата.

▫ Влијаат на поуспешното заситување – освен преку регулрањето на глукозата (обезбедуваат нејзино постепено апсорбирање во крвотокот), фиберот делува на заситувањето и преку врзувањето на вишокот вода во стомакот.

▫ Го подобруваат дигестивно здравје –подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареа, запек, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, воспаленија итн. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

▫ Претставуваат храна за корисната цревна микрофлора – здравјето, односно балансот на цревната микрофлора е значаен предуслов не само за дигестивното, туку и за целокупното здравје на човекот.

▫ Можат да ги намалат холестеролните нивоа – значаен фактор за здравјето на срцето. Прочитајте повеќе во една од нашите претходни статии: Зошто е значаен липидниот профил?

▫ Имаат антивоспалително дејство – повеќе истражувања нѝ даваат податоци според кои можеме да видиме дека оние луѓе што имаат исхрана богата со фибер, имаат пониски вредности за CRP или Ц-реактивниот протеин.

3. Содржи повеќе антиоксидативни компоненти

Жолтото брашно од кое се добива палентата содржи повеќе антиоксидативни соединенција, односно хемикалии кои значително му помагаат на нашето тело во секојдневната борба со слободните радикали – метаболитичкиот отпад. Радикалите предизвикуваат оксидативен стрес, кој на долг рок води кон хронични воспалителни процеси (ризик-фактор за огромен број заболувања).

 

Најзначајните антиоксиданти на палентата се каротеноидите (зеаксантин, лутеин и други) и фенолните компоненти (флавоноиди и фенолична киселина).

Токму каротеноидите го даваат специфичното жолто обојување на палентата. Овие природни пигменти ги заштитуваат очите, но влијаат позитивно и на доста други аспекти од здравјето: придонесуваат за поздраво срце, го намалуваат ризикот од дијабет, од малигни заболувања и деменција.

 

Фенолните антиоксиданти пак, се одговорни за на моменти киселкастиот вкус на палентата. Истражувањата утврдуваат импресивни ефекти од редовниот внес на антиоксидантите од овој тип, особено по намалувањето на инфламацијата низ целото тело и здравјето на срцето и мозокот.

 

4. Не содржи глутен

Оваа информација е доста значајна за луѓето кои страдаат од автоимуното заболувања целијакија. Тоа се поединци на кои глутенот од храната им создава доста непријатности, па затоа мораат максимално да го избегнуваат. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

 

5. Одличен избор при процесот на слабеење

Како што претходно видовме, освен што има солидни количества на фибер и сложени јаглехидрати, што значително придонесува за полесна контрола на телесната тежина и слабеење, палентата има и 0g масти. Мастите се најсконцентрираниот извор на енергија за човекот, односно имаат најголема калориска вредност, во споредба со останатите макронутриенти (јаглехидрати и протеини).

Здрави комбинации за палента


Палентата е одличен додадок во различни оброци, на пример одлично се комбинира со печени свежи печурки, доматен сос, јогурт, во комбинација со различни теститени, со тиква, како еден вид прелив за различни салати итн. Во својата печена форма, палентата може да се комбинира исто така на повеќе начин, покрај познатиот качамак.,

Fibro Gel

Најважно е да се избегнуваат високите количества масла и сирења.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор