fbpx

5 причини зошто е корисно ПИВОТО, само без претерување!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Пивото е еден од најстарите и најраспространетите пијалаци низ светот. Toa e третиот најпопуларен и најконсумиран пијалак, по водата и чајот.

Се споменува уште во некои од најстарите познати ракописи. Кодот на Хамураби од 1754 п.н.е. содржел правилник со кој се регулира производството на пиво.

Пивото е алкохолен пијалак кој се прави со ферментација на житни растенија – најчесто јачмен, хмељ и пченка, а некогаш се користи и оризот. Јачината на модерните пива е меѓу 1 и 10 проценти алкохол.

"“Online”/

Сите сме го слушнале она: ,,Пивото е здраво.”. Но, дали е тоа вистина? Во моја мера? Кога е премногу?


Хранлива вредност

Иако често пивото се вбројува во пијалаци со ,,празни калории”, сепак содржи одредени количини минерали и витамини.

Во 350ml стандардно, светло пиво се содржат 150kcal, 1,5g протеини, 13g јаглехидрати, 0g масти, но и одредени количества од витаминот ниацин или Б3 (10% од дневните потреби), потоа витамин Б2 (7% од ДП), фолна киселина (5% од ДП) и помали дози на Б12 и пантотенска киселина.

Од минералите содржи магнезиум, фосфор и селен, но и помали количества калиум, железо и калциум. Ова го прави да биде добар извор на електролити, односно да помага при рехидратацијата.

Ваквиот состав се должи на житарките и квасецот од кои се добива пивото.

Содржината на алкохол во оваа количина е околу 14 грама.


Потенцијални корисни дејства

Малата, до умерена употреба на пивото, студиите ја поврзуваат со одредени здравстевни бенефити за човекот.

1) Може да придонесе за регулирање на глукозата во крвта

Според неколку студии, малата, до умерена консумација алкохол може да ја намали инсулинската резистентност – главен ризик фактор за дијабет тип 2.

Дополнително, една поголема студија со над 70 илјади волонтери, ја поврзува умерената консумација на алкохол (14 пијалаци неделно за мажи и 9 за жени) со дури 50% намален ризик од дијабет.

Сепак, интензивната употреба на алкохолни пијалаци (и оние со додадени шеќери), може од друга страна, значително да го зголеми ризикот од развој на дијабет.

2) Може да помогне за подобро кардиоваскуларно здравје

Умерената консумација пиво истражувањата ја поврзуваат и со намален ризик од срцеви заболувања.

Една студија, испитувала 36 волонтери со прекумерна телесна тежина, во период од 3 месеци. Умереното пиење пиво (1 чаша дневно за жени и 2 за мажи) ги подобрило антиоксидативните својства на HDL, односно ,,добриот “ холестерол, додека во исто време придонело за намалување на вкупното ниво на холестерол во крвта.

Други студии, за истата количина пиво на дневна основа, даваат податоци дека има ефект сличен на оној на црвеното вино.

Прекумерната употреба на алкохолот е ризична за срцето.

3) Пивото е добро за коските

Повеќе студии покажуваат дека умерената консумација пиво, води кон посилни коски кај мажите и жените во постменопауза.

4) Може да го намали ризикот од деменција и да помогне за подобра меморија

Освен што некои податоци ни укажуваат дека може да го намали ризикот од деменција, умереното пиење пиво според анималните студии, делува и на подобрената меморија.

5) Пиењето пиво може да помогне при метаболниот синдром

Истражувачите откриле дека ксантохумолот, флавоноиден антиоксидант најден кај хмељот – главнта, најчесто користена житарка за добивање пиво – може значително да ја подобри инсулинската резистентност кај луѓето со метаболен синдром, како и да ги подобри когнитивните способности кај пациентите со оваа состојба. Сепак, за подобрувањето на когнитивните способности биле користени огромни количини ксантохумол – количини кои ги има во неколку илјади пива.

Повеќе околу метаболниот синдром можете да прочитате во една од претходните статии.


Можни се и повеќе негативни ефекти од зачестеното пиење пиво

Накратко, здравствените ефекти од пиењето пиво не се во една насока.

Иако малите и умерени количини се поврзуваат со здравстевени бенефити, зачестеното пиење алкохол од било каков тип, па и пиво, може да води до долгорочни штетни последици, вклучително: алкохолизам, депресија, оштетување на црниот дроб, зголемена телесна тежина, малигни заболувања, помал животен век итн.

Постои мислење дека пивото е одлично после физичка работа или вежбање.
Веројатно тоа се должи на неговиот електролитен состав, односно неговиот придонес во рехидрирањето, но сепак во истражувањата алкохолот покажал негативни особини во однос на растот и опоравувањето на мускулите. За рехидрирање можеме да користиме и други електролитни пијалаци.

Имајте на ум дека и покрај нутритивната вредност на пивото и бенефитите од малата консумација алкохол, кој исто така се содржи во него, истите корисни дејства можете да ги добиете од различна друга храна, односно здрави намирници, полнозрнаста храна, свежа храна итн. Притоа, освен и повеќе други позитивни ефекти, од оваа храна нема никаков ризик од прекумерно внесување алкохол, а нема и ризик од зависност.

Fibro Gel

Ако сте љубител на пивото, светлото е подобар избор, бидејќи има помалку калории, а сличен нутритивен состав. Консумирајте го во помали количини, поретко, за да може и телото да ужива заедно со вас.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор