fbpx

5+ причини зошто ОРИГАНОТО не е само за пица!

tonus

Веројатно не постои кујна во Македонија којашто нема ,,резерви” оригано во ормарчето за зачини.

Ориганото е најпознато како неизбежен зачин за сите типови на пица. Сепак, неговата хранлива вредност оди многу подалеку од ,,обичното” ароматизирање на пиците. Овој зачин навистина го заслужува нашето внимание, а во продолжение ќе видиме зошто ова е случај.

Ориганото е цветна билка од семејството на нането, Laminaceae. Постојат над 40 варијанти, но за нас најпознатото оригано кое воедно поседува и најдобар здравствен потенцијал, припаѓа на видот Origanum vulgare.  Светската популарност ја стекнува заедно со пицата, но ориганото во минатото највеќе се користело во италијанската, турската и грчката кујна, кои се блиски и на нашата традиционална. Значи, потекнува од топлите краишта на Медитеранскиот регион, а во САД на пример, стигнува дури по втората светска војна.

"“Online”/

[Поврзано: Нане – 6 причини плус почесто да ја употребувате оваа билка!]

Листовите на ориганото се употребуваат како свеж, сушен зачин, а од нив се екстрахира и етерично масло. Со векови ориганото е користено од трацидионалната медицина за третирање на најразлични здравствени проблеми. Поседува специфичен ароматичен, топол, на моменти нагорникав вкус, кој во значителна мера зависи од климата и составот на почвата во која се одгледува.

Во последно време, науката потврдува низа на бенефити за кои ориганото било користено во минатото. Иако најдобрите ефекти по здравјето се постигнуваат со користењето на маслото, сепак и честата употреба на најобичниот сушен/свеж зачин се одразува особено позитивно на  нашиот организам.

Хранлива вредност

 

Сите типови на оригано имаат одлична нутритивност (сушен, свеж, масло). Да видиме каква е хранливата вредност на сушеното оригано кое се употребува најчесто.

Во 6g оригано, или околу 2 лажици, се содржат:

 

Покрај ова ориганото содржи и нешто помали концентрации од други значајни нутриенти, како витамини од Б групата (пред сè фолна киселина), витамин А, бакар, цинк итн.

Зошто е важно што е можно повеќе да употребуваме различни зачини?


Навиките за редовна употреба на различните зачини се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Извонреден антиоксидативен и антивоспалителен ефект

Поради својата одлична нутритивност и извонредниот антиоксидативен потенцијал, ориганото слободно може да се смета за супер-зачин помеѓу семејството зачини.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

 

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како ревматоиден артритис, канцер, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, кардиоваскуларни проблеми итн.

 

Ориганото е особено богато со флавоноидни и фенолни антиоксидативни фитохемикалии. Анализите покажуваат дека помеѓу стотици билки, ориганото е во топ 3 со најголем антиоксидативен ефект (има од 3 до 20 пати посилен ефект од останатите зачини)!

 

Се смета за најдобриот извор на тимол, извонредно важен фенолен антиоксидант кој ја стимулира оптималната работа на дигестијата, а поседува и антимикробен ефект.

Други значајни антиоксиданти на ориганото:

 

Во анималните студии, ориганото покажува силен позитивен ефект кај заболувањата директно поврзани со инфламаторните процеси, како ревматоиден и авотоимун артритис, астма.

Сепак, ваквите резултати се во однос на концентрираните верзии на оригано (маслото) и потребни се истражувања на луѓето за да може да се заклучи дека ориганото е добро за овие заболувања.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]


Силен антимикробен ефект

Покрај антиоксидативниот и антивоспалителен ефект, ориганото во сите свои форми (особено маслото) поседува и антимикробен дејство.

Бројни студии укажуваат на овој факт. На пример, според едно истражување, маслото од оригано поседува особено силни антибактериски својства во однос на бактериите од видот E.coli, што би значело дека ориганото може да се користи како помошен третман за проблемите поврзани со овие бактерии. Можеби во помали концентрации, но антиоксидативните компоненти кои го овозможуваат ваквиот ефект, се присутни и во оригано зачините.

[Поврзано: Повторувачки УРИНАРНИ инфекции – превенцијата е клучот!]

Споменатиот моќен антиоксидант карвакрол, во истражувањата покажал значително антивирусно дејство, што би можело да придонесе во превенцијата и намалувањето на траењето на одредени вирусни инфекции.

[Поврзано: 7 знаци дека се соочувате со КАНДИДА и како да се бориме со неа!]

Антидијабетично дејство

Бројни компоненти од ориганото значително допринесуваат во успешното контролирање на дијабетот.

Едно истражување покажува дека екстрактот од оригано помага во:

Дополнително, постојат анимални студии што укажуваат дека екстрактот од оригано може да ја подобри состојбата со дијабетот тип 1 (автоимуно заболување).

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

Се смета дека ориганото може да придонесе за подобрување на состојбата и при:

 

Есенцијалното масло од оригано, при:


И покрај тоа што не постојат цврсти докази дека ориганото може директно да помогне за повеќето од наведените состојби, сепак угледни здравствени институции, како американскиот национален институт за здравје (министерството за здравство на САД), препорачуваат често користење оригано, бидејќи постојат индикации дека може да биде од некаква помош. Од друга страна, ориганото во било која форма не може да ни наштети.

Совети за користење

 Освен за пиците, свежото и суво оригано можете да го употребувате и за:

  • Салати и салатни сосови
  • Тестенини
  • Печени и варени зеленчуци (супи)
  • Чорби и оброци од различни мешунки (леќа, грав, грашок, наут..)
  • Подготовка на риба
  • Маринади
  • Печено месо

Ориганото оди добро во комбинација со: ладно цедено маслиново масло, сув лук, жалфија, мајчина душичка, бибер, босилок итн.

За максимално да го искористите вкусот, но и нутритивноста, додавајте го ориганото на крајот од печењето. Свежото оригано, сечкајте го ситно и додавајте го зачинот постепено за да знаете кога е доволно.

Пред користењето на етеричното масло од оригано, секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар, особено ако се соочувате со одреден здравствен проблем.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор