fbpx

5+ причини зошто секогаш треба да имаме кумин во ормарчето со зачини

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Куминот е зачин направен од сушеното семе на цветното, едногодишно растение од видот Cuminum cyminum. Овие билки се типични за Медитеранскиот регион, но и за пределите на Азија.

Во денешно време, зачинот кумин е застапен ширум светот и се користи за зачинување на најразлични оброци – супи, печени јадења, маринади, салати, но и за правење на други зачини, како познатиот мексиканси чили зачин или за кари зачинот. Поседува специфичен, топол и силен вкус кој е и помалку пикантен и ,,земјен”. Куминот може да се најде како целозрнест или фино сомелен.

Во минатото, куминот се користел за најразлични намени и во традиционалната медицина, а во денешно време се појавуваат сè повеќе и повеќе истражувања што ги потврдуваат неговите корисни ефекти.

"“Online”/

 

Зошто е важно повеќе да користиме зачини во секојдневната исхрана?

 

За среќа, во денешно време повеќето зачини се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата во нашите кујни. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, кумин, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Денес ќе зборуваме за извонредните карактериситики на зачинот кој сè повеќе добива на популарност: куминот.

Fibro Gel

 

  1. Исклучителна нутритивна вредност

 

Куминот е одличен антиоксидативен извор. Неговите главни растителни компоненти или фитохемикалии се терпените, фенолните компоненти, флавоноидите, кумарини и алкалоидите.

Голем дел од нив се моќни антиоксидативни средства. Веројатно многупати сте чуле за антиоксидантите, но дали знаете зошто овие материи се толку важни за нашето здравје?

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки и ткива на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите огромниот дел од најчестите хронични заболувања како: ревматоиден артритис, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, како Алцхајмер,  кардиоваскуларни проблеми, малигни заболувања, дијабет итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

Генерално, како и кај повеќето други зачини, така и кај куминот, најголем дел од корисните ефекти се должат токму на неговите антиоксидативни фитохемикалии.

Но, хранливата вредност на куминот не ,,запира” тука. Овој специфичен зачин, покрај сосема малите количества масти, протеини и јаглехидрати (растителни влакна), содржи и низа микронутриенти, односно витамини и минерали, пред сè(во 6g или околу 1 лажичка):

 

 

Покрај ова, во куминот, во нешто помали количества се содржат и: бакар, цинк, фосфор, витамин Е, витамини од Б групата итн.

 

 

  1. Подобро дигестивно здравје и поуспешен процес на губење килограми

 

Во традиционалната медицина, куминот најчесто се употребувал за намалување на стомачните болки. Денес, истражувањата го потврдуваат неговиот позитивен ефект во оваа насока, односно велат дека употребата на куминот, помага во оптимизирањето на работата на дигестивниот систем на човекот.

Куминот го интензивира лачењето на жочна киселина од црниот дроб, што помага за полесна дигестија на маснотиите и некои други компоненти на храната. Дополнително, истражувањата укажуват дека почестото користење на кумин, може да помогне при честото дигестивно заболување – синдромот на нервозни црева.

 

[Поврзано: ,,Нервозни црева” – како да го препознаете овој синдром?]

 

Почестото користење на било кои зачини во исхраната, може да допринесе во процесот на слабеење, заради тоа што ја прави нискокалоричната, здрава храна доста поприфатлива и го поттикнува  полесното заситување. Но, треба да се напомене дека постојат повеќе студии кои поконкретно укажуваат дека редовната употреба на кумин, може значително да придонесе кон поуспешното намалување на килограмите.

 

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

На приер, една студија од 2014 година, вели дека секојдневната употреба на 3g кумин во комбинација со јогурт, во период од 3 месеци, помогнало за значително намалување на килограмите, односно обемот на струкот и масното ткиво кај жените што имале проблеми со килажата.

 

  1. Потенцијално антидијабетично дејство

 

Одредени фитохемикалии на куминот во истражувањата покажале својства кои се од помош за лицата со дијабет.

 

Така, една клиничка студија покажува дека суплементирањето со концентриран кумин, ја подобрува ситуацијата со почените индикатори на дијабет кај гојазните пациенти.

 

Еден од начините според кои дијабетот ги оштетува клетките во организмот е преку дејствувањето на т.н. AGE продукти, што всушност се протеини или масти кои се ,,оштетени” од преголемото присуство на шеќери во крвта. AGE продуктите се создаваат во крвотокот при високо ниво на шеќер кое трае подолг период, најчесто при состојба на дијабет.

 

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС?]

 

Формираните AGE продукти, имаат потенцијал да ги оштетат очите, бубрезите, нервите и малите крвни садови. Затоа лицата што страдаат од дијабет, мораат многу повеќе да внимаваат на споменатите аспекти од нивното здравје.

 

Едно истражување утврдува дека куминот може значително да ја намали концентрацијата на штетните AGE продукти во крвта. Важно е да се каже дека овие податоци се добиени по лабораториски анализи, но постојат клинички студии според кои употребата на куминот, односно неговиот поконцентриран екстракт, може значително да помогне за поуспешно контролирање на глукозата во крвта.

Така, куминот се препорачува за лицата со дијабет, како што се препорачуваат и другите зачини, а особено коријандерот. Зошто е тоа случај, прочитајте.тука

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

  1. Подобро кардиоваскуларно здравје

 

И овој позитивен ефект на куминот главно се должи на неговиот извонреден антиоксидативен потенцијал.

 

Истражувањата покажуваат дека редовната употреба на овој зачин може да придонесе за намалување на триглицеридите и холестеролот во крвта.

 

Куминот придонесува за кардиоваскуларното здравје преку:

 

  • Антивоспалителниот ефект
  • Минералната содржина
  • Поуспешната контрола на телесната тежина
  • Контролирањето на AGE продуктите
  • Поттикнатата намалена употреба на солта

 

Имено, едно истражување вели дека секојдневното земање 150mg кумин, во период од 2 месеци, придонесуваа за намалување на вишокот триглицериди во крвта.

 

[Поврзано: Зошто триглицеридите во организмот ни се важни?]

Повеќе други научни студии велат дека редовната употреба на куминот може да го намали и т.н. ,,лош” LDL холестерол во крвта.

 

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво срце?]

 

  1. Силен антимикробен ефект

 

Покрај антиоксидативниот и антивоспалителниот ефект на куминот, тој поседува и особено потентен антимикробен ефект.

 

Уште од далечното минато, луѓето увиделе дека куминот придонесува за значајно продолжување на рокот на храната. Така, тој освен како засилувач на вкусот на различните јадење, користен бил и како конзерванс.

 

Денес, науката потврдува дека куминот во голема мера го запира размножувањето на различни штетни микроби, како патогени бактерии, и одредени видови на габи. При варењето на куминот во нашиот дигестивен систем, се ослободува компонента наречена мегаломицин, која поседува моќни антибиотски својства.

Дополнително, постојат студии кои велат дека куминот ја намалува антибиотската резистентност на одредени патогени бактерии.

Fibro Gel

Дополнителни, потенцијални корисни ефекти од редовната употреба на куминот:

 

  • Антистрес ефект – олеснување на симптомите на стресот, демонстрирано во одредени анимални студии.
  • Подобра меморија – поради антивоспалителниот ефект, односно заштита од оксидативни оштетувања на мозочното ткиво.

  • Превенција од анемија – поради големото количество железо кое го има куминот.
  • Може да придонесе за намалување на одредени типови зависност и да ги ублажи непријатните симптоми што се јавуваат по откажувањето – исто така покажано во анималните студии, но со ветувачко дејство.
  • Силно антивоспалително дејство – куминот содржи фитохемикалии што низ студиите се покажуваат како намалувачи на клучните воспалителни маркери, наречени NF – kappaB. Сепак, треба да се каже дека овие информации не ни се доволни за да знаеме дали самиот зачин е доволен или е потреба суплементација за остварување на овој ефект, па потребни се понатамошни истражувања во оваа насока..

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X