fbpx

5 причини ПЛУС да ја јадеме лубеницата

tonus

Летото сé повеќе зема замав, па температурите во наредниот период ќе одат далеку над 30тиот степен. За среќа, покрај разладувањето и освежувањето со вода, токму во овој период од годината ја имаме и лубеницата, типично летно овошје. За многумина, особено кај децата, лубеницата е омилената овошка и не постои ништо подобро од парче лубеница во жежок сончев ден.

Но, таа освен што ќе нé освежи и хидрира, преку својот богат хранлив состав ќе нѝ обезбеди и низа на корисни дејства за здравјето.

Иако се служи како сладок десерт, лубеницата всушност спаѓа во групата зеленчуци, заедно со тиквата, тиквиците, краставицата, дињата итн. Таа се одгледувала со векови, најпрво во Африка, а потоа и низ целиот Медитерански предел. Кај нас исто така се култивира подолго време, па може да се каже дека јужните предели на Македонија изобилуваат со високо-квалитетни лубеници.

"“Online”/

Сите сме свесни за униктниот сладок вкус и освежувачко дејство на лубеницата, но дали сте знаеле како таа делува во вашето тело? Во продолжение, главните причини зошто треба максимално да ја искористиме сезоната на вкусната лубеница и зошто треба ладната лубеница да биде замена за висококалоричниот и не толку нутритивен сладолед?

1) Богата хранлива вредност

Лубеницата е густо-нутритивна храна, односно една од овошјата со најмала концентрација на калории, само 45kcal во 150g, а од друга страна навистина богат извор на микронутриенти, како:
◦ витамин Ц – 21% од дневните потреби
◦ витамин А – 18% од ДП
◦ калиум – 5% од ДП
магнезиум – 4% од ДП
витамини од Б групата (Б1, Б5 и Б6) – 3% од ДП

Во нешто помали количества, лубеницата содржи и растителни влакна, железо, цинк, манган, селен, калциум, фосфор и некои други витамини од Б групата.
Исто така, лубеницата е богата со антиоксидативни компоненти, вклучително пигментите каротеноиди – бета-каротен и ликопен. Дополнително таа содржи цитрулин, многу важна аминокиселина, кукурбитацин Е, моќен антиоксидант кој студиите го поврзуваат со антиканцерогено дејство и низа други фитохемикалии.

2) Ја подобрува хидратација и ви помага при слабеењето

Пиењето вода е клучно за правилното хидрирање на организмот, особено во летниот период кога потребите од вода значително се зголемуваат. Затоа, периодов е уште  поважно да се пие вода, но и да се јаде храна богата со неа. Таква храна е свежата храна – овошките и зеленчукот.

Лубеницата содржи над 92% вода. Покрај растителните влакна, кои исто така се присутни кај лубеницата, водата помага да се чувствуваме сити. Поголемиот волумен внесена храна, промовира ситост, а со овој десертен зеленчук тоа можеме да го направиме без да внесеме многу калории.

3) Може да помогне во опуштањето при мускулни болки и воспаление по активностите

Споменатиот цитрулин, аминокиселина во лубеницата, може да ја намали мускулната болка. Често се користи и како суплемент. Иако студиите го утврдуваат ова, сé уште не е познат точниот механизам по кој цитрулинот помага за намалување на болките во мускулите.

Сокот од лубеницата ја подобрува апсорпцијата на цитрулин, па така и доколку се суплементира се препорачува јадење лубеница.


4) Лубеницата е добра за срцето


Кардиоваскуларните заболувања се број 1 причина за смртност во светски рамки, но и кај нас.

Промените во некои лоши животни навики, а особено усвојувањето на здрав и правилен начин на исхрана може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања, главно преку намалување на крвниот притисок и подобрување на липидниот профил во крвта.

Неколку компоненти од лубеницата имаат специфичен бенефит за здравјето на срцето.

Според студиите, ликопенот може да доведе до намалување на холестеролот и високиот крвен притисок, а да превенира и од оксидативно оштетување на холестеролот.

Според една студија од Финска, ликопенот може значително да помогне во одржувањето на еластичноста, односно да превенира од стврдување и задебелување на артериите.

Лубеницата содржи и цитрулин, аминокиселина која може да го зголеми нивото на гасот азотен моноксид во телото. Овој гас помага крвните садови полесно да се шират, што овозможува намалување на крвниот притисок. Дополнително, овој десертен зеленчук содржи и антиоксиданти, минерали и витамини кои се значајни за здраво срце, како магнезиум, калиум, витамин А, Б6, Ц итн.


5) Поздрави очи


Утврдено е дека ликопенот може да делува на поуспешното заштитување на очите од оксидативните оштетувања предизвикани од слободните радикали. На тој начин, лубеницата може да превенира од макуларна деградација, едно од најчестите причини за ослабениот вид со текот на годините. Макуларната деградација може да води и кон целосно слепило.

Дополнително, лубеницата содржи и витамин и провитамин А, многу важни компоненти за одржување на здравјето на очите.

Некои други корисни дејства на лубеницата:

Храна која обезбедува намалени воспалителни процеси – заради богатиот антиоксидативен состав.

Добра храна за косата и кожата – добар извор на витамини А и Ц, важни за здравјето на кожата, главно заради заштитата од нејзино оксидативно оштетување и заради улогата на витамино Ц во синтезата на колаген, многу важен протеин за кожата.

Подобрена дигестија – големи количества на вода и солидно количество на растителни влакна.

Може да ја подобри состојбата при метаболен синдром

Добар природен диуретик – некои луѓе имаат потреба од користење на лекови наречени диуретици, кои помагаат во отстранувањето на вишокот вода и сол од организмот. Ова може да помогне при бубрежни заболувања, висок крвен притисок и некои други состојби. Лубеницата е помеѓу најдобрите природни диуретици.

Добра храна за здравјето на нервниот систем – содржи специфична антиоксидативна компонента наречена холин, која студиите ја поврзуваат со подобро здравје на мозокот и нервниот систем.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор