fbpx

5 ризични навики при покачен шеќер во крвта

tonus

Секој од нас понекогаш превзема постапки кои и не се баш најздрави, иако можеби е свесен за тоа. За среќа, нашето тело има неверојатна способност да нѝ ,,простува”, но сето тоа е до одредени граници.

Кога ваквите ,,нездрави” постапки ќе преминат во навики, тие можат значајно да го нарушат нашиот систем и всушност да направат организмот да биде во зголемен ризик од дијабет, многу потешко да се справува со постоечкиот дијабет или пак биде зголемен ризикот од развивање на компликации од него.

Ако имате чувство дека повторно и повторно ,,запаѓате” во некој тип на ваква ризична навика, можеби е време да размислите за начинот на кој го контролирате дијабетот и да побарате помош од стручни лица. Лошите навики при дијабет можат да имаат долгорочни негативни последици, па затоа не треба да се игнорираат.

"“Online”/

Во продолжение, 5 чести примери на ризични навики, кога станува збор за дијабет тип 2.

1) Диети

Проблемот со дијабетот најчесто е придружен и со повишена телесна тежина, па во намерата да ја намалат, луѓето посегнуваат по најразлични диети. Диетите никогаш не се решение, тие се нов проблем!

Заради самата природа на диетите, пациентите со дијабет, како и сите останати практикувачи на диетите, влегуваат во циклус или т.н. Јо-јо ефект, кој подразбира постојани поголеми варијации во телесната тежина. Повеќе за овој ефект можете да прочитате во една од нашите претходни статии: Што претставува јо-јо ефектот на диетите и зошто е толку штетен?

Постојаните држења диети (неодржлива, најчесто несоодветна и претерано нискокалориска исхрана) и потоа враќањето на нездравата исхрана од претходно, можат да го ,,збунат” телото, односно постојано да влијаат негативно на метаболизмот. Ваквите влијанија водат кон наглите промени во телесната тежина, кон намалено енергетско ниво, хормонски дисбаланс и можеби најважното за дијабетичарите – нагли и постојани промени на нивото на шеќерот во крвта.

Одредени диети кои комплетно ги елиминираат јаглехидратите, всушност можат да бидат опасни за пациентите со дијабет, особено за оние кои земаат инсулинска терапија или друга терапија за дијабет.

Ако постојано ве измачува јо-јо ефектот на диетите и барате трајно решение за вишокот килограми, како и постојана добра контрола на шеќерот, побарајте помош од професионалец. Најдобрата ,,диета” е одржливата, онаа која ќе ве задоволи, нема во ниеден момент да ве остави гладни и ќе ги поддржи сите ваши цели во однос на здравствената состојба. Не постои една иста исхрана која е одлична и применлива за сите. Сите не сме исти.

2) Невнимателна консумација на алкохолни пијалаци

Претераната консумација на алкохол, особено во пократки периоди е опасна навика за сите, но посебно за оние кои живеат со хронични заболувања, како што е дијабетот. Ваквата навика го прави контролирањето на глукозата во крвта крајно тешко. Не само што претераното пиење го зголемува нивото на шеќер во крвта, туку може исто така да ја зголеми инсулинската резистентност (отпорност).

3) Неактивен или седечки начин на живот


Сите знаеме дека редовната физичка активност е добра од повеќе здравствени аспекти, помеѓу кои и за контролирање на дијабетот. Во последно време, важноста на физичката активност станува сè појасна. На пример, едно истражување покажува дека предолгото седење може да биде опасно исто колку и пушењето!

Водењето на активен животен стил е клучно за подоброто менаџирање со дијабетот, но и за многу други живото-загрозувачки состојби и заболувања. Во една студија од Велика Британија, истражувачите заклучуваат дека само 2 неделното отсуство на физичка активност, може да направи значителни промени во телото, вклучително повисоки нивоа на триглицериди (масти) и зголемена инсулинска резистентност (отпорност).

Добрата вест е дека не мора да бидете маратонец или да посетувате теретани за да бидете доволно физички активни, во целта да останете здрави.

Дури и најмалите умерени активности, како прошетките од половина час, но секој ден, ќе ви помогнат значително да го намалите ризикот од низа хронични заболувања (помеѓу кои и од дијабетот), но и полесно да ги контролирате состојбите како дијабет.

На следниот линк, дознајте подетално зошто пациентите со виски нивоа на шеќер во крвта МОРААТ да бидат физички активни – Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта.

4) Неконтролиран стрес

Стресот е практично неизбежен, особено со денешниот ритам на живеење, но како ќе живеете со стресот, односно начинот на кој ќе ,,менаџирате” со него е помеѓу клучните работи кои ќе ја определат вашата подложност за развивање здравствени нарушување зависни од стресот. Состојбите како покачен крвен притисок, намалена инсулинска сензитивност и зголемена телесна тежина, помеѓу останатото, се поврзуваат и со неконтролираниот стрес.

Дополнително, живеењето со хроничен стрес, значи и нарушување на сонот, зголемена веројатност од емотивно прејадување и хормонски нарушувања. Сето ова значително го отежнува одржувањето на нормалните нивоа на шеќер во крвта во секојдневнието.

За кратки совети како да го контролирате стресот кој води кон гојазност, кликнете тука.

5) Честа неподготвеност

Иако можеби живеат со дијабет целиот свој живот, доста често голем дел од пациентите се соочуваат со неподготвеност за справување со пиковите и наглите падови на шеќерот во крвта.

Секако, постојаното високо ниво на шеќер во крвта е лошо и непосакувано, но и прениските нивоа се опасни и непријатни.

Секогаш треба да бидете подготвени за флуктуациите или наглите промени на глукозата во крвта. Тоа значи, секогаш со себе да си носите некакви ужини, каде и да одите.Дали тоа ќе бидат јатки, некакви овошки, овошен јогурт или што и да е (секако, здрава храна), морате секогаш да имате нешто ,,при рака”, во случај да треба да го стабилизирате нискиот шеќер помеѓу оброците.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор