fbpx

6 научно потврдени причини зошто треба да јадете БОРАНИЈА

tonus

Боранијата е една од најстарите одгледувани култури. Воедно, оваа мешунка се вбројува во најгусто-нутритивните храни што постојат, односно содржи нешто под 30 калории во 100g, а од друга страна е навистина богат извор на низа микронутриенти, како железо, калиум, магнезиум, калциум, витамин А, К, Ц итн. Таа има слична хранлива вредност како бамјата и грашокот.

Постојат над 130 видови боранија, во различни бои (зелена, бледожолта, виолетова, црвенкаста и со шарени траги) и облици. Најчесто се култивира на далечниот исток, но се одгледува и кај нас во Македонија. Најзастапени се видовите лоди, нерина, италијанска и кинеска боранија.

Може често да се сретне во домашната кујна во различни рецепти, а низ маркетите може да се најде и во конзерва и замрзната форма.

"“Online”/

Боранијата е особено здрава мешунка која дефинитивно треба многу често да биде пристуна на трпезата, особено периодов кога и е сезоната.

6 научно-потврдени причини зошто треба да јадете боранија:

1) Боранијата има богата хранлива вредност

Повеќето студии покажуваат дека исхраната генерално базирана на храна од растително потекло, храна како што е боранијата, е исхрана која го намалува ризикот од гојазноста, дијабетот, срцевите заболувања и смртностам, генерално гледано.

Боранијата покрај тоа што е добар извор на фосфор, магнезиум, калиум, калциум, железо и витамини: Б9, А К и Ц, тaa е одличен извор и на растителни влакна (околу 2g на 100g), а содржи и протеини.

Сепак, треба да се внимава со конзервираната боранија, која содржи и многу високи проценти натриум, па најдобро е да убаво да се исцеди пред употреба или наместо неа, да се употребува смрзнатата боранија.

2) Антиоксидативен и извор на хлорофил

Како и сите сродни мешунки, боранијата содржи одреден процент на антиоксидативни компоненти, покрај споменатите витамини А и Ц, а тоа се флавоноидните антиоксиданти, како и лутеин, бета-каротен, виолаксантин и неоксантин. Нивоата на овие на споменатите компоненти се слични како кај богатите антиоксидативни зеленчуци, како морковите, на пример. Ова ја прави боранијата одлична храна и за здравјето на очите.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

3) Добра храна за здравјето на срцето

Една порција со зготвена боранија содржи околу 4g растителни влакна, од кои добар дел растворливи. Овој тип на фибер може да помогне за намалување на ,,лошиот” LDL холестерол и вкупниот холестерол.

Исто така, боранијата може да придонесе за поздраво срце и преку намалување на високиот притисок и намалување на хроничната инфламација (на крвните садови), што пак се должи на споменатиот антиоксидативен состав (флавоноидите).

4) Боранијата е добра храна за слабеење, но и за дигестивното здравје

Како една од најгусто-нутритивните храни, боранијата содржи добар процент растителни влакна и вода, но и протеини. Тоа ја прави особено погодна храна при слабеењето. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваа гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.


5) Одлична храна за здрави коски

Намалениот внес на витамин К и калциум студиите цврсто го поврзуваат со нарушено здравје на коските и нивна полесна кршливост.

Соодветното внесување на витаминот К и калциумот е клучно за метаболизмот на коските. Боранијата е храна која што е богата со споменатите хранливи материи. Дополнително, таа е богата и со витамин Ц, протеини, магнезиум и фосфор, компоненти кои се исто така важни за здравјето на коските.

Една порција подготвена боранија обезбедува над 20% од дневните потреби за витаминот К и околу 5% од потребите на калциум.

Сепак, треба да се знае дека мешунките, зеленчуците и останатата здрава храна не е здрава само заради конкретни здрави нутриенти, туку пред сé е здрава како целина.

Добар пример зошто е ова вака е послабиот ефект на изолираните корисни компоненти од свежата храна, односно послабиот ефект на добиените суплементи во однос на самата употреба на свежата храна од која се излоирани. Секако, суплементите некогаш се значајни, но доколку немате некаков конкретен проблем со дефицит од нутриенти, подобро е да јадете разновидна свежа храна, наместо редовно да суплементирате.

6) Храна која допринесува за здрава бременост

Жените кои се во периодот на бременост имаат потреба од повеќе железо и витамин Б9. Недостатокот од овие микронутриенти може да биде навистина проблематичен особено во овој период.

Боранијата е храна која содржи солидни количества од овие значајни компоненти, па затоа е важно да се консумира во периодот на бременост.

Дополнително, оваа мешунка содржи и витамин Ц, што придонесува за полесна апсорпција на железото во дигестијата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор