fbpx

6 причини зошто да си наберете ЛИПА додека ја има!

tonus

Пријатниот и уникатен мирис на липите е типичен токму за овој период од годината. Но, прошетките покрај овие дрвја не се единствената можност за уживање пријатните мириси. Тука е чајот од липа.

Иако кај нас чаевите најчесто се пијат во сезоната на грипови, односно кога имаме пониски температури од доцна есен, па до почетокот на пролетта, сепак пиењето чај е еднакво корисно и во лето. Во една од претходните статии зборувавме зошто е тоа случај. Нешто повеќе за пиењето чај на лето, можете да прочитате тука.

За подготовка на чајот се користат сушените цветови од липата кои се берат непосредно по цветањето во Јуни месец. Постојат многу видови на чаеви од липа во филтер-кесички, но цветовите можете и самите да си ги сушите на темно место.

"“Online”/

Во традиционалната медицина чајот од липа бил употребуван за најразлични здравствени состојби(нервоза, настинки, висок притисок, подобрена дигестија), но најчесто биле искористувани неговите седативни својства(смирување на нервниот систем).

Во продолжение, 6 научно-потврдени причини зошто чајот од липа треба почесто да го пиете:

1) Антиоксидативно дејство

Цветовите на липите содржат вид на антиоксиданти наречени флавоноиди, од кои најзначајни се тилиросидот, кверцетион и кампферолот.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

2) Релаксирачко дејство

Пиењето чај може да биде ритуал или навика која пријатно делува на намалување на стресот.

Сепак, смирувачкото и пријатно дејство од пиењето чај од липа оди малку над она што можат да ни го понудат посекојдневните чаеви.

Во традиционалната медицина чајот од липи  се користел за смирување и намалување на симптомите на анксиозноста, а студиите денес велат дека ваквите позитивни дејства се можни.

Анималните студии покажуваат дека екстрактот од цветот на липа има навистина моќно седативно дејство. Тие заклучуваат дека овој екстракт поседува активност која е многу слична на една аминобутерна киселина, хемикалија синтетизирана во мозокот со задача спречување на престимулираноста на човековиот нервниот систем. За механизмот според кој ова се одвива, потребни се повеќе истражувања.


3) Ја ,,смирува” дигестијата

Како и секој топол чај, така и чајот од липи нуди пријатно чувство на топлина и хидратација. Овие две работи можат да помогнат за подобра дигестија, односно за подобро движење на храната низ цревата- цревна перлистатика.

Во едно истражување кое испитувало деца со дијареа предизвикана од антибиотско-отпорни бактерии, тилиросидот покажал одредени антибактериски својства. Сепак, директна каузална врска сé уште не е најдена, но индикациите се добри.

4) Може да помогне за намалување на крвниот притисок


Некои од компоненти на цветот од липа, како што се тилиросидот, рутосидот и хлорогеничната киселина, во повеќе истражувања се покажале како намалувачи на високиот крвен притисок.

Една анимална студија на лабораториски глувци покажува дека тилиросидот, моќниот антиоксидант на липата, делува на калциумовите канали во срцето. Калциумот игра значајна улога за правилните срцеви контракции.

Сепак, за ефектите на цветот од липа на високиот крвен притисок треба повеќе да се истражуваат за да се дојде до целосно релевантни податоци.

5) Чајот од липа може да ги намали умерените болки

Хроничните умерени болки измачуваат милиони луѓе низ светот.

Анималните студии велат дека тилиросидот во поголеми количества може значително да ги намали болките и отоците.

Една пак студија која за волонтерки има пациентки со дијагностициран ревматоиден артритис, заболување кое се карактеризира со хронично болни и вкочанети зглобови, утврдува дека суплементирањето со кверцетин, антиоксидант кој е присутен во чајот од цвет на липа, значително ги намалува болките и инфламаторните маркери(индикатор за состојбата) кај испитаничките.

6) Подобар сон

Квалитетот и траењето на сонот се значителен фактор за општото здравје.

Чајот од липа често се користел во традиционалната медицина за полесно заспивање. Во поново време, постојат повеќе истражувања кои го потврдуваат ова дејство што се базира на веќе споменатите седативни дејства на чајот од липи.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор