fbpx

7 знаци дека се соочувате со КАНДИДА и како да се бориме со неа

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Природната човекова микрофлора не е составена само од бактерии, туку од низа на различни микроорганизми, помеѓу нив и фунгите, вклучително квасците од родот Candida (Кандида).

"“Online”/

Кандидата, во помали количества, типично е застапена во усната празнина, кожата, женските гениталии и тенкото црево.

Во нормални, помали концентрации, не би требало да создава никакви проблеми. Но, сепак, ако почне неконтролирано да се размножува, може да доведе до одредени инфекции, наречени кандидиjази.

Кога и на кој начин настануваат проблемите или самата инфекција со овој квасец?

Најчесто, корисните бактерии од микрофлората, го држат под ,,контрола” растот на Кандидата. Сепак, доколку дојде до некакви нарушувања во микрофлората или во дејството на имуниот систем, Кандидата може да почне интензивно да се размножува.

Во продолжение 7 најчести и научно потврдени ризик-фактори, кои водат кон неконтролиран раст на Кандида и инфекции:

• антибиотска терапија
• исхрана пребогата со шеќери и рафинирани јаглехидрати
• претерана консумација на алкохол
• нарушена функција на имуниот систем
• орална контрацепција
• дијабет
• високо ниво на хроничен стрес

Fibro Gel

Проблемите по здравјето кои може да ги предизвика инфекцијата со овој микроорганизам се најразлични. Во продолжение 7 симптоми, по кои можете да ја препознаете инфекцијата со Кандида:

1) Инфекција во устата

Ваквата инфекција најчесто се развива кај бебињата, повозрасните и оние со нарушен имунитет. Исто така, под ризик се оние кои не ја одржуваат доволно личната хигиена.

Нејзините симптоми се бели, забележителни плаки по должината на јазикот, но и по внатрешноста на образите, непцата, крајниците или грлото.

Ваквите лезии можат да предизвикуваат и болки, но и да крварат при погруб контакт.
Во полош случај, инфекцијата може да се прошири и на езофагусот, па да предизвика и болки при голтањето.

2) Силно чувство на замор

Еден од најчестите симптоми на инфекција со Кандида е хроничниот, необјаснив замор.

Иако не постојат докази дека Кандидата може да предизвика замор, сепак има неколку начини според кои таа може да придонесе за ова чувство.

Прво, кандидиазите најчесто се пропратени од некаков недостаток на некои хранливи материи, како на пример витамин Б6, магнезиум, омега 3 масни киселини итн. Недостатокот на магнезиум, може да предизвика чувство на замор.

Второ, инфекциите со Кандида, често се случуваат кога имунитетот е ослабнат. Оваа состојба, исто така може да води кон чувство на хроничен замор.

3) Уринарни и венерични инфекции кои се повторуваат

Кандидата може да биде природно присутна во вагиналниот тракт на жените. Неконтролирано зголемениот број на овој микроорганизам, може да предизвика кандидијаза на вагината.

Се проценува дека 75% од жените, барем еднаш во текот на животот, развиваат ваква габична инфекција, а половината од нив, ќе имаат барем уште едно повторување на инфекцијата.

Симптомите на оваа инфекција се: црвенило, интензивно чешање, болки при односи и бела течност која излегува од вагината.

Иако поретко, кандидиази се можни и на уринарниот тракт. Најчести се кај повозрасните лица, пациентите во болниците и оние со нарушен имунитет.

Симптомите се: болки при мокрење, честа потреба за мокрење, заматена и мокрача со нетипичен мирис и болки во долниот дел на стомакот.

Почест причинител на инфекциите со вакви симптоми сепак е бактеријата Escherichia coli, но соодветното тестирање, целосно ги разрешува дилемите.


4) Проблеми со дигестијата

Како што споменавме, Кандидата може да биде природно пристутна и во тенкото црево. Здравјето на целиот дигестивен систем во голема мера зависи од балансот помеѓу ,,добрите” и ,,лошите” бактерии од природната микрофлора.

Корисните или ,,добрите” бактерии ни помагаат во дигестирањето на некои компоненти кои ние не можеме да ги свариме, а се присутни во храната (недигестибилен скроб, растителни влакна некои шеќери итн).

Потенцијалниот дисбаланс во цревната микрофлора, може да доведе до инфекции со Кандида, кои можат да  предизвикаат дијареа, запек, гадeње, повраќање и грчеви и болки во стомакот. Последните истражувања покажуваат и дека кандидијазите во дигестивниот тракт, можат да бидат ризик фактор и за некои посериозни заболувања, вклучително улцеративен колитис и Кронова болест.

5) Синусна инфекција

Повеќето хронични синусни инфекции се сметаат за причинети токму од габите. Доколку синусната инфекција ви трае повеќе од 1 месец, како можен причинител е Кандида.

6) Кожни и инфекции на ноктите

Исто како и во стомакот, така и на кожата, присутни се повеќе други микроорганизми кои го ограничуваат растот на Кандидата. Промените во природната состојба на микрофлората на кожата од најразлични причини (претерано миење на кожата со различни препарати, дезинфекциони средства, средства за миење садови итн), може да доведе до неконтролиран раст, па и инфекции со Кандидата.

Инфекциите се можни било каде на кожата, но најчести се под пазувите и на препоните. Симптомите сe: црвенило, интензивно чувство на чешање и црвени пликови.
Слично, овие квасци можат да предизвикаат и инфекции на ноктите.

7) Болки во зглобовите

Ако инфекцијата со Кандида не се третира (или по тешки операции), нејзините клетки можат да навлезат во крвотокот и да циркулираат низ целото тело.

На тој начин можат да стигнат и до коските и зглобовите, предизвикувајќи ифекции (остеомиелитис) кои резултираат со болки, вкочанетост, но и зголемен ризик од артристис.

Како да се бориме против оваа инфекција?

Најдобриот начин на третирање и превенирање од повторна инфекција со кандидата е утврдување на причините кои довеле до неа.

Исхраната која ја имате има многу важна улога во одржувањето на природниот баланс во цревната микрофлора, што е значајно за превенирање од кандидиазите.

Исхраната богата со рафинирани шеќери и млечни производи може значително да го зголеми ризикот од неконтролираниот раст на Кандидата, но и на некои други ,,лоши” микроорганизми присутни во природната микрофлора и следствено, да предизвика инфекции.

Од друга страна, многу други видови на храна (пробиотска, полнозрнeста, свежа)  можат да го поддржат балансот на корисната цревна микрофлора и со тоа да го намалат ризикот од кандидијази. Следните неколку прехранбени продукти се покажале како успешни во борбата со кандидијазите:

• лук – поради содржината на антифунгалното соединение алицин
• куркума – низа од студии покажуваат дека нејзината компонента куркумин, може да помогне при кандидаза
• алое вера – може да превенира и други орални инфекции
• калинки
• комбуха чај
• пробиотици

Што е важно да се запамети?

Инфекциите со овие габи не се животозагрозувачки. Сепак, доколку не се третираат, клетките од Кандидата можат да навлезат во циркулацијата и да создадат поголеми проблеми во некои витални органи, како срцето и мозокот, пример. Затоа е важно да знаеме да ги препознаеме симптомите.

По интернетот, постојат различни типови на исхрана кои ветуваат решавање на проблемот. Треба да знаете дека не постојат цврсто научно поткрепени факти дека со исхрана можеме да излечиме кандидази.

Повеќето диети за ,,лекување” на инфекциите со кандида подразбираат исфрлање на рафинираните шеќери, млечните производи и општо, процесираната храна. Ваквиот пристап е корисен за општото здравје на човекот, но самото тоа нема да ја излекува габичната инфекција.

Секако, погоре споменатите намирници можат да помогнат, но само како додаток. Најдоборо е да се обратите кај лекарот, кој ќе ви даде соодветна терапија.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X