fbpx

7 мошне чести заблуди околу ширењето на инфекциите

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ширењето на коронавирусот кое сè уште не покажува знаци на запирање, но и сезоната на гриповите која е пред нас, ја зголемува загриженоста кај населението, па сите оправдано сме фокусирани на прашањето: Како да се заштитиме?

Веќе сите добро научивме колку се важни одржувањето на дистанцата, правилното миењето на рацете со сапун и топла вода и нивното дезинфикување кога не сме во можност постојано да ги миеме. Но, покрај овие докажани мерки за заштита од патогените (штетните микроби), во јавноста, а особено на интернет просторот, кружат многу информации и совети околу тоа како да ги избегнеме различните непријатни инфекции (посебно со појавувањето на коронавирусот).

[Поврзано: САПУНОТ – најдоброто оружје против короната
Зошто ,,ОБИЧНИОТ” сапун е подобар од АНТИБАКТЕРИСКИОТ?]

"“Online”/

Претходно зборувавме општо за најраспрстранетите митови поврзани со коронавирусот.
Денес, нешто повеќе за заблудите и лажните информации околу ширењето и начините на кои можете да се заштитите од различните штетни микроби (бактерии, габи, вируси..).


Заблуда број 1
: Носењето ракавици превенира од инфекции

Можеби на прв поглед излгеда сосема логично дека ракавиците помагаат, но тие не можат многу да нè заштитат од ширењето на инфекциите. Ако подобро размислите, ќе заклучите дека ракавиците се како ,,втора кожа”, што значи како што микробите можат да се најдат на кожата од вашите раце, тие можат да се најдат и на ракавиците.

Штетните микроби (освен оние кои водат до кожните инфекции) не нè напаѓаат и инфицираат преку кожата, таа е бариера за нив, исто како што се и ракавиците. Инфекциите доаѓаат доколку го допреме лицето со нечисти раце, па така тие ,,доаѓаат и од допирањето со нечисти ракавици. Ракавиците се користат во постерилни услови при оперативни зафати од малку поинакви причини.

Значи, за да нè заштитат, треба постојано да ги миеме или менуваме, како што ги миеме и рацете. Ќе се согласите дека тоа не е воопшто практично и логично.

Затоа, заклучкот е едноставен – ракавиците не нѝ се потребни, особен оние памучните.

Кога ракавиците се корисни и потребни?

При контакт со телесни флуиди со заразено (или потенцијално заразено) лице од некаква инфективна болест (крв, урина, столица, плунка итн.), при чест контакт со фреквентно или често допирани површини, тоалети, чистење на некакви валкани места итн. Секако, притоа не треба да го допирате лицето со ракавиците, а по нивното вадење, треба добро да ги измиете рацете со сапун и вода.

[Поврзано: Лицето несвесно го допираме 16 пати на час, како да се одвикнеме? ]

Заблуда број 2: Витаминот Ц може да ја излекува инфекцијата


Точно е дека витаминот Ц е многу значен, помеѓу другото и за имуниот одговор, а одредени студии укажуваат и на тоа дека суплементацијата со овој витамин може да го намали времетраењето на симптомите на настинка. Сепак, тој не е лек за микробни инфекции.

Експертите советуваат дека доволното одморање може значително да го намали периодот со непријатните симптоми.

Значи со одморањето, чаевите, здравата храна и со некои суплементите, како витаминот Ц на пример, си помагате за полесно да ја пребродите настинката, а не за да ја излекувате.

Заблуда број 3: Грипот е само лош тип на настинка

Иако е можно симптомите да се ,,преклопуваат”, сепак грипот може да биде значително поопасен отколку обичните настинки. Само во САД, годишно од компликации на грипот умираат над 35 илјади луѓе, а над 200 илјади имаат потреба од хоспитализација.

Да се надеваме дека сега популацијата е поинформирана околу заштитните мерки заради корона пандемијата, бидејќи истите тие важат и за сите останати респираторни инфекции, па и нивната стапка ќе се намалува. Како и од коронавирусот, така и од останатите вирусни респираторни инфекции, во поголем ризик се одредени групи на луѓе и тие треба да бидат повнимателни: повозрасни луѓе, трудници, деца и поединци со компромитиран имунитет или некакви хронични заболувања. Корона пандемијата уште еднаш нè потсети колку е значајна имунизацијата, односно вакцината која за среќа ја имаме за ,,обичниот грип”.

[Поврзано: Природни оружја против ,,обичниот” грип]

Заблуда број 4: Здравите луѓе немаат потреба од вакцина за грип, а таа може да им направи повеќе штета отколку корист

Како што веќе споменавме, одредени групи на луѓе се со зголемен ризик од компликации со инфлуенцата (или другите инфективни вируси) и кај нив е јасно дека е корисн да се имунизираат, односно вакцинираат, но и секој останат поединец е подложен на заразување со грип. Дополнително, ако не се плашите од иако малку веројатните, но можните потенцијални компликации, тогаш вакцинирањето има смисла бидејќи како носители можете да го пренесете вирусот на луѓе од ризични категории.

Заради овие причини, Американската агенција за превенција и контрола на болести, попозната како CDC, препорачува вакцинирање од грип на сите категории на луѓе (освен на бебињата помлади од 6 месеци).

Поради мутации на инфлуенцата, ревакцинациите се исто така препорачани, секоја сезона. Околу опасностите. Сите вакцини подлежат на нависина долготрајни процедури на проверка и одобрување, па нема некој голем простор за загриженост.

Заблуда број 5: Можете да третирате грип и други вирусни инфекции со антибиотици

Едно од најштетните погрешни тврдења. Антибиотиците делуваат исклучиво на бактериите и тоа селективно. Третманот на пациентите со грип, вирусни инфекции или коронавирус со антибиотици е заради можните придружни бактериски инфекции кои можат да се јават. Секако, тоа е по препорака на лекар. Немојте никогаш на своја рака да користите антибиотици, ниту пак по препорака од лекар доколу нема крвни тесотив кои јасно ќе укажуваат на бактериска инфекција.

Зошто прекумерното непотребно користење на антибиотиците може да биде толку штетно за човештвото, прочитајте тука.


Заблуда број 6
: Корона вирусот е ист како обичниот грип (инфлуенцата)

 

Точно е дека постојат низа на сличности, особено во лесната симптоматологија како кашлица, температура, но и потешките симптоми како пневмонија. Исто така, и обичниот грип може да биде фатален.

Сепак, целокупната слика вели дека Covid-19 заболувањето е многу посериозно. Досегашните студии покажуваат дека смртноста се движи од 1 до 3%. Оваа вредност кај обичниот грип е 6-10 пати помала.

 

Заблуда број 7: Гладувањето и избегнувањето на храната побрзо ќе ја запре инфекцијата

Иако еден од симптомите на грипот е намалениот апетит, сепак избегнувањето на храната при инфекциите и не е баш најпаметна идеја, освен ако не се работи за специфична стомачна инфекција.

Имуниот систем и сите органски системи на телото не само што сè уште имаат потреба од нутриенти и енергија, туку при гриповите и инфекциите таа е зголемена. Внесувањето течности е доста важно, па дури можеби и клучно. Пијте многу вода, чај и јадете супи.

Fibro Gel

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно ВОДА?
Изгубен апетит? Некогаш може да е сериозен знак]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X