fbpx

7 практични совети за заштита од зараза во ЈАВЕН транспорт

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Можеби многу работи околу новиот коронавирус сé уште не се јасни, но едно е сигурно: тој ќе биде со нас уште долго време. Затоа, препораките за носење маски, држење физичка дистанца, редовно и правилно миење раце, често дезинфицирање на рацете и фреквентните површини во домот, остануваат во најмала рака еднакво важни како и претходно и ќе треба да ни преминат во рутина.

Строгите рестриктивни мерки веќе подолго време не се на сила, но опасноста од вирусот е тука и не треба да се опуштаме. Со олабавувањето на рестрикциите, животот почна да се враќа во нормала, па така луѓето почнаа да одат на работа, а се одвиваат и речиси сите останати активности. Така, нужно се јавува и потребата од движење низ градските средини, односно потребата од јавен транспорт. Според светските искуства, затоврените непроветрени простори (како автобусите на јавниот превоз), во кои е тешко да се одржи дистанца, се ризичните места во кои треба да бидеме особено внимателни. Нешто повеќе околу најопасните жаришта за заразување со корона вирусот, прочитајте тука.

Во продолжение, 7 совети како да се однесувате и да го заштитите своето и колективното здравје во јавниот транспорт:

"“Online”/

1) Секогаш носете маска!

Овој вирус докажано се шири преку секретните капки, а некои студии укажуваат дека и микрокапките кои се задружуваат и до неколку часа во воздухот, можат да бидат инфицирачки. Само едно кивање или кашлање во дадена затворена просторија може биде инфективно за сите присутни.

Затоа, носењето маска треба да ни премине во навика, особено во затворени простории и во ситуации кога не може да се одржи физичка дистанца. Јавниот превоз е токму таков пример.

Од досегашните искуства, носењето маска се покажало како еден од најдобрите одговори што моментално ги имаме против ширењето на вирусот. На пример, земјите во кои носењето маска е задолжително и се почитува, имаат значително намалена стапка на ширење, во однос на земјите во кои тоа не е задолжително.

Fibro Gel

Дополнителни совети поврзани со носењето маска се: не го допирајте лицето и не ја местете маската постојано (најдете маска која ви стои цврсто и правилно), ако користите маски за една употреба, по употребувањето фрлете ги и носете очила за сонце со што ќе избегнете допирања на очите и лицето.

Носењето на маската до носот или под брадата, не може да се смета за ,,носење маска”. Маската мора да ги покрива устата и носот, инаку ја губи смислата.


2) Одржувајте социјална дистанца


Носењето маска не значи дека не треба да одржуваме дистанца од 2 метри. Секогаш кога имаме прилика, плус на носењето маска, треба да држиме и 2 метри растојание. Ова дополнително ќе го намали ризикот од контаминирање со вирусот.

Во автобусите на нашиот јавен транспорт, веќе има обележани седиштата за користење  помеѓу кои има соодветна дистанца, но често знаат да се создадат гужви. Гледајте да бидете барем на 1 метар од другите луѓе, при тоа носејќи заштитна маска.

Дистанца одржувајте и додека го чекате автобусот, а особено при самото влегување.

3) Избегнувајте да допирате било што во автобусот и минимизирајте го движењето во него

Сите знаеме дека вториот или индиректниот начин на инфицирање со вирусот е допирањето на потенцијално контаминирани површини, односно површини на кои е присутен вирусот и потоа допирање на лицето со нечистите раце. Затоа, обидувајте се да не допирате ништо во автобусот, бидејќи не можете да знаете кој ги допирал, се накашлал, кивнал или бил во близина на тие површини, пред вас.

Според досегашните студии, вирусот може да остане на цврсти површини од неколку часа, па се до неколку денови, во зависност од условите.

4) Немојте да јадете, пиете или нешто да грицкате во автобусите

Ова и онака не е пристојно да се прави, но брзиот начин на живот можеби ќе натера некого да има ужина во превозот. Сепак, во услови на пандемија, неносењето маска во затоврен простор (што се подразбира при јадењето) во кој има постојана брза фреквенција на луѓе, не е воопшто паметна идеја.

Кога јадеме, исто така почесто го допираме лицето, особено устата, а при јадењето на јавен простор поголема е и веројатноста да имаме нечисти раце (допираме сé и сешто).

5) Употребувајте средство за дезинфекција

 

Секое средство со над 70% алкохол е ефикасно. Некогаш е неизбежно да допреме некои делови од автобусот, како рачки за задржување, влезна врата, седиште итн, а немаме можност за миење на рацете. При вакви ситуации, идеална опција се средствата за дезинфекција.

За да го намалите и ризикот за другите, дезинфикувајте ги рацете и пред да влезете во автобусот.

6) Избегнувајте разговори, особено без маска

Често го користиме јавниот превоз со познаници, другари или колеги, но сега не е време за разговори одблизу на било кое место, а особено не во јавниот транспорт.

Само преку вообичаеното дишење, се емитуваат околу 20 вирусни единици во минута, што значи потребни се 50 минути за заразеното лице да ослободи 1000 единици вирус или инфективна доза. На тој начин, теоретски е потребно најмалку 50 минути престојување во просторија со заразен човек, за да се пренесе вирусот. Но, под услов секоја вирусна единица да ја вдишиме и да дојде до белите дробови, што е невозможно, значи потребно е доста подолго време. Носењето маска го превенира ова.


Зборувањето го зголемува бројот на емитираните респираторни секретни капки за околу 10 пати, значи теоретски, потребни се најмалку 5 минути за заразна доза при разговорот лице в лице.

Од сето наведено, може да се изведе заклучок дека продолжениот контакт е ризичен дури и во надворешна средина (каде струењето е посилно).

Изложеноста на вирусот х времето е формулата која треба да биде база за следењето на контактите со вирусот.

7) Разгледувајте други опции за транспорт

Ова важи за оние кои имаат таква можност и за оние кои се возат во линии во кои постојано има гужва. Една погодна можност, која придонесува и за вашето здравје е возењето велосипед до посакуваната дестинација (работно место или некоја друга).

Имајќи ја предвид претходно споменатата формула за заразување – изложеност х време, можете да практикувате и симнување неколку станици пред вашата дестинација и потоа пешачење. Пешачењето исто така има да ви понуди многу бенефити за здравјето кои и не сте ги очекувале.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X