fbpx

7 продукти ПОД 10 калории – идеални за слабеење!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Наспроти раширеното мислење, многу прехранбени продукти со ниска калориска вредност, имаат многу висока нутритивна или хранлива вредност. Ваквата храна е најчесто свежа (овошките и зеленчукот) и придонесува да имаме богата, здрава и балансирана исхрана.

Што е калориска, а што нутритивна или хранлива вредност?

Многу е важно да разграничиме калориска или енергетска вредност од она што значи нутритивна или хранлива вредност.

Кога се зборува за калориите, всушност се мисли на енергетската вредност на храната, а во прв план не се зема нејзинот потенцијал да нé здебели. Телото секојдневно има потреба од одредено количество енергија или калории за извршување на различните функции. Калориите не се самите по себе нешто лошо. Константниот нивен вишок води не само кон естетски, туку и кон здравствени проблеми.

"“Online”/

Хранливата вредност пак, реферира на разновидноста и количеството макро и микронутриенти. Макронутриенти се јаглехидратите, мастите и протеините, додека микронутриенти се минералите и витамините.

Според ова, не можеме да заклучиме дали една храна е нутритивна или не само врз база на нејзиниот калориски состав.

Во продолжение 7 вида храна со калориска вредност под 10, а од друга страна со особено богат нутритивен состав. Ваквата нутритивно сконцентирана храна е особено погодна при процесот на слабеење, но многу е важно таа секогаш да биде застапена на нашите трпези.

Fibro Gel


1) Спанаќ
(7 калории во една чашка)

Спанаќот е одличен за добра салата или ,,тавче”, но дали сте знаеле дека е одличен и за очите, коските, срцето итн. и дека се смета за еден од најздравите зеленчуци, воопшто?

Ваквите својства му ги овозможува неговиот богат нутритивен состав – моќните антиоксидативни средства, како лутеинот и зеаксантинот, провитаминот А, витаминот К, витаминот Ц, магнезиумот, калциумот, железото итн. Споменатите антиоксиданти ги заштитуваат очите од низа заболувања, го заштитуваат и срцето, ги зацвстуваат коските, а некои студии укажуваат дека спанаќот може да превенира дури и од одредени малигни заболувања.

Поради присуството на одредени антинутриенти кои ја отежнуваат апсорпцијата на минералите од храната, подобро е спанаќот да го јадете приготвен, отколку свеж, но и свеж е особено корисен.

Повеќе за фасцинантните бенефити од оваа нутритивно сконцентрирана храна, прочитајте тука.

2) Печурки (8 калории во половина чашка)

Печурките се особено популарни помеѓу луѓето кои имаат целосно растителна исхрана, поради нивниот типичен умами вкус, конзистенција и структура кои потсетуваат на месо, но и нутритивниот протеински состав.

Дополнително, постојат низа различни типови на печурки, со различни богати хранливи и вкусови карактеристики. Лисичарки, вргаљ, шампињони, буковка итн.

Повеќе за импресивните корисни дејства на буковката и вргањот, прочитајте на линковите.

3) Лук (4 калории, една главичка)

Неговиот исклучително богат и специфичен вкус го прави еден од најупотребуваните зачини ширум светот, а застапен е и во различни облици во речиси секоја традиционална кујна.

Во минатото се употребувал како лек за различни состојби, а според истражувањата, денес се смета за еден од најмоќните природни антибиотици. Повеќето позитивни дејства се должат на неговите антиоксидативни компоненти (пред сé алицинот)– лукот е добар за срцето, имунитетот, менталното здравје, здравјето на коските, косата, кожата, црниот дроб итн.

Повеќе за лукот, прочитајте тука.

4) Целер (6 калории во една стебленце)

Целерот може да се каже и дека има ,,негативна калориска вредност”, односно организмот троши повеќе калории во неговото метаболизирање, отколку што е самата негова енергетска вредност.

Иако овие тврдења не се целосно потврдени, факт е дека целерот има исклучително ниска калориска вредност, а од друга страна низа на импресивни дејства како резлутат на исклучителниот микронутритивен состав – витамини, минерали, антиоксиданти и различни фитохемикалии.

5) Марула (околу 8 калории во едно парче)

Марулата е многу добар пример за нутритивно сконцентрирана храна, богата со вода (над 95%) и микронутриенти, додека енергетски доста сиромашна.

Овој зелен лиснат зелечук содржи големи количини од витаминот Ц, Б9, А, К, но и од значајните минерали – калиум, магнезиум, калциум итн. Ваквиот состав и обезбедува импресивно позитивно дејство на срцевото здравје, коските, имунитетот итн.

6) Краставица (8 калории во половина парче)

Една од најосвежителните храни во летниот период е токму крцкавата и сочна краставица. Периодов е застапена на пазарите по погодни цени и навистина е штета редовно да не се консумира.

Огромниот процент на вода, растителните влакна и микронутритивниот состав ја прави краставицата погодна за најразлични здравствени аспекти, како кардиоваскуларно здравје, намален шеќер, здрави коски, кожа, но и за хидратација и слабеење.

Повеќе за овој импресивен зеленчук прочитајте тука.

7) Рукола (5 калории во една чашка)

Руколата е многу важен дел од медитеранската исхрана и со нејзино редовно консумирање можни се низа на корисни ефекти. Специфичниот вкус и конзистенција, ја прават руколата добра за салати, а често се користи и во смути напитоците.

Таа е богата со витаминот К, Б9, калциум, растителни влакна, антиоксиданти и најразлични фитохемикалии. Ваквиот состав ѝ овозможува низа на здравствени бенефити, од подобар имунитет и нервен систем, па се до поздрава кожа.

Fibro Gel

Сите наведени продукти кои се нутритивно сконцентрирана храна се особено погодни за додавање во смути напитоците, бидејќи имаат исклучително ниска калориска вредност, а додавајќи ги можете да ги внесете и сите потребни микронутриенти кои ви се потребни во текот на денот. Пријатниот вкус е само плус.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X