fbpx

7 совети како полесно да заспиете при многу жешко време!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Овој период од годината, термометрите многу често знаат да отидат и над 40-тиот степен. Ваквото жешко летно време, дури и во ноќите, може значително да нѝ ги отежни сите секојдневни активности, но има потенцијал да направи и поголеми штети. Затоа, во една од претходните статии се задржавме на тоа како да се справуваме со топлото време. Зборувавме и за тоа што се и како да избегнеме топлотна исцрпеност и топлотен бран.

За многумина, еден од поголемите проблеми при претопли услови е заспивањето и квалитетниот сон. Колку пати сте се мачеле да заспиете поради тоа што ви било премногу топло? Можеби сте се буделе испотени во текот на ноќта, заради чувство на нелагодност поради топлото време? Верувајте, дефинитивно не сте сами.

Веројатно решението изгледа едноставно – клима уред. Сепак, за многумина овие уреди не се омилени, односно им создаваат најразлини потешкотии. Тие можат да бидат и извор на одредени патогени, инфективни микроорганизми, доколку не се чистат редовно. Дополнително, некако изгледа нелогично да ја оставите климата да работи во текот на ноќта.

"“Online”/

За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги превземете  во целта да ја ,,победите” жештината и да заспиете полесно.

1) Не практикувајте дремки во текот на денот


Топлото време нè прави летаргични и заморени во текот на денот. Помеѓу другото, ова е и заради тоа што нашето тело користи повеќе енергија за регулирање на внатрешната температура.

Ако ритамот на сонот ви е нарушен, обидете се да избегнете дремки во текот на денот и ,,чувајте се” за вечерниот сон.

Fibro Gel

2) Одржете го дневниот ритам

Не дозволувајте топлото време да ве ,,извади од колосек”. Како што претходно споменавме, жештината знае да нè направи безволни и да нѝ ги отежни сите секојдневни активности.

Одложувањето на обврските и губењето на навиките во текот на денот, може да го наруши и ритамот на сонот. Затоа, обидете се да си ги задржите вообичаените навики, ритам на денот и секогаш да си легнувате во слично време.

3) Не заборавајте на основните работи

Можеби изледа логично, но многумина забораваат дека проветрувањето на собата и спречувањето на силните сончеви зраци во текот на денот, може многу да помогне во создавањето на поладни и попријатни (во крајна линија и поздрави) услови во собата кадешто спиете. Проветрувањето е корисно да се прави почесто и заради тоа што ги ,,разнесува” потенцијано присутните патогени и алергени во затворениот простор. Ова е доста значајно, особено сега кога сме во време на пандемија со коронавирус.

Отворете ги вратите и прозорците од собата, барем неколку часа пред да си легнете. Прозорецот може да остане отворен и во текот на целата вечер, доколку е навистина топло (сепак внимавајте).

Bо текот на денот не дозволувајте постојано силните сончевите зраци да продираат во собата. Спречете ги со затворање на ролетните или со завеси.

4) Користете тенки прекривки

Тенките памучни прекривки ќе ја апсорбираат потта. Зошто е ова значајно?

Колку и да е топло во собата, телото ќе ја намали својата температура во текот на ноќта. Заради овие причини некогаш се чувствуваме ладно веднаш по будењето. Прекривките ќе ја впијат потта, но ќе ве заштитат и од дополнителното ладење, особено ако прозорецот ви е отворен целосно, цела ноќ.

5) Пијте доволно вода

Пијте доволно вода во текот на денот, но избегнувајте да пиете поголеми количини на течности непосредно пред спиењето.

Не сакате да се разбудите сосема жедни, но веројатно не сакате и неколку пати да го посетувате тоалетот во текот на ноќта.

6) Внимавајте на пијалаците


Уште една причина зошто да не пиете газирани и сокови со додадени шеќери. Повеќето од нив, покрај нездравите додадени шеќери (празни калории), содржат и кофеин. Оваа компонента е позната по тоа што го ,,одложува” спиењето преку стимулирањето на централниот нервен систем.

Избегнувањето на кафето неколку часа пред спиење е исто така паметна идеја.

Многумина пијат повеќе алкохол кога времето е жешко. Тој можеби ќе помогне полесно да заспиете, но алкохолот ќе ви го наруши квалитетот на сонот (на пример, почесто ќе станувате за во тоалет), но ќе направи и порано да се разбудите.

7) Обидете се да се смирите

Ако не можете да заспиете, а се обидувате повеќе од 15-20 минути, немојте да бидете нервозни. Станете и направете некоја смирувачка активност. Прочитајте или напишете нешто, средете малку низ собата и чекајте да ви ,,дојде” сонот. Ако по повторното легнување, пак не можете да заспиете, повторете го истото (смирувачка активност).

Смирувачките активности, никако не подразбираат играње или читање на вашиот мобилен, лаптоп, таблет или било кој друг уред кој зрачи сина светлина. Ова важи и барем половина час пред да се обидете да заспиете. Сосема е можно тоа да е самата причина која не ви дава сон.

На крајот од статијата Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина, имате подетални совети околу тоа што може да помогне за подобар сон и заспивање.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X