fbpx

7 ЛЕСНИ начини за да потрошите 100 калории!

tonus

Кога ќе се спомене ,,физичка активност”, често пати луѓето помислуваат на некакви поинтензивни активности, теретани итн. Сметаат дека бенефитите за здравјето доаѓаат само од позахтевните активности. За среќа, тоа не е точно. За физичка активност се смета секое движење кое ќе ви предизвика забрзување на пулсот.

[Поврзано: Придобивки од физичката активност]

Не постои ,,најдобра” или оптимална физичка активност што важи за секого. За некого џогирањето е лесна активност, додека за друг и кратките проштеки се напорни. Најдобрата активност е онаа која вам ви е најинтересна и можете да ја практикувате на редовно ниво.

"“Online”/

Додека сме живи, не постои момент кога не трошиме калории

Дали сте размислувале околу тоа колку се потценувани во однос на трошењето калории секојдневните активности (движења), како на пример качувањето по скали, чистењето или готвењето?

Телото не троши енергија (калории) само при спортувањето, за секој потег и движење, потребно  ни е одредено количество енергија. Телото троши енергија дури и при мирување. Всушност, најголемиот дел од користената енергија отпаѓа на базалниот метаболизам, односно подмирување на енергетските потреби за соодветно одвивањето на виталните, базичните физиолошки процеси на организмот.

[Поврзано: Што се всушност КАЛОРИИТЕ и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?]

Во продолжение, 7 навистина лесни начини да согорите 100 калории во секојдневнието, без да спортувате. Можеби веќе ги имате овие активности, а не сте свесни дека трошите калории (продолжете со нив!)? Согорувањето на дополнителни 100, 200 или 300 калории во текот на денот, може да биде значително ако се додадат и оние потрошени калории од редовните прошетки, на пример.

[Поврзано: 10 совети како да СЛАБЕЕТЕ преку ПЕШАЧЕЊЕ
Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува МАСТИТЕ?]

1) Секогаш одбирајте ги скалите пред лифтот

Во вашето движење во текот на денот, речиси сигурно ќе се најдете во ситуација да се движите по скали. Искоритете ги скалите да потрошите дополнителни калории. Само 10 минути споро одење по скали троши 100 калории. Во текот на целиот ден не е толку тешко да се ,,насоберат” овие 10 минути. Користете ги скалите во зградата, скалите на работа, училиште и било кое друго место каде што се движите. Секојдневното качување и симнување по скали делува и на зајакнување на мускулатурата од долниот дел од телото.

2) Направете ,,генералка или средете си го бирото, кујната, собата

Ако немате план да излегувате од дома или да пешачите до работа, имајте на ум дека можете да согорите и повеќе од 100 калории со само половина час средување низ домот.

3) Бидете повеќе на нозе

Денешниот ритам на живот подразбира сè повеќе седење. Не само што седењето не троши калории, туку може да делува и на вкочанетост и да ви ги зголеми хроничните болките. Ако имате канцелариска работа или било кој тип на секојдневни активности кои подразбираат долго седење, практикувајте станување на пример на секој половина час. Имајте на ум дека со секои 10 минути стоење, трошите 10 калории плус во однос на седењето.

Ако е можно некои средби или работни состаноци да ги изведете низ прошетка,направете го тоа.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? Веројатно е лошо исто колку и пушењето!]

4) Практикувајте лесни, но интересни активности

Тие не само што ќе ви потрошат плус калории, туку можат да ви делуваат и како релакирачки ритуали. На пример, скокање на јаже, играње пинг-понг, столен фудбал итн. За само 15-тина минути поминати во вакви активности, ќе согорите повеќе од 100 калории.

5) Правете вежби за истегнување

Овие вежби правете ги редовно пред секоја физичка активност, но можете да ги правите и без потоа да имате поинтензивна активност.

Редовното истегнување не само што ќе ви помогне да ги опуштите мускулите и ќе превенира од спортски повреди, туку ќе ве направи порелаксирани, ќе ви го подобри сонот, ќе ви ги олесни болките во зглобовите, а дополнително на сето ова ќе потрошите и калории. За 30 минути релаксирачко истегнување, се трошат околу 100 калории. На интернет можете да најдете најразлични погодни вежби за истегнување. Изберете ги оние кои вам најмногу ви одговараат.

6) Средете ја градината

Ако имате двор, за вас секогаш може да се најде некаква работа. Ако имате услови, можете на пример да си засадете домашен зеленчук или цвеќиња. Нивното одржување постојано ќе ви ,,дава работа”. Не само што ова ќе ви обезбеди здрава храна, ќе ви го намали стресот и ќе ви создаде задоволство, туку ќе ви потроши и доста калории. На секој 20 минути работа, ќе потрошите речиси 100 калории.

7) Играјте некаква игра со вашите најмили

Ако имате деца во домот, тие никогаш нема да одбијат малку играње со топка или фризби, на пример. За само 15 минути играње некаква детска игра, можете да потрошите 100 калории, но поважно е што преку играта уште повеќе ќе се зближите со вашите најмили-децата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор