fbpx

7 најчести причини за нередовен циклус

tonus

Менструалниот циклус се смета од првиот ден на последниот период, до почетокот на следниот. Тој е нарушен или неправилен ако трае подолго од 35 денови или ако варира постојано. Нормалниот циклус трае 28 денови – некој ден порано или подоцна.

Неправилните менструални циклуси можат да бидат причинети од најразлични фактори, помеѓу кои и посериозни здравствени проблеми. Затоа, ваквиот проблем треба да се искомуницира со лекарот кој ве следи.

Во продолжение, 7 најчести можни причини за нарушување на циклусот и нивни симптоми.

"“Online”/

1) Бременост

Бременоста е можеби најдобро познатата причина за губење на циклусот, но далеку од тоа дека таа е и единствената. Доколку бременоста го предизвикува прекинувањето на менстуралниот циклус, можни се и други симптоми, како:

утринска мачнина
▫ гадење и повраќање
▫ чувствителност на мириси и вкусови
▫ замор
▫ пецкање во градите

Ако циклусот ви доцни или сте забележале некакви промени во врска со него, а претходно сте имале секс, особено незаштитен, можно е да се работи за бременост. Во аптеките постојат едноставни тестови за утврдувњае на бременост, но можеби е најдобро во ваква ситуација да се обратите на вашиот матичен гинеколог за најсигурно утврдување на состојбата.

2) Синдром на полицистични јајници

Нередовните циклуси често се знак за синдромот на полицистични јајници. Ако го имате овој синдром, покрај доцнењето на циклусите, можни се пообилни крварење за време на периодот.

Симптомите на синдромот на полицистични јајници, можат да вклучат и гојазност, губење на косата, зголемена влакнтост на лицето и телото итн. Повеќе околу СПЈ и животниот стил прочитајте тука.

3) Перименопауза

Перименопаузата претставува транзициониот период кон менопауза. Тој вообичаено почнува во 40-тите години, но може да се појави и порано. Промените во циклусите (пократки или подолги од вообичаено) се должат на поголемите промени во нивоата на естроген во овој период.

Други симптоми: жешки бранови, потење во ноќта, промени во расположението, нарушен сон, вагинална сувост, намалена сексуална желба итн.

Повеќе околу нехормонското третирање на жешките бранови, прочитајте тука.

4) Одредени проблеми со тироидната жлезда

Една студија од 2015 година утврдува дека дури 44% од испитаничките со нарушувања во менструалниот циклус, имале и некакви тироидни нарушувања.

Хипотироидизмот или помалку активната тироидна жлезда, може да предизвика потешки периоди – повеќе и подолготрајни менстурални болки и грчеви. Исто така, можни се чувство на замор, сензитивност на ладно, покачена телесна тежина итн.

Дознајте повеќе околу тироидните нарушувања (хипо и хипертироидизам) и дали ви е потребен тест на тироидната жлезда на следниот линк: Кога ви е потребен тест за тироидна жлезда?

 

5) Ендометриоза

Ендометриозата е состојба при која ткивата што во нормални услови ја прекриваат матката, почнуваат да растат надвор од неа. Ова заболување може да предизвика навистина остри болки, посилни дури и од менстуралните грчеви.

Ендометриозата исто така предизвикува обилни крварења, доцнење на менструалниот циклус и крварења помеѓу периодите.

Други симптоми: стомачни болки, болки при и по сексуалниот однос, неплодност итн.

6) Гојазност

 

Прекумерната телесна тежина е добро позната причина за нередовен менстурален циклус. Истражувањата покажуваат дека гојазноста делува на нивото на хормонот инсулин, што се одразува негативно врз циклусот.

Наглото покачување на телесната тежина, исто така може да доведе до нерегуларен циклус. Ваквото нагло зголемување често е причинето од синдромот на полицистични јајници и хипотироидизмот, кои веќе ги споменавме како ризик-фактори.

7) Стрес

Студиите покажуваат дека стресот може да го наруши менструалниот циклус преку времено попречување на правилното функционирање на делот од мозокот задолжен за хормонска регулација на менструацијата. За среќа, со справувањето со стресот, би требало и циклусите да се вратат во нормала.

Нешто повеќе за стресот и справувањето со него, прочитајте тука.

Дополнителни можни предизвикувачи на нерегуларен менстурален циклус:

Одредени типови на малигни заболувања на половите органи

Некои типови на медикаменти – хормонска контрацепција, хормонска терапија, лекови за епилепсија, антидепресиви, аспирин, тироидни медикаменти, хемотерапија итн.

Преголем физички напор – најчесто кај спортистките.

Неухранетостпремала телесна тежина.

Миом на матка

Доење – пролактинот е хормон одговорен за продукцијата на млеко кај мајките. Овој хормон делуваа супресирачки на репродуктивните хормони, што може да резултира со целосно немање на периоди.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор