fbpx

8 придобивки од возењето ВЕЛОСИПЕД

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Веројатно веќе знаете дека возењето велосипед е добро за вашето здравје – во најмала рака било каква физичка активност е подобра од никаква, нели?

Но, дали сте знаеле дека возењето велосипед нуди и повеќе дополнителни бенефити за здравјето, покрај физичката кондиција.

Според одредени студии, се препорачува околу 2 ипол часа неделно практикување на оваа умерена физичка активност, но сé плус над ова нуди плус корисни својства.

"“Online”/

Во продолжение, што се случува со телото додека возите велосипед и 8 најзначајни придобивки од велосипедирањето:


1) Возењето велосипед е добро за здравјето на срцето

Една неодамнешна студија објавена во Medicine & Science in Sports & Exercise, ги следела активностите на над 1500 волонтери. Оние кои биле активни секојдневно, имале за 31% помала веројатност од развивање хипертензија(висок крвен притисок).

Возењето велосипед го зајакнува срцевиот мускул, го намалува пулсот при мирување и ги намалува маснотиите во крвта. Данска студија која траела 14 години за испитаници имала над 30 илјади луѓе, на возраст од 20 до 93 години. Генералниот заклучок на студијата бил дека велосипедирањето дефинитивно заштитува од повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Fibro Gel

2) Умерена активност која е добра за зглобовите

Возењето велосипед е умерена активност која е лесна за зглобовите. Со седнувањето на велосипед, тежината ја ,,предаваме” главно на седиштето, додека при пешачењето и трчањето особено, тежината оди на нозете.

Експертите од областа на ортопедијата ја препорачуваат оваа активност за оние кои имаат некакви проблеми со зглобовите.

3) Велосипедирањето ги гради и затегнува мускулите

При возењето, во фазата на активно притискање врз педалите се употребуваат скоро сите мускули на нозете, а особено глутеусот од задникот, квадрицепсот од бутовите и мускулите на листовите. Во кратките одмори помеѓу вртењето се употребуваат тетивите зад коленото и оние кај бутовите и флексор мускулите на предниот дел од колковите.

Дополнително, се користат и абдоминалните, односно стомачните мускули за одржување на рамнотежа, а мускулите на рацете за контролирање на велосипедот.

4) Велосипедот е најеколошкото превозно средство

Секако, велосипедот се движи со нашата енергија, а не со онаа од некакви фосилни горива кои во атмосферата емитуваат стакленички гасови. Тоа го прави идеална замена за автомобилите и градскиот јавен транспорт. Освен тоа, гужвите кои се формираат во одреден период од денот, лесно можат да бидат избегнати со велосипедот.

Тоа е уште една причина плус да возиме велосипед секогаш кога тоа е можно, а најдобро би било тоа да ни стане рутина, на пример да одиме на работа/факултет/пазар со него,  да стане дел од нашето секојдневието.

5) Помага при процесот на слабеење

Освен што не троши енергија која е штетна за околината, велосипедот ја троши нашата енергија која често ја имаме во вишок. Возењето велосипед се смета за умерена активност, а студиите покажуваат дека умерените активности делуваат подобро во однос на топењето маснотии, од поинтензивните физички активности.

Градењето на мускулите, што исто така се поттикнува со честото користење велосипед, исто така овозможува полесно согорување на калориите, дури и кога одмараме.

6) Активност која го подобрува балансот и координацијата

При возењето неопходно е постојаното држење на баланс, односно позиционираност и координација. Балансот се намалува со текот на стареењето и со неактивноста, па затоа оваа умерена активност е идална за негово задржување и во подоцнежните години, кога е многу важно заради избегнувањето на скршеници.

7) Подобрено ментално здравје

Возењето велосипед може да ги ублажи чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Фокусирањето на патот додека возиме ни помага во развивањето на концентрација и свесност за сегашниот миг. Ова може да помогне да се оттргне фокусот од непријатните мисли и чувства.

Ако се чувствувате летаргично и без волја, обидете се да поминете некој километар со велосипед. Физичката активност предизвикува лачење на ендрофини, хормони кои помагаат да се чувствувате добро и да се намали стресот.

8) Одлична вежба за почетници

 

Возењето велосипед е умерена активност која не бара посебна физичка спремност. Тоа ја прави оваа активност погодна за секого – постари лица, деца, лица кои се опоравуваат од некакви оперативни зафати, хронично болни итн.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X