fbpx

8 извонредно важни тестови кај ДИЈАБЕТЕС

tonus

Дијабетесот бара дисциплина. Колку помалку има дисциплина – толку повеќе растат ризиците од мошне сериозни компликации! Дијабетесот бара:

  • Дисциплина во исхраната,
  • Дисциплина во физичката активност,
  • Дисциплина во земањето терапија,
  • Дисциплина во редовните тестови и контроли!

  Ако не се прават редовните тестови – многу поверојатно е да не можете да реагирате навремено и да се соочите со некоја од последиците: слепило, откажување на бубрезите, ампутација на нога, срцев или мозочен удар! Затоа, изворедно е важно да се прават следните тестови:  

  1. Гликолизиран хемоглобин. Овој тест е основа на следењето на состојбата кај пациентот. Барем 2 пати во годината, според Американската Асоцијација за Дијабет.
  1. Редовно мерење крвен притисок. Покачениот крвен притисок е секако опасен, но особено е опасен кај пациенти со дијабет. Мора да го мерите и мора го ставите под контрола.
  1. Холестерол во крвта. Најголем дел од фаталните случаи кај дијабет се токму од кардиоваскуларните болести. Знаејќи ја оваа статистика, холестеролот не смее да ја надмине горната граница кај дијабетичари.
  1. Проверка на стапалата. И самите редовно одржувајте хигиена, секојдневно, и следете ја состојбата на стапалата. Користете само удобни обувки. И при најмала раничка – веднаш на лекар.
  1. Контроли на очите. Вашиот лекар ќе ве упати на редовни годишни контроли на очите, практикувајте ги бидејќи може да ви го спасат видот.
  1. Тест за бубрежната функција. Соодносот на албумин и креатинин е исто така еден од важните тестови за работата на бубрезите. Не го заборавајте овој тест. Бубрезите не даваат предупредувачки знаци, пред да биде предоцна!
  1. Прегледа кај стоматолог. Ако се појават оштетувања на жлебнината, можно е да се накалемат инфекции. Зада не дојде до тоа, водете редовна лична хигиена на забите и одете на стоматолог.
  1. ЕКГ. Можноста од нарушено здравје на срцето е релативно голема кај пациентите со дијабетес. Особено над 50 годишна возраст – работата на срцето мора редовно да се следи.

  Ова се тестовите кои треба да ги правите. Се разбира, ова не е вистинска превенција, туку т.н. секундарна превенција. Вистинската превенција е ако водите здрав животен стил! 

"“Online”/
Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор