fbpx

Aнксиозноста и спиењето – запоставена врска

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Се смета дека околу 3,6% од светската популација страда од анксиозност. Во САД, оваа бројка е уште позагрижувачка и се проценува дека 18% од населението страда од анксиозност.

Науката сè повеќе се занимава, односно ја проучува анксиозноста и ефектите што таа може да ги има врз нашето секојдневие. Меѓу другото, се смета дека анксиозноста сериозно влијае и на спиењето.

Бидејќи сè повеќе од луѓето, а особено младите, искусуваат анксиозност,  тоа може да доведе до значајни проблеми со спиењето. Доколку сме имале стресен и тежок ден, сите сме забележале колку е потешко да заспиеме подоцна во ноќта. Ако воопшто успееме да заспиеме, сонот е неквалитетен, често се будиме и не влегуваме во т.н „длабок сон“. Ова е нормална и честа појава на проблеми со заспивањето и директно е поврзана со анксиозноста.

"“Online”/

 

Што е анксиозноста и зошто настанува?

 

Анксиозноста може најлесно да се опише како чувство на грижа, неспокој, напнатост и вознемиреност. Тоа претставува нормална емотивна состојба кај луѓето, а најчесто е асоцирана со ситуации што мозокот ги доживува како закана или опасност. Ваквата појава е нормална при доживување на некои стресни ситуации (губење на работата, несреќен случај, расправии и сл.) Таа може да има значително влијание врз нашето здравје, расположение и психичка благосостојба.

[Поврзано: Како анксиозноста го попречува слабеењето?]

Зошто точно доаѓа до појава на анксиозност и зошто таа некогаш преоѓа во растројство, науката сè уште не дала поконкретен одговор. Се смета дека не постои една, единствена причина за анксиозност, туку станува збор за повеќе фактори кои се во игра (генетика, претходни стресни ситуации, семејна историја поврзана со анксиозноста и сл.)

Важно е да се разграничи разликата помеѓу анскиозност и анксиозно растројство. Како што рековме, анскиозноста е нормална човекова реакција на дадена стресна ситуација. Кога ваквата реакција преминува во растројство, стресот и стравувањата се прекумерни и не соодвестуваат на ситуацијата, а состојбата влијае и спречува нормално секојдневно функционирање. Физички, луѓето може да чувствуваат згрчени и стегнати мускули, забрзано дишење и срцебиење, потење, тресење и сл. Очигледно е дека ваквата состојба може сериозно да влијае и врз спиењето.

 

Која е врската меѓу спиењето и анксиозноста?

 

Првото логично прашање би било дали анксиозноста го нарушува сонот или веќе нарушениот сон предизвикува анксиозност? Може да се каже дека и двете опции се точни и си влијаат меѓусебно. Очекувано, анксиозноста ни го отежнува спиењето, а недостатокот на сон и имањето лоша „хигиена на спиење“ може да допринесе кон појавата на анксиозно растројство.

Истражувањата покажуваат дека честа, хронична вознемиреност и напнатост, се главните фактори позади појавата на несоницаата. Друго истражување покажува дека луѓето со анксиозно растројство кои често се дополнително изложени на стрес, имаат поголеми шанси за нарушувања поврзани со спиењето.

Кога не можеме да заспиеме ние си создаваме дополнително стрес, што всушност може да прерасне во еден вид на анксиозност. Ваквата т.н исчекувачка анксиозност може да се јави кога се приближува времето за спиење и самото тоа да ни претставува стресна ситуација.

Едно интересно истражување ја покажува врската меѓу анксиозното растројство и промени во циклусите на спиењето. Имено, спиењето протекува во повеќе фази, а се смета дека анксиозноста најмногу влијае врз последната фаза или т.н REM фаза од сонот. Во оваа фаза вообичаено се јавуваат соништата и токму поради тоа, кај лицата со анксиозно растројство, ваквата фаза најчесто предизвикувала кошмари. Кошмарите можат дополнително да  предизвикаат стрес и да го отежнат процесот на заспивање.

Постојат силни докази дека проблемите со спиење не се само симптом на анксиозност. Недостатокот од сон вушност може да го поттикне и влоши анксиозното растројство. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се склони кон анксиозност се особено чувствителни на ефектите од недоволно сон.

 

Недостатокот од сон, анксиозноста и расположението

 

Дефицитот на сон исто така е поврзан со нашето расположение и емоционално здравје, а тоа директно влијае и врз анксиозноста. Ваквиот сооднос значи дека овие три елементи можат меѓусебно негативно да си влијаат. Стресот и грижите предизвикуваат лош и неквалитетен сон, што допринесува кон влошено расположение и анксиозност, а тоа дополнително ќе создаде потешкотии со спиењето.

Депресијата исто така се асоцира со негативен ефект врз спиењето. Кај луѓето со депресија и анксиозност, доаѓа до дополнителни компликации и проблеми поврзани со сонот.

Некои студии го поврзуваат недостатокот од сон со нарушени функции во делот од мозокот каде се процесираат и регулираат емоциите. Ова може да се смета како причина зошто некои луѓе со анксиозно растројство чувствуваат силна и ненадејна доза на непријатност и стрес веднаш по будењето од лошо преспиена ноќ. Ваквиот неквалитетен сон го става нашиот мозок во „дефанзивна“ состојба и поттикнува зголемени количества на стрес хормонот – кортизол. Овој хормон се смета дека е причината за таквата зголемена доза на анксиозност во утринските часови.

 

Како до помала анксиозност и подобар сон?

 

И покрај тоа што ефектите од анксиозното растројство се многубројни и значајни, ваквата состојба е една од најлесно излечивите ментални состојби. Ова не значи дека тоа е лесно да се постигне, но постојат бројни терапии и лекувања кои можат да помогнат.

Секој што има подолготрајна и ,,поинтензивна” анксиозност, како и проблеми поврзани со спиењето, треба да се консултира и разговара со доктор. Терапии, промени во животниот стил и лекарства се дел од методите кои може да се покажат како корисни во справувањето со анксиозноста.

 

Когнитивно – бихевиорална  терапија

 

Ова е честа терапија што се применува кај луѓето со анксиозно растројство. Ваквата терапија вклучува разговор со цел пренасочување и промена на негативните мисли, а истата се покажала доста успешна во намалувањето на анксиозноста. Студии покажуваат дека ваквата терапија често може да ја намали анксиозноста и кај луѓето со несоница. Справувањето и барањето на решение за анксиозноста се покажало како прв и одличен чекор кон подобар сон.

 

Промени во начинот на живот кои може да делуваат позитивно врз анксиозноста и сонот

 

Постојат навистина многу фактори што се во наша контрола, а може поволно да влијаат врз анксиозноста која ја чувствуваме.

 

  • Практикувајте вежби за релаксација – вежбите за дишење и опуштање на телото се особено корисни во овој поглед. Некогаш тие се и дел од претходно споменатата когнитивно – однесувачка терапија, а нивното релаксирачко и анти-стрес дејство е научно потврдено. За правилното дишење имаме пишувано во претходна статија и истата може да ја прочитате доколку кликнете тука.

 

  • Бидете физички активни – во бројни наврати ги потенцираме придобивките од физичката активност. Намалување на стресот и лачење на ендорфини – хормони кои делуваат позитивно врз нашето расположение, се токму некои од причините зошто вежбањето е добро против анксиозноста.

 

  • Разговарајте почесто со пријател, член од семејството или стручно лице – ова може значително да помогне во справувањето со анксиозноста и со стресот. Луѓето околу вас може да ви се голема поддршка и не плашете се од барањето на помош.

 

 

За подобар сон:

Fibro Gel

 

  • Издвојте 7-9 часа за сон секоја ноќ и обидете се да се придржувате до одреден распоред на спиење

 

  • Обезбедете си релаксирачка рутина пред спиењето. Обидете се да спиете во темна, ладна и тивка просторија

 

  • Избегнувајте го кафето, алкохолот, храна богата со шеќери. Исто така, избегнувајте ги и електронските уреди. Наместо тоа, обидете се и читајте книга или слушајте тивка, релаксирачка музика.

 

  • Игнорирајте често погледнување кон часовникот, бидејќи ова може да ви предизвикува стрес при заспивањето.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X