fbpx

A ШЕЌЕРОТ ВО ОВОШЈЕТО?

tonus

Сите сме чуле дека „шеќерите се штетни”.  Но, дали и шеќерите присутни во овошјето (фруктоза) се штетни исто така? Разликата ја прави природната „опаковка” со која доаѓа фруктозата од овошјето. Имено, фруктозата во овошјето не постои во чиста форма, само по себе, туку е комбинирана со растителни влакна, антиоксиданси, и фитонутриенти кои ги поништуваат евентуалните несакани ефекти од внесто на чиста фруктоза. Така спакуваната фруктоза, во природна форма, не е штетна. Како го провериле овој ефект научниците? Во научна студија, на една група испитаници им била дадена чаша вода со три лажици шеќер, а на друга група им биле дадени покрај водата и трите лажици шеќер И мелено овошје. Во првата група имало значителен скок на шеќерот во крвта. Во втората група, со додаденото овошје, тоа не се случило. Дополнително, научниците утврдиле дека мало парче овошје изедено пред оброк, помага да не се покачи многу високо нивото на шеќерот после оброкот. Овошјето, освен лубеницата и грозјето, во многу студии покажало позитивни ефекти врз нивото на шеќер, дури и кај луѓе со дијабет. Редовната употреба на овошје, добро измиено во солена вода, очигледно е од корист за целокупната популација.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор