fbpx

НОВА СТУДИЈА – Два типа на храна се најголем ризик за појава на АКНИТЕ!

tonus

Најразличните кожни проблеми измачуваат многумина од највозрасните до најмладите генерации. На пример, тинејџерите многу често имаат проблеми со здодевните акни или различни типови на мозолчиња (состојби кои можат да бидат предизвикани од низа различни фактори).

Заради овие причини, секојдневно на различните медиумски простори (телевизија, социјални мрежи) сме бомбардирани со разни маркетиншки понуди за најразлични козметички препарати кои нѝ ветуваат неизбежен успех. Затоа, понекогаш е навистина тешко да се препознае што точно ѝ е потребно на кожата за да има оптимално здравје.

Исто така, постојано слушаме дека акните се директно поврзани со нашиот начин на исхрана. Колку пати сте слушнале: ,,Немој да јадеш благо, чипс или немој да пиеш алкохол, ќе имаш проблеми со акните.”
Во продолжение нешто повеќе токму на оваа тема.

"“Online”/

Како и дали начинот на исхрана што го имаме е поврзан со акните?

Едно пообемно истражување, објавено во JAMA Dermatology, ни дава добар увид, со научна основа, во однос на поврзноста помеѓу навиките за исхрана и акните на кожата. Студијата анализира податоци за над 24 илјади испитаници поделени во три групи: без историја на акни, со историја со акни и група која во моментот има проблем со акните.

Следени биле нивните навики за исхрана во период од 8 месеци, поточно внесуваната количина, нутритивната вредност и распоредот на оброците. Во предид биле земени и варијаблите како години, образование, ниво на физичка активност итн.

Тип на храна која во голема мера го зголемува ризикот од појава на акни!

Она што научниците го заклучиле било: постојат силни индикации за значителна поврзаност помеѓу појавата на акните и консумацијата на многу масни и продукти кои изобилуваат со шеќери. Поконкретно, во главно, станува збор за: газирани пијалоци, млеко, масни млечни производи, храна богата со празни калории, односно прости, додадени шеќери и заситени маснотии.

[Поврзано: Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се толку опасни?]

Веќе добро ни е познато дека храната, односно начинот на исхрана е многу важен фактор за генералното здравје, впрочем таа е многу важна за срцевото здравје, ендокриниот систем итн. Затоа, ваквите податоци не се некакво изненадување, всушност и самите искуства можат да ни укажат на тоа.

Сепак, како и за се’ во медицината, постојат и повеќе други фактори на влијание. Имено, во студијата се вели дека исхраната е далеку од единствен фактор кој води кон појава на акни, а се наведуваат и нејзините недостатоци, односно ограничувачки фактори.

Што можеме да извлечеме како заклучок?

Како други фактори се вбројуваат и нивото на стрес, другите животни навики и секако неизбежната генетика. Она што е важно според истражувачите, лицата што имаат вродена склоност спрема акните треба да бидат посебно внимателни со својата исхрана која што може да биде силен ,,тригер” за појава на (дополнителни) акни.

Другиот важен заклучок е дека кај некои луѓе исхраната може да биде и целосното решение на акните! Такви примери се забележани кај луѓето што се откажале од млекото, млечните производи и шеќерната храна.

[Поврзано: 10 важни совети за кожа без акни!]  

ИЗВОР:

Association Between Adult Acne and Dietary BehaviorsFindings From the NutriNet-Santé Prospective Cohort Study

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор