fbpx

ОСТАНЕТЕ дома! АКТИВНИ дома!

tonus

По доаѓањето на корона вирусот и кај нас и по прогласувањето на пандемија од страна на СЗО, нашите здравствени власти превземаат сè порадикални мерки.  Кафулињата и другите угостителски објекти ќе работат со скратено работно време. Излегувањета се препорачуваат само за навистина неодложни работи. Сите овие мерки се насочени за да се стави под контрола ширењето на вирусот, додека сме сè уште во фаза која може да се контролира.

Така, ослободувањата од училиште и од работа не значат само платен одмор! И не значи дека треба да се движиме и одиме по настани заедно со нашите деца.

Можеби сите овие мерки изгледаат престроги, но накратко, зошто е ова важно?

Ширењето на вирусот мора да биде ставено под контрола. Знаеме дека вирусот е речиси безопасен по животот на луѓето под 50 години, но претставува сериозна опасност за повозрасните. Иако смртноста не е многу повисока од сезонскиот грип, опасноста се состои во тоа што се уште немаме третман за ова заразно заболување и во поставеноста на здравствениот систем кој е дизајниран за хронични незаразни заболувања.

"“Online”/

Според тоа, доколку ова заразно заболување се прошири на илјадници луѓе, малиот процент на критични пациенти (само неколку проценти) може да се брои во повеќе стотици, па и илјадници!
Што ќе значи тоа? Модерните здравствени установи нема да бидат во можност да им пружат интензивна помош на сите оние на кои ќе им биде потребна. Не смееме да се доведеме во ситуацијата на Италија, која иако има современо здравство сепак е во ситуација да избира чиј живот ќе биде спасен!

Затоа, иако овој вирус не е опасен за огромниот број од населението, сепак сите до еден треба да бидеме внимателни, за самите ние да не станеме негови преносители. Треба да останеме дома овие 14 дена и да ги почитуваме строго сегашните препораки од здравствените власти, како и да следиме кои ќе бидат новите.

Заради овие причини (и заради тоа што повеќето тренинзи се откажуваат) во текстов ќе ви дадеме неколку предлози како на здрав начин да го поминете времето во своите домови.

Зошто е важно да сме постојано активни?

Редовната физичка активност дава огромни корисни ефекти. Покрај намалувањето на ризикот од дебелината и дијабетот, го намалува ризикот од различни кардиоваскуларни заболувања, ги намалува нивоата на холестерол и масти во крвта итн. Овие хронични заболувања се главна причина за смртноста ширум светот.

Физички активните мажи го намалуваат ризикот за развој на канцер на дебело црево, а исто така физичката активност може да делува на намалување на ризикот од канцер на простата. Физички неактивните мажи имаат за 40% поголеми шанси за развивање на еректилна дисфункција, во однос на оние активните.

Освен позитивно дејство во спречувањето на некои сериозни заболувања, физичката активност ни обезбедува цврста мускулатура и чувство на енергичност. Ова е важно за сите генерации, но може да биде од особена важност за постарите лица, кои највеќе можат да ја почувствуваат разликата.

Друг корисен ефект на редовната физичка активност е намалувањето на чувството на депресија и анксиозност.

Активности кои можат да ги прават возрасните во домашни услови

– Возење на статичен велосипед или елиптичен велосипед

Аеробна активност која предизвикува забрзана работа на срцето, ја подобрува вашата кондиција, здравјето на срцето, го намалува крвниот притисок и стресот и ги зајакнува мускулите, особено на нозете.

Други корисни ефекти од возењето се:
трошење калории, се трошат масните
резерви, помал напор за
зглобовите за разлика од некои други
активности, го подобрува балансот,
може да помогне при опоравувањето
од повреди итн.

Ленти за трчање

Позитивните ефекти се доста слични како и на претхоните 2
машини. Постојат и различни брзини со кои можат да се
движат лентите, па така оваа направа за трчање може да ви
помогне да согорите и повеќе калории отколку статичните
велосипеди.

Затоа, доколку ги имате купено овие направи и некаде заборавено, сега е моментот да ги искористите.

Различни видови на склекови и вежби за истегнување

Доколку во домот ги немате справите кои претходно ги споменавме, не значи дека нема да можете да бидете физички активни. На интернет просторот постојат различни видеа со најразлични типови на склекови, сквотови и вежби за истегнување. Бенефитите на овие вежби за разлика од т.н. кардио вежби од претходно главно се состојат во зацврстување на мускулите, зголемување на нивната функционалноста и нивно истегнување. Значајно е тоа што со склековите се активираат голем дел од мускулите, не само неколку. Ова особено важи ако практикувате различни типови на склекови.

Преку зацврстувањето и зголемената флексибилност, обезбедуваме намален ризик за понатамошни повреди кои знаат често да се случат.

Склековите и сличните вежби, со активирањето на голем дел од мускулите, предизвикуваат побрза работа на срцето кое треба преку крвта да обезбеди доволно кислород за мусклуните ткива. На овој начин, освен зацврстувањето на мускулите, трошиме и одредена количина на енергија, односно калории.

Првичните истражувања на темата даваат информации дека ваквиот тип на вежби помага и во обезбедувањето на хормонски баланс и кај мажите и кај жените.

За предност на овие вежби може да се смета и заштедувањето на време и пари.

Полежерни активности и активности за анимирање на децата

– Јога
Техниките за дишење кои се употребуваат во јогата можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и регулирањето на стресниот одговор на организмот и анксиозноста.

Вежбите ја стимулираат циркулацијата што води до поголем пренос на кислород до секоја клетка во телото. Истегнувањето, општо, е корисно за лигаментите, доведува до поголема флексибилност и ја ослободува згрченота и болката во целото тело.

Јогата придонесува и за здрав и исправен ‘рбет и ги растегнува сите мускули во грбот, намалувајќи ја болката во сите делови.

– Приготвување здрави оброци

Освен што подготвувањето на храната и собирањето на целото семјество е добро за социјализирањето и зближувањето внатре во семејството, тоа може да биде и создавање навика за здрава исхрана кај децата. Пронајдете убави и здрави рецепти на интернет и потоа обидете се да ги анимирате децата при самата подготовка. Така физичката активност ќе биде неизбежна, и за вас и за децата.

– Анимирајте ги децата со различни активности и игри

Физичката активност е особено значајна за децата, помеѓу другото заради создавање на навика за редовна физичка активност и некаква здрава дисциплина. Во оваа ситуација значајно е да ги задржиме децата во домот или во дворовите (доколку живеете во куќа). Тоа може да го направиме на различни начни. На интернет постојат безброј игри кој подразбираат физичка активност. Само неколку примери : вртење хулахоп, играње со јаже, жмурка, брканица итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор