fbpx

Наизменичното постење помага во превенцијата, но и третирањето на Алцхајмер!

tonus

Повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот страдаат од Алцхајмеровата болест, најчестиот облик на деменција. И покрај екстремно брзото напредување на медицинската наука во последните декади, се’ уште не постои одреден третман за оваа, инаку живото-загрозувачка состојба.

Затоа, фокусот треба да ни биде кон вложувањето во превенцијата. Во повеќе од претходните статии имаме зборувано како самите можеме преку нашите навики значително да влијаеме на превенирањето на  спектарот од овие навистина непријатни заболувања.

[Поврзано: Како животните навики може да бидат ризик за појава на ДЕМЕНЦИЈА]

"“Online”/

Во продолжение, поконкретно околу податоците за наизменичното постење (intermittent fasting) како пристап за заштита од Алцхајмеровата болест, но и надеж во однос на третирањето.

Луѓето живеат се’ подолго, но тоа води и кон соочување со нови проблеми

Просечниот животен век во светски рамки доживува неверојатен пораст во последните неколку декади, па денес просекот изнесува 70 години. Ваквата ситуација наметнува нагласување на проблеми помеѓу населението кои претходно немале таква зачестеност. Помеѓу нив се издвојува деменцијата, посебно Алцхајмеровата болест.

[Поврзано: ‘’Добриот” холестерол го намалува ризикот од АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ]

Алцхајмеровата болест ги зафаќа деловите од мозокот задолжени за контрола на мислењето, меморијата и јазикот. Како причина за појавата се смета зголемениот обем на таложење на протеини во и околу мозочните клетки. Станува збор за протеините наречени амилоид и тау протеини. Првиот создава талози околу клетките, додека вториот прави проблеми во внатрешноста на клетката.

Што вели науката?

Едно поново истражување водено од кинески научници, објавено во познатото списание Nature, ни дава интересни информации. Истражувачите експериментирале со лабораториски глувчиња и увиделе дека наизменичниот пост помага за подобрување на когнитивната функција и состојбата со Алцхајмеровата болест.

Според добиените резултати, се покажало дека наизменичниот пост значително ја подобрува микрофлората, односно поттикнува развој на корисни цревни бактерии, како бактерии од родот Lactobacillus. Ваквите позитивни промени ја подобруваат метаболитичката активност и метаболитичката продукција, вкучително создавањето на цела лепеза корисни амино киселини.

Наизменичното постење помогнало во избегнувањето на насобирањето на амелоид бета и во намалувањето на активноста на глијалните клетки.

Глијалното ткиво ги опкружува и поддржува невроните на централниот нервен систем и заедно со невроните го сочинува ткивото на ЦНС.

Инаку, слични студии на оваа биле спроведувани и во минатото.

Ваквиот ефект можеби е апликативен и кај човекот!?

Со голема брзина постојано пристигнуваат нови и нови научно потврдени информации во однос тоа колку наизменичното постење може да ни помогне за целокупното здравје.

[Поврзано: Наизменичното постење го подобрува и сонот!]

Во исто време, добиваме и се’ повеќе докази дека целокупните животни навики, како редовно вежбање и здрава исхрана, имаат значителен потенцијал да не’ направат поотпорни на деменција.

Според експертите, наизменичното постење има силен потенцијал за спречување на прогресијата на Алцхајмерот, барем преку механизмот цревна флора-микробиом-мозочна акциса. На овој начин, IF претставува и иновативен терапевтски пристап кај пациентите со Алцхајмерова болест.

[Поврзано: Не е мит, мозокот и стомакот се поврзани! На кој начин?]

 

Извор:

Intermittent fasting protects against Alzheimer’s disease in mice by altering metabolism through remodeling of the gut microbiota

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор