fbpx

Како влијае АЛКОХОЛОТ врз функцијата и здравјето на ПАНКРЕАСОТ?

tonus

Многумина можеби го асоцираат алкохолот со негативно влијание главно врз црниот дроб. Но, редовната консумација на алкохол може да влијае негативно на речиси секој орган и ткиво во телото. Во оваа статија ќе зборуваме за влијанието на алкохолот врз здравјето на панкреасот.

 

Како алкохолот влијае на организмот?

Метаболичкиот пат на алкохолот започнува со негова апсорбција во крвотокот преку желудникот и тенкото црево. Црниот дроб е всушност задолжен за неговото метаболизирање и со текот на времето и со помошта на одредени ензими, алкохолот ќе биде претворен до други соединенија. Но, овој процес е релативно бавен, па можно е сепак да остане нематоболизиран алкохол кој ќе циркулира низ крвотокот подолг период. Неговиот целокупен ефект врз човекот ќе зависи од повеќе различни фактори. Имено, главните се – возраст, пол, големина и форма на тело и физичка подготвеност. Но, можеби и поважно е количеството на испиен алкохол, како и временскиот период во кој е тоа испиено. Во периодот потребен за метаболизирање на алкохолот, тој делува на повеќе органи во телото. Неговиот главен ефект е врз мозокот, каде тој блокира одредени сигнали меѓу невроните, со што се јавуваат карактеристичните знаци на пијаност – импулсивност, нарушен говор, лоша меморија, бавни рефлекси, лоша рамнотежа и сл. Покрај мозокот, алкохолот влијае и на дигестивниот систем, црниот дроб, крвотокот, срцето, панкреасот, имуниот систем и др.

 

Како влијае алкохолот врз здравјето на панкреасот?

Консумацијата на алкохол има силна и добро проучена поврзаност со болестите на панкреасот, особено со хроничниот панкреатит и ракот на панкреасот. Доколку алкохолот е редовно консумиран, може да предизвика повторени епизоди на акутен панкреатит, кој со текот на времето може да резултира со хроничен панкреатит. Оваа состојба се карактеризира со постојано воспаление на панкреасот, што доведува до неповратно оштетување и влошување на функцијата.

"“Online”/

Алкохолот се метаболизира во токсични нуспроизводи, како што е ацеталдехидот, а се создаваат и низа други слободни радикали кои го оштетуваат панкреасот. Овие токсични супстанции предизвикуваат директна штета на клетките на панкреасот, предизвикуваат оксидативен стрес и го зголемуваат воспалението. Дополнително, алкохолот влијае на создавањето на панкреасните ензими и ги нарушува нормалните регулаторни механизми, зголемувајќи го ризикот од активирање на ензимот во самиот панкреас. Ова предвремено активирање на дигестивните ензими може да доведе до автодигестија, каде што панкреасот почнува да го „вари“ сопственото ткиво. Исто така, се покажало дека консумирањето алкохол влијае на клетките на каналот на панкреасот, зголемувајќи ја подложноста на блокади на каналите и дополнително придонесува за воспаление и фиброза. Студиите исто така го поврзуваат алкохолот со зголемен ризик од рак на панкреасот, бидејќи хроничното воспаление и клеточното оштетување создаваат средина погодна за малигни клетки. 

Сето ова покажува дека алкохолот не треба да го асоцираме само со оштетувања на црниот дроб, тој е штетен за секој орган и ткиво, а неговите ефекти се силно изразени кај панкреасот – зголемувајќи го ризикот за разни заболувања и компликации. 

 

Поврзано: Одржување на здраво ниво на ШЕЌЕР во крвта го зачувува и здравјето на ПАНКРЕАСОТ!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор