fbpx

Како алкохолот може да придонесе кон зголемување на телесната тежина?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Прекумерната консумација на алкохол не може да се смета само за лоша навика, слабост или отсуство на волја. Според СЗО, алкохолизмот е хронично заболување и се превземаат низа акции за ширење на свесноста и се креираат одредени политики за спречување на негативните ефекти од алкохолот.

Алкохолизмот е сериозен проблем за јавното здравје

 

СЗО го смета алкохолот за психоактивна супстанца со карактеристики што создаваат зависност. Но, алкохолизмот се смета и за социопатолошко нарушување, односно нарушување кое во значителна мера зависи, но и влијае на социјалните односи.

На годишно ниво, алкохолот директно придонесува за 3 милиони загубени животи, но веројатно претставува и причинител на повеќе сериозни здравствени и социјални проблеми на многу повеќе милиони луѓе. Во тие милиони не спаѓаат само директните жртви на алкохолот туку и нивните блиски, од повеќе аспекти. Според проценките на СЗО, алкохолот е директно одоговорен за дури 5% од сите болести, па така тој е значителен терет и за здравствениот систем.

"“Online”/

Значи, алкохолот покрај тоа што е ризик за уживателот, тој е ризик и за неговите блиски- семејно насилство, за здрвстевниот систем (оптеретување кое објективно може да се намали), но ризик и за неговата околина – пијанството е многу честа причина за сообраќајните несреќи.

Многу повеќе околу ризиците и начините за откажување од алкохолната зависност, прочитајте тука.

Во продолжение, повеќе околу една потенцијална опасност од претерување со алкохолот, претерување кое не мора да значи зависност – покачување на телесната тежина.

[Поврзано: ПИВСКИ СТОМАК – Мит или вистина? Зошто е толку опасен?]

Алкохолот и килограмите



Дали пиењето алкохол ќе ви ги покачи килограмите? Одговорот на ова прашање се покажува дека и не е толку едноставен. Постојат студии што го поврзуваат алкохолот со зголемување на тежината, но има и такви што го велат спротивното и такви што не наоѓаат никаква поврзаност.

Истражувачите од фондацијата FARE (фондација за истражување и едукација во врска со алкохолот), спровеле систематска анализа на студиите поврзани со алкохолот и гојазност и ги утврдуваат следните работи:

  • Не е сосема јасно дали консумирањето алкохол е ризик-фактор за зголемување на телесната тежина заради противречноста на повеќето истражувања.
  • Потенцијалната поврзаност на алкохолот и килограмите важи повеќе за мажите, отколку за жените.
  • Постоечките податоци не можат да нè наведат на јасен заклучок дали консумирањето пиво води кон здебелување.
  • Ако постои поврзаност помеѓу пивото и покачената телесна тежина, тоа би било повеќе во врска со маснотиите во пределот на стомакот, отколку со општата телесна тежина.

Истражувачите сугерираат дека е можно да се зголеми тежината од алкохолот, но тоа не е неизбежно.

Дали и колку ќе ја зголемите телесната тежина поради алкохолот, зависи од повеќе фактори, вклучително:

  • односот кон алкохолот:
  • што пиете?
  • колку често пиете?
  • колку пиете во смисла на количество?
  • што јадете по пиењето?
  • Фактори поврзани со вашето тело и вашиот начин на живеење
  • начинот на исхрана што го практикувате во секојдневнието
  • генетскиот фактор
  • полот и возраста
  • нивото на физичка активност
  • општата здравствена состојба и индивидуалните ризик-фактори за гојазност

[Поврзано: ГЕНИ или НАВИКИ?]

Како и да е, како што претходно наведовме, прекумерната употреба на алкохолот има потенцијал да води кон многу посериозни здравствени проблеми, како срцеви заболувања, покачени триглицериди, заболувања на црниот дроб, па дури и малигни заболувања.

[Поврзано: Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што треба да се направи?]

Бремените жени не треба да консумираат алкохол воопшто. Не постојат ,,безбедни” нивоа на алкохол при бременоста.

 

Како алкохолот може да придонесе кон зголемување на телесната тежина?

 

Иако поврзаноста помеѓу алкохолот и гојазноста останува не целосно јасна, експертите велат дека постојат навистина добри причини да сметаме дека алкохолот може во голема мера да придонесе за покачување на килограмите.

Алкохолот има потенцијал да ја зголеми тежината поради тоа што:

Fibro Gel
  • му попречува на телото во согорувањето на маснотиите
  • поседува голема калориска вредност
  • води кон зголемено чувство на глад и го намалува чувството на полн стомак (заситеност)
  • поттикнува избор на нездрава, брза храна со висок вкусов интензитет

[Поврзано: Што всушност претставуваат калориите и колку од нив треба да внесеме во текот на денот за да слабееме?]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор