fbpx

Дали НЕДОСТАТОКОТ НА СОН може да ја влоши и нагласи АНКСИОЗНОСТА?

tonus

Недостатокот од сон често се занемарува и потценува, а главно фокусот паѓа на заморот и намалената енергичност. Но, дефицитот од сон влијае и на мозокот, односно може да го влоши и менталното здравје и расположение. Во продолжение ќе зборуваме за поврзаноста меѓу недостатокот од сон и анксиозноста.

 

Зошто е важен сонот за нашето здравје?

Проценките се дека приближно една третина од нашиот живот ќе го поминеме спиејќи. Тоа значи дека сонот е голем, незаменлив дел од нашиот живот, а тоа е така со причина. Во нашето тело постои внатрешен биолошки часовник или т.н циркадичен ритам. Ваквиот ритам претставува збир на физички и ментални промени, како и промени во однесувањето, кои го следат 24 – часовниот циклус на денот. Овие природни промени во телото главно се придвижувани од светлината, односно од денот и ноќта. При крајот на денот и почетокот на ноќта, телото започнува со лачење на хормонот мелатонин кој нè прави да се чувствуваме поспано и помага при одржување на ваквата поспаност низ целата ноќ. Спиењето е инаку период во кој се одвиваат огромен број на различни регенеративни процеси во организмот. Ткивата заздравуваат, мозокот ги обработува и складира новите информации, а се исфрлаат и сите штетнни, непосакувани продукти. Невроните комуницираат и се реорганизираат, со што се одржува здрава и оптимална функција на мозокот. За време на спиењето се репарираат и нашите мускулни ткива, се создаваат хормони и се обновува нивото на енергија.

Квалитетниот сон во текот на ноќта ни овозможува нормално функционирање наредниот ден, контрола на нашиот метаболизам и телесна тежина, добро расположение, го намалува ризикот за појава на разни заболувања и сл.

"“Online”/

 

Дали недостатокот од сон може да се асоцира со зачестена и влошена анксиозност?

Иако можеби анксиозноста не е навидум првата последица која би ја помислиле од недостаток на сон, таа значително може да е нагласена и влошена при зачестен дефицит од сон. Недостатокот од сон ја нарушува рамнотежата на невротрансмитерите и хормоните на стрес, како што се кортизолот и норепинефринот, кои се главно и комплексно поврзани со одговорот на телото кон стрес. Поконкретно, дефицитот од сон ја засилува активноста во амигдалата, мозочниот регион одговорен за емоционална регулација, што доведува до зголемена емоционална реактивност, надразливост и анксиозност.

Дополнително, недоволно сон се смета дека ја нарушува функцијата на префронталниот кортекс, кој вообичаено делува ги ублажува одговорите на амигдалата, што резултира со намалена емоционална контрола и нагласени последици од стрес. Истражувањата покажауваат дека дури и една ноќ на неквалитетен и недоволен сон може да ја влоши и нагласи анксиозноста и значително да ја наруши способноста за справување со стресот. Хроничниот недостаток од сон дополнително ги комбинира овие ефекти, што доведува до постојана вознемиреност, зголемена подложност на анксиозни нарушувања и појава на еден вид негативен „циклус“ – каде анксиозноста го нарушува сонот, а нарушениот сон дополнително ја влошува и нагласува анксиозноста.

Затоа, квалитетниот сон е клучен за одржување на менталното здравје и ефикасно управување со анксиозноста. Но, менаџирањето на стресот и анксиозноста е исто така клучно и за квалитетен сон, а повеќе на таа тема прочитајте на следниот ЛИНК.

Поврзано: Како да го подобрите сонот?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор